Контакт

Спорт

Проблеми за Барса – Меси го пропушта и отворањето на ЛШ?

Објавено пред

Фудбалерот на Барселона, Аргентинецот Лионел Меси, би можел да го пропушти воведниот натпревар во фудбалската Лига на шампионите против Борусија Дортмунд поради повредата на листот на ногата. Меси повредата ја заработи на тест-мечот на Барса со Наполи на подготовките во САД.

Меси, според најавите од Каталонија, сигурно ќе го пропушти и викенд-мечот против Валенсија во Примера.

Аргентинецот сè уште нема настапено на ниеден официјален натпревар сезонава, а поради рехабилитацискиот период, тренира одвоено од екипата. Секојдневно прави прегледи, но засега не се изнесуваат информации кога Меси ќе биде подготвен за настап.

Барса мечот од првото коло од ЛШ против Борусија го игра на 17 овој месец.

Проблем со повреда има и Луис Суарез, кој има повреда на Ахиловата тетива, што ја заработи на дуелот со Атлетико Мадрид.

Уругваецот би можел да биде во составот веќе на мечот против „лилјаците“.

Спорт

Тухел: Нејмар 100 отсто е наш

Објавено пред

Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел, рекол дека очекува уште подобра игра од својот најдобра играч Нејмар, Бразилецот викендов го постигна единствениот гол во 87 минута, во Лион со кој ПСЖ го победи домаќинот.

Нејмар минатата недела се врати во тимот, откако цело лето се поврзуваше со трансфер во Барселона и се рехабилитираше од повредата.

„Може уште подобро и ќе игра подобро. Потребен ни е во својата најдобра форма, особено во кога играме тешки натпревари. Важни ни се фудбалерите што можат да решат натпревар со еден потег“, рекол Тухел.

„Има договор со нас, 100 отсто е наш. Целосно е вклучен во тимот, делува дека е задоволен, се шегува и се смее со соиграчите…“, дополнил тренерот на Пари Сен Жермен.

Екипата на Тухел ја предводи табелата во Франција со 15 бода од шест одиграни натпревари.

Прикажи повеќе...

Спорт

Раџа: Не сакам Вотсоновци и Џонсоновци да играат за Хрватска

Објавено пред

Првиот човек на Кошаркарскиот сојуз на Хрватска, Дино Раѓа, ја отфрлил можноста Американецот Шејн Ларкин да добие хрватски пасош и во иднина да настапува за репрезентацијата на оваа земја.

Играчот на Анадолу Ефес истакнал дека бил подготвен да игра за Хрватска, по што се огласил Раџа.

„Неколку пати реков дека нема да носиме странци во репрезентацијата бидејќи тоа не е во интерес на хрватската кошарка“, рекол Раѓа. „Клубовите мора да почнат да ‘произведуваат’ играчи. Не може да очекувате репрезентацијата да ја подигне кошарката, тоа мора да го направат клубовите. Можам да разберам некој клуб да земе еден или двајца странци за да го подигне квалитетот, но странците што ги носиме не се квалитетни. Не сакам во Хрватска да играат Вотсоновци и Џонсоновци“, рекол Раџа.

Шејн Ларкин станува Хрват?

Прикажи повеќе...

Спорт

Рој Кин: Манчестер Јунајтед ниско паднаа, шокиран сум

Објавено пред

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, упатил критики на сметка на „црвените ѓаволи“ по поразот од Вест Хем (2-00 во шестото коло во Премиер лигата.

Вест Хем само ја продлабочија резултатската криза во која се наоѓаат играчите на менаџерот Оле Гунар Солскјер од почетокот на сезоната. Јунајтед по шест кола имаат осум бода.

„Знаев дека Јунајтед се наоѓаат во лоша позиција, меѓутоа бев шокиран колку беа лоши против Вест Хем. Се беше лошо, немаат квалитет, карактер…“, рекол Кин.

Ирецот дополнил дека не гледал како Јунајтед ќе се извлечат од кризата.

„Ќе биде тоа долг пат. Јунајтед толку ниско падна, тоа е страшно. Минатата сезона играа лошо, а оваа сезона нема никаков напредок, дури и со тројца нови играчи“.

Манчестер Јунајтед во наредното коло, на 30 септември, ќе ги пречекаат Арсенал.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Адвокатот на Мијалков побара специјален обвинител на предметот за масовното прислушување

Адвоктот на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, пред почетокот на денешното судско рочиште за предметот за масовното...

Македонија59 минути

Верушевски се појави во судница, ќе сведочи за масовното прислушување

Ексразузнавачот и актуелен советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, Зоран Верушевски, утрово се појави во Кривичниот суд во Скопје...

Македонија1 час

Осум вонпарламентарни партии со шест барања за Изборниот законик

Осум вонпарламентарни партии – Глас за Македонија, Единствена Македонија, Левица, МААК, Подем, Работничка земјоделска партија, ТМРО и ФРОДЕМ изнесуваат шест...

Македонија2 часа

(Видео) Заев на средба со Могерини: Северна Македонија во октомври очекува позитивна одлука

Премиерот Зоран Заев во Њујорк присуствуваше на вечерата што за шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан...

Регион2 часа

Над 340 земјотреси почувствувани во Албанија

Лажната најава за нов силен земјотрес предизвика паника на улиците на главниот град на Албанија, Тирана, и на Драч. Веста...

Македонија3 часа

Заев на Генералното собрание на ОН, планирана е и средба со Мицотакис

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев од денеска до сабота ќе престојува во Њујорк каде што ќе учествува на...

Македонија3 часа

Боки 13 на распит за „Рекет“

Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на распит денеска треба да биде спроведен првоосомничениот за случајот „Рекет“, Бојан...

Свет3 часа

Јужна Кореја: 26 лица лица повредени во тајфун, над 27 илјади домаќинства останаа без струја

Најмалку 26 лица се повредени во тајфун што ги погоди јужните делови на Јужна Кореја, соопштија официјални лиц. Над 27...

Свет3 часа

Уапсени 53 мигранти на границата меѓу Мексико и САД кои се криеле во приколка

Во Тексас се откриени 53 мигранти кои нелегално ја преминале границата со Мексико криејќи се во приколка. Според американската гранична...

Свет14 часа

Арапските партии го поддржаа Бени Ганц за премиер

Aрапскиот блок во израелскиот Парламент за првпат по 25 години поддржа кандидат за израелски премиер, во овој случај лидерот на...

Спорт17 часа

Вардар со фуриозно второ полувреме преку Порто до првото место

Европскиот шампион Вардар ги надмина проблемите од првото полувреме, во кое неочекувано Порто имаше водство од два гола, за да...

Регион20 часа

По земјотресите во Албанија, многумина сѐ уште стравуваат да се вратат во своите домови

Голем број жители на Тирана и Драч сѐ уште не се враќаат во своите домови по земјотресот со јачина од...

Македонија23 часа

Утре нова средба на работните групи за законот за јавното обвинителство

Работните групи на власта и опозицијата утре ќе одржат нова средба за законот за јавното обвинителство. Средбата што ќе се...

Регион24 часа

Могерини на работна вечера со лидерите од Западен Балкан во Њујорк

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини денеска ќе се состане во Њујорк со лидерите од...

Топ1 ден

Возач почина за време на пробна автомобилска трка, му се слошило и излетал од патеката

Педесет и осумгодишен скопјанец почина за време на одржување на пробни автомобилски трки на патеката на поранешен воен полигон до...

Европа1 ден

Полска ќе евакуира 42.000 граѓани поради бомба тешка 5,5 тони

Властите во северозападниот дел на Полска планираат евакуација на околу 42.000 луѓе откако е пронајдена огромна сеизмичка британска бомба од...

Култура1 ден

Доделени наградите на завршната вечер на фестивалот „Браќа Манаки“

Осум дена, пет локации, 128 филмски наслови создавани низ целата планета од филмски уметници од над 50 земји во светот,...

Македонија2 дена

Јовановски и Јанева повикани на распит во Обвинителството

Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Катица Јанева се повикани на распит во Обвинителството. Првоосомничениот Бојан Јовановски е повикан...

Топ2 дена

Нападнат вработен на Kомплексот клиники „Мајка Тереза“

Вчера во полициската станица бил пријавен физички напад што се случил на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот го пријавил 61-годишен...

Топ2 дена

Фатени двајца крадци кои ограбиле пет маркети во Охрид

МВР соопшти дека поднеле кривични пријави против две лица кои се сомничат за пет кражби во Охрид. Едниот е на...

Досие