Спорт
Просинечки не прости – без Врањеш во репрезентацијата на БиХ поради четничката тетоважа

Селекторот на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки, потврди дека во репрезентацијата веќе ќе нема место за дефанзивецот на Андерлехт, Огњен Врањеш, поради низата скандали – од четничката тетоважа на ногата до секс-скандалот со Јелена Карлеуша.
„Тој сам себе се исфрли од репрезентацијата. Секој репрезентативец на светот, вклучувајќи ги тие на Босна и Херцеговина, мора да се докажува на теренот и надвор од него. Жал ми е, но така е. И Фудбалскиот сојуз реагира. Врањеш влезе во конфликт со навивачите, тука беа тетоважата, аферите. Така тоа не оди. Сите мораме да бидеме подредени на репрезентацијата, и државата и пласманот на Европското првенство. Такви проблеми не се потребни“, вели Просинечки.
Во 2015 година Врањеш на раката ги истетовира границите на Република Српска за што потоа се извини и ја покри тетоважата, но влезе во конфликт со навивачите на БиХ. Во септември 2018 година беше осуден на 8 месеци условна казна за предизвикување навивачко насилство додека беше во АЕК Атина, а истата година беше забележана и неговата тетоважа на четничкиот војвода Момчило Ѓујиќ на десната рака носејќи нови конфликти. Минатиот месец, пак, тој повторно беше во центар на скандал по наводната афера со српската пејачка Карлеуша, која е мажена со фудбалерот Душко Тошиќ. На Просинечки му е доста.
„Да, ќе имаме проблем поради неговото отсуство бидејќи играше многу добро во последниот период. Ќе мораме да најдеме нов десен бек“, додава Просинечки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Влаховиќ го блокира Јувентус

Италијанските медиуми пишуваат за намерата на Душан Влаховиќ да остане во Јувентус, неговиот договор истекува следното лето.
„Corriere della Sera“ пишува дека Влаховиќ го блокира Јувентус, кој сака да го доведе Џонатан Давид во своите редови.
Дејвис би пристигнал како слободен игрч, но ќе добива околу шест милиони евра по сезона.
Влаховиќ, со плата од 12 милиони евра, е „ортома околу вратот“ на клубот од Торино, кој би претпочитал веднаш да го продаде.
Српскиот напаѓач е член на Јувентус од јануари 2022 година, кога пристигна од Фиорентина за 83,5 милиони евра.
Оттогаш, тој одигра 145 натпревари за „Старата дама“ и постигна 58 гола.
Спорт
Жоао Педро во Челзи

Челзи постигна договор со Брајтон и Жоао Педро ќе стане нов играч на „сините“.
Брајтон ќе инкасира 50 милиони фунти, односно околу 60 милиони евра, а 23-годишниот ќе потпише договор откако претходно, во текот на денот ќе ги мине лекарските прегледи.
Минатата сезона, Жоао Педро постигна 10 гола и запиша седум асистенции во 30 настапи во сите натпреварувања, додека сезоната претходно имаше учинок од 20 гола и три асистенции во 40 настапи.
Со трансферот на Педро, Челзи ја заврши целосната реконструкција на напаѓачката линија.
Ова лето, Челзи договори за три трансфери на напаѓачи во вредност од 145 милиони фунти, односно 170 милиони евра. Во клубот пристигнаа покрај Жоао Педро, Лијам Делап и Џејми Гитенс.
Спорт
Клоп: Ливерпул даде премногу пари за Вирц

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека сумата што неговиот поранешен клуб ја инвестираше во трансферот на Флоријан Вирц е претерана.
„Црвените“ го срушија рекордот во Премиер лигата со тоа што платија 116 милиони фунти на Баер Леверкузен за германскиот репрезентативец.
„Без сомнение, тоа е претерана сума, а играчот на Ливерпул знае дека ако работите не одат добро во два или три натпревари… Сите се согласуваме дека зборуваме за одличен играч. Знам дека еднаш реков дека ако платиме 100 милиони евра за играч, ќе си заминам. Но, светот се менува. Тоа е пазарот“, рече Клоп.