Спорт
Проблем за Ханси Флик, Кристенсен на принудна пауза
Дефанзивецот на Барселона, Андреас Кристенсен ја повреди ахиловата тетива и би можел да паузира два месеци, што е голем удар за тимот на Ханси Флик.
Барселона преку соопштение за медиумите објави дека Данецот има тендинитис без да наведе колку време ќе биде надвор од терените. Сепак, шпанските медиуми пишуваат дека тој би можел да паузира и до два месеци.
Данскиот репрезентативец сигурно ќе ги пропушти натпреварите од Ла Лига против Атлетик Билбао и Џирона, а може да ги пропушти и првите натпревари на Барса во Лигата на шампионите.
Ова е дополнителен проблем за Барселона, бидејќи до ноември поради повреда ќе отсуствува најдобриот дефанзивец Роналд Араухо.
Извесно е дека во последната линија на стоперските позиции, Флик ќе игра со малдиот Пау Кубарси и искусниот Иниго Мартинез.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Раја го спаси Арсенал од пораз во Бергамо
Голманот на Арсенал е еден од играчите кои го обележаа првото коло во Лигата на шампионите.
Арсенал одигра 0:0 во Бергамо против Аталанта. Најзаслужен за освоениот бод е тукму шпанскиот репрезентативец.
Раја се истакна со чудесна одбрана на која и претходеше пенал, во двата наврати ги одбрани ударите на Матео Ретеги.
Напаѓачот на Аталанта имаше шанса да погоди од пенал во 51. минута. Тој шутираше на десната страна на голманот на Арсенал, кој го одбрани ударот, топката се одби до Ретеги но и тој удар Раја го одбрани.
Пред Ретеги да го изведе пеналот, додека ВАР ја прегледуваше целата ситуација, Раја отиде на консултација кај тренерот на голманите на Арсенал и разговараше со него.
Потоа го одбрани пеналот. Раја има четири одбрани од последните осум удари од белата точка.
Спорт
(Видео) Атлетико во 90.минута до триумф над Лајпциг, Барса со играч помалку падна во Момте Карло
Атлетико Мадрид, Монако и дебитантот Брест славеа во првото коло во Лигата на шампионите, додека Аталанта и Арсенал одиграа натпревар без голови. Атлетико, Монако и Брест со идентични 2:1 забележаа победи над Лајпциг, Барселона и Штурм.
На „Сивитас Метрополитано“, Атлетико на погонот на Гризман го победи Лајпциг. Херој е дефанзивецот Хименез кој постигна гол по центаршутот на Гризман во 90.минута.
Претходно Лајпциг ги шокира домашните навивачи беќе во четвртата минута кога Шешко го совлада репрезентативниот колега Облак.
Тоа беше се од Лајпциг на овој натпревар се до 80.минута кога добра шанса имаше Поулсен.
Атлетико доминираше и впечатокот е дека многу порано играчите на Чоло Симеоне можеа да го решат прашањето околу конечниот победник.
Две добри шанси имаа до израмнувачкиот гол (Гризман и Кореа), а во 28.минута Гризман од 11 метри фати полуволеј и ја смести топката зад грбот на Гулаши.
Македонскиот репрезентативец Елмас на теренот влезе во 83.минута на местото на Чави Симонс.
Во Монте Карло, Монако и го нанесе првиот пораз оваа сезона на Барселона. Натпреварот на стадионот „Луј II“ го следеше легендарниот Мајкл Џордан.
Michael Jordan in the house! 🐐#MonacoBarça pic.twitter.com/Ud4ntPfHUO
— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 19, 2024
Работата на домашните им ја олесни Ерик Гарсија кој во 10.минута доби црвен картон. Шест минути подоцна Монако дојде до предност кога Акелијуше го совлада Тер Штеген. Барселона успеа да се врати во натпреварот во 28.минута кога Ламин Јамал соло акцијата ја заврши со гол.
Овој резултат беше активен до 72.минута кога Леникена го искористи совшеното додавње од 50 метри на Вандерсон излезе сам пред Тер Штеген и погоди за 2:1.
Брест деби настапот во Лигата на шампионите го заврши со победа. Историскиот прв гол за овој тим во елитното натпреварување го постигна Магнети во 23.минута. Изедначи на истекот на првиот дел Фернадеш кој си постигна авто-гол. Победата на Брест му ја обезбеди Сима во 56.минута.
Спорт
(Видео) Бенфика на турски погон победи во Белград, Баер го декласира Феенорд
Бенфика и Баер Леверкузен со победи стартуваа во новата сезона во Лигата на шампионите.
Бенфика славеше во Белград против Црвена звезда со 2:1, а Леверкузен рутински го порази Феенорд со 4:0.
Црвена звезда ја надигра Бенфика во Белград, но победата ја однесе тимот од Лисабон. Лошите десет минути од почетокот на мечот ја однесоа Црвена звезда во пораз.
Актуркоглу во деветта минута ја искористи бавната реакција на Круниќ. Од тј момент домаќинот притисна, но налетот го одби Кокчу со перфектно изведен слободен удар.
Во вториот дел црвено-белите притискаа, го надиграа и наттрчаа противникот, но успеаја да постигнат само еден гол, во 86.минута кога погоди Милсон.
Германскиот првак Баер Леверкузенза едно полувреме го декласира Феенорд во Ротердам. Два гола постигна Вирц, еден Грималдо, а како шлаг на победата дојде комичниот авто-гол што си го постигна голманот на Феенорд.