Спорт
Премиерлигашите се согласија да го спречат Њукасл да троши премногу
Клубовите од Премиер лигата ќе мора да ги доставуваат деталите за нивните комерцијални договори за одобрување од нивните ривали откако беа договорени нови правила во најбогатата фудбалска лига на светот како директна реакција на купувањето на Њукасл јунајтед од саудиски инвеститори за 305 милиони фунти и најавите за големо трошење на клубот кому му се заканува испаѓање.
Премиерлигашите почнаа со ковање план за ограничување на трошењето во октомври откако Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија (ПИФ) откупи 80 отсто од Њукасл. Целта е да се спречат газдите да ја прикажуваат финансиската состојба на клубот позитивна со добивање спонзори од придружни елементи, односно Њукасл да добие спонзори за стадионот, дресовите или тренинг-центарот на саудиски бизниси.
За одлуката ваквите договори да одат на процена кај ривалите за да се утврди фер пазарната вредност, гласаа најмалку 14 од 20-те премиерлигаши откако претходно Њукасл гласаше против, а Манчестер сити беше воздржан.
Ова значи дека ќе се воведе специјална независна комисија, која ќе ги проценува сите спонзорски договори, по што бордот на Премиер лигата ќе ги одобрува. Според сегашните правила за финансиски ферплеј, клубот може да направи загуба од 105 милиони фунти во три години пред да биде санкциониран. Според Универзитетот на Ливерпул, Њукасл сега може да потроши 166 милиони фунти во следните три години, но ако ги склучи најавените спонзорски договори од 100 милиони фунти, оваа сума ќе скокне на 200 милиони фунти, со што ќе биде на исто дозволено ниво со Арсенал, Челси и Манчестер јунајтед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

