Спорт
Првиот Јапонец со европски трофеј се прости од фудбалот на 44 години
																								
												
												
											Јапонскиот фудбалер Шинџи Оно се повлече од спортот на 44-годишна возраст, со што стави крај на легендарната кариера во која стана првиот играч од својата земја што освоил европски трофеј. Оно го започна неделниот натпревар за Хокаидо Консадоле Сапоро против Урава, а потоа доживеа овации во 22. минута.
Оно беше дел од тимот на Фејенорд кој ја победи Борусија Дортмунд во финалето на Купот на УЕФА во 2002 година, кулминација на успешната четиригодишна магија на Јапонецот со холандскиот клуб.
Офанзивниот вешт играч беше дел од пионерскиот бран на јапонски играчи кои ѝ се приклучија на Европа кон крајот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите, заедно со Хидетоши Наката и Казујоши Миура. Наречен гениј, Оно има 56 настапи за јапонската репрезентација, во која дебитираше на 18 години и учествуваше на три светски првенства.
Оно беше прогласен за играч на годината во Азија во 2000 година и исто така играше за клубови во Германија (Хамбург СВ) и Австралија, освојувајќи го локалното првенство со Вестерн Сиднеј Вондерерс во 2013 година. Тој исто така ја освои Џеј-лигата и Лигата на шампионите во Азија со Урава Ред Дајмондс, како и Азискиот куп на нации 2000 година со Јапонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Спорт
Стефано Пиоли доби отказ
														Сопствениците на Фиорентина го отпуштија Стефано Пиоли. „Виолетовите“ со Пиоли на клупата не забележаа ниту една победа во првите 10 рунди во Серија А.
Фиорентина под Пиоли освои само четири поени и се наоѓа на последната позиција на табелата.
Кога пристигна во средината на јули оваа година, потпиша договор до јуни 2028 година, па Фиорентина веројатно скапо ќе ја плати оваа непланирана разделба.
Помеѓу Фиорентина и Милан, кого го водеше 240 пати и го освои италијанското првенство во 2021/22 година, Пиоли имаше и краток престој во Ал-Наср.
Спорт
Спанулис и во иднина ќе ја предводи Грција
														Легендарниот кошаркар, а сега тренер Василис Спанулис, останува селектор на грчката репрезентација. Ова во вторникот официјализираше Кошаркарскиот сојуз на Грнција.
Спанулис им донесе бронза на Грците од овогодинешниот Евробаскет. Тоа беше и првиот медал на Грција на големо натпреварување од 2009 година. Затоа во националниот Сојуз веднаш му понудија нов договор.
Во исто време, легендарниот Грк ќе продолжи да работи во вицешампионот на Евролигата, Монако, а неговата следна цел кога станува збор за репрезентацијата ќе биде да ја однесе Грција на Мундобаскетот во 2027 година.
Спанулис е на клупата на грчката репрезентација од октомври 2023 година, а ја водеше оваа репрезентација на Олимписките игри во Париз една година подоцна.
Спорт
„Поради Вирц, веројатно ја добив работата во Реал“
														Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, во уперлативи зборуваше за својот поранешен играч, Флоријан Вирц, кој сè уште не не може да се снајде во Ливерпул, откако две сезони блескаше во Баер Леверкузен.
Баер во сезоната 2023/24 ја освои двојната круна под водство на Алонсо, со напомена дека стигна до титулата во Бундеслигата без пораз.
Вирц постигна 18 гола и 20 асистенции во сите натпреварувања таа сезона и беше прогласен за најдобар играч во Бундеслигата. Германскиот репрезентативец постигна 34 гола и 35 асистенции во последните две сезони во Баер.
Ова лето, тој се пресели во Ливерпул, кој плати 125 милиони евра за неговите услуги. Тој забележа три асистенции во 14 натпревари во англиската лига, но сè уште не се запиша меѓу стрелците.
„Доаѓањето во Ливерпул е голема промена за него и му треба време да се адаптира. Тој е посебен играч, има квалитет, карактер и е многу конкурентен. Веројатно поради него ја добив работата во Реал, и многу му сум благодарен“, рече тренерот на Реал пред вечервашното гостување кај Ливерпул во Лигата на шампионите.
Алонсо знае за што зборува бидејќи помина пет години како играч во Ливерпул, во кариерата одиграл 210 натпревари за „црвените“.

