Спорт
Претседателот на еден од најдобрите африкански клубови уапсен поради трговија со дрога
Претседателот на најуспешниот марокански фудбалски клуб Видад Казабланка, Саид Нацири (45) е приведен во рамките на истрагата за трговија со дрога.
Претседателот на Казабланка се соочува со неколку обвиненија, вклучително и „фалсификување службени документи, поседување и дистрибуција на дрога и употреба на фалсификувани чекови“, изјави за АФП неговиот адвокат.
Истражен судија во Апелациониот суд во Казабланка го обвини Нацири, член на Партијата на автентичност и модерност, либерална партија која учествува во владината коалиција, за перење пари, јавуваат мароканските медиуми.
Истрагата беше покрената по признанието на Малијан Ел Хаџа Ахмед Бен Брахим, нарко бос осуден за трговија со дрога во Мароко, кој го обвини Нацири за криминални активности.
Обвинети се вкупно 25 лица, од кои 21 моментално се во притвор.
Видад Казабланка е најуспешниот фудбалски клуб во Мароко, со 22 титули во националниот шампионат и три пат во африканската Лига на шампиони, последен пат во 2022 година, минатата сезона беше вицешампион на континентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Се чини дека Јокиќ го избегна најлошото
Денвер Нагетс и негвоите навивачи, но и сите вистински кошаркарски фанови можат да здивнат. Неофицијално повредата на Никола Јокиќ не е серизона. За потсетување, лидерот на Денвер и лидер во МВП трката, во НБА лигата, го повреди коленото, во финишот на првото полувреме, против Мајами Хит.
Како што објави „Меридијан Спорт“, повикувајќи се на извори блиски до Денвер, првите индикации се дека станува збор за хиперекстензија и дека не е настаната сериозна штета на коленото..
Истите информации ги објави нешто подцна и „Моцарт спорт“, кој додава дека, најдобриот играл во лигата ќе паузира околу еден месец.
Тие информации се во согласност со првите проценки на лекарите, кои претпоставија дека станува збор за „модринка“ на коската, односно хиперекстензија на коленото.
Соиграчот на Јокиќ, Кам Џонсон, неодамна ја претрпе истата повреда и познато е дека ќе се рехабилитира од четири до шест недели.
Јокиќ утре треба да направи магнетна резонанца, но судејќи според првичните реакции, најдобриот кошаркар на светот требало да избегне подолга пауза.
Јокиќ се повреди на натпреварот против Мајами, а повредата се случи кога соиграчот на Јокиќ, Спенсер Џонс, го удри во долниот дел од ногата и му го повреди левото колено.
Јокиќ се струполи на подот, држејќи го коленото и превиткувајќи се од болка. Веднаш замина во соблекувалната и не се врати на теренот.
Денвер го загуби натпреварот во Мајами со 147:123, а Јокиќ имаше 21 поен, осум асистенции и пет скока до повредата.
This is the play where Nikola Jokic appeared to hurt his leg — hope it is nothing serious. 🙏
pic.twitter.com/XCihk0Fld4 https://t.co/NdTEYkKsbC
— Hoop Central (@TheHoopCentral) December 30, 2025
Foto/ depositphotos
Спорт
ФФМ покрена постапка за финансиска измама против Муамед Сејдини
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, на денешната седница, донесе одлука за покренување дисциплинска постапка пред Дисциплинската комисија на ФФМ против поранешниот претседател на федерацијата, Муамед Сејдини.
Постапката се покренува поради основано сомнение за измама и доведување во заблуда на членовите на Управниот одбор, поврзано со авансната исплата во износ од 700.000 евра кон фирмата-изведувач задолжена за изградба на трибината на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.
Исплатата, согласно достапната документација, била извршена самоиницијативно, спротивно на одлуката на Управниот одбор и спротивно на понудата и надлежностите и без да биде обезбедена банкарска гаранција.
Управниот одбор оценува дека постојат елементи на тешки повреди на службените обврски и делување спротивно на интересите на ФФМ, со што се нанесени негативни последици врз репутацијата и финансиското работење на федерацијата.
– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за формирање ад-хок комисија која ќе спроведе ревизија на едукативниот процес за носителите на тренерски лиценци издадени од Едукативниот центар на ФФМ.
Ревизијата ќе опфати проверка на тоа дали се почитувани роковите, процедурите и критериумите за посетување и учество на едукативните модули, како и постапката за издавање на тренерски лиценци.
Меѓу другото, ќе се испита и начинот на кој поранешниот селектор Игор Ангеловски ја добил својата ПРО лиценца, ревизија која тој самиот ја побара.
Спорт
Бренан Џонсон го напушти Тотенхем
Крилниот напаѓач на Тотенхем, Бренан Џонсон, ќе го напушти клубот, но не и местото на живеење, потврди „Скај Спортс“.
Според овој извор, Тотенхем прифатил понуда вредна 40.000.000 евра, за напаѓачот кој не е во плановите на Томас Франк.
Џонсон оваа сезона одигра само 600 минути во Премиер лигата, најчесто влегувајќи од клупата, постигна два гола, од кои по еден во Лигата на шампионите и Лига купот.
Во споредба со минатата сезона кога одигра дури 51 натпревар во сите натпреварувања и помина над 3.000 минути на теренот, јасно е дека младиот напаѓач не можеше да биде задоволен од својот статус и логично е што реши да си замине.
Тотенхем ја прифати понудата на Кристал Палас од 40.000.000 евра. Договорот ќе биде потпишан кога Џонсон ќе го договорили финансиските услови со Палас.
Оливер Гласнер на тој начин ќе добие големо засилување во нападот, бидејќи Џонсон ќе биде опција покрај Јереми Пино, Исмаила Сара и Енкетија.
Кристал Палас се бори на неколку фронта, а главната цел е да го нападне трофејот во Конференциската лига.
Foto/ depositphotos

