Спорт
Пред Бразил, уште една „техничка директива“ контра Ферари!

Пред стартот на Бразилското ГП овој викенд, Светската автомобилистичка федерација (ФИА) објави нова техничка директива со која би требало да се покријат „сивите зони“ во правилата за моторите, акт што многумина го сметаат за директна забрана на „триковите“ на Ферари, откако имаше слична наредба пред Американското ГП.
Во Тексас, ФИА објави директива за покривање на можната „дупка“ во работата на моторот на ниско гориво, која дозволуваше зголемување на моќта на моторот во одредени моменти. Ова беше реакција на барањето на Ред бул и Мерцедес за легалноста на трикот.
По ова, болидите на Ферари имаа пад во формата на квалификациите и на трката, зголемувајќи ги шпекулациите дека тие ја користеле „дупката“ во правилата, а ривалот Макс Ферстапен директно ги обвини за мамење.
Сега, во средата, според „Ауто мотор унд спорт“, ФИА издала нова регулатива (ТД 38/19), со која се ограничува нелегалното користење на заппалива течност во системот за ладење на моторот, посочувајќи дека течноста не може да биде користена за зголемување на моќноста на моторот. Директивата исто така ги враќа старите услови во правилата со кои се забранува користење на масло за гориво во моторот.
Останува да се види какво влијание ќе има ова правило на формата на Ферари во Сао Пауло.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.