Спорт
Првиот „Јашин трофеј“ во рацете на Алисон Бекер

Голманот на Ливерпул и на бразилската репрезентација, Алисон Бекер ги победи Мануел Нојер, Марк Андре Тер Штеген, Едерсон и Кепа за да го освои првиот „Јашин трофеј“ од „Франс фудбал“ за најдобар голман.
До наградата која го носи името на легендарниот советски голман Лав Јашин, Алисон стигна со освојувањето на Лигата на шампионите со Ливерпул, но и Копа Америка со Бразил.
„Вистинска чест е да се биде тука, со сите овие големи фудбалери, и секако со големите напаѓачи. Вие честопати ни го загорчувате животот. Сакам да се заблагодарам на моето семејство, на родителите, на сопругата и на Господ. Не се чувствувам среќен, туку само благословен и благодарен“, изјави Алисон.
Alisson is the very first #yachinetrophy! 🧤 #ballondor pic.twitter.com/7Z2REMmxUE
— #BallondOr (@francefootball) December 2, 2019
Here is the 2019 Yachine Trophy Top 3 ⤵️
1. @Alissonbecker
2. @mterstegen1
3. @edersonmoraes93#ballondor #yachinetrophy pic.twitter.com/IctvXvH4Zc
— #BallondOr (@francefootball) December 2, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Арсенал во луди 9 минути направи пресврт за прва победа за Љунгберг (видео)

Арсенал беше на работ на уште еден незгоден пораз по еден час игра на гостувањето кај Вест хем, по што во луди девет минути постигнаа три гола за 3:1 победа, прва со преодниот тренер Фреди Љунгберг.
Во 38. минута од мечот, „чеканите“ дојдоа во водство со голот на Анџело Огбона, со мала помош на одбраната на Арсенал, и домаќините го држеа овој резултат актуелен сѐ до 60. минута од мечот.
Тогаш почна „блицкригот“ на Арсенал. Мартинели во 60. минута, Никола Пепе шест минути подоцна и Пјер-Емерик Обамејанг во 69. минута стрелаа за целосен пресврт.
Со победата, прва во пет меча за Арсенал, тие се искачија на деветтото место на табелата со 22 поени, додека Вест хем останаа 16. со 16 поени.
Спорт
Бјанка Андреску е најдобрата канадска спортистка за 2019

По фантастичната сезона во која стана првата канадска тенисерка со гренд слем титула со победата на САД опен, Бјанка Андреску е добитник на „Лу Марш трофејот“, како најдобар канадски спортист за 2019 година.
Тинејџерката пред една година беше речиси анонимна, но по победата над Серена Вилијамс во финалето на Флешинг Медоуз и искачувањето на четвртото место на ВТА листата, таа беше убедлвиа пред другите канадски спротисти.
„Да се биде прва тенисерка со оваа награда е навистина огромна чест и не го очекував ова. Мојот успех оваа година немаше да биде можен без поддршката од цела Канада“, изјави 19-годишната тенисерка.
Тинејџерката е ќерка на романски имигранти во Канада, и во 2019 година заврши со 48-7 скор на сите турнири. Во гласањето таа ги победи спринтерот Андре де Грасе, голферката Брук Хендерсон, НХЛ голманот Џордан Бинингтон и безбол-ѕвездата Мајк Сорока.
Спорт
Бензема може да одговара кривично за скандалот со секс-лентата

Францускиот врховен суд ја одби жалбата на фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема за отфрлање на обвинувањата од 2015 година за наводната уцена со секс-лентата на неговиот поранешен соиграч од француската репрезентација, Матју Валбуена.
Ова значи дека Бензема може да одговара кривично бидејќи жалбата се обидуваше да ја отфрли легалноста на истрагата за уцена во која наводно бил вклучен и Бензема. Судот одлучи дека методите на истрага кои ги користела француската полиција биле легални.
Валбуена тврдеше дека е жртва на уцена откако добил телефонски повик во кој непознатиот човек тврдел дека има секс-лента со фудбалерот. Француското обвинителство тврди дека Бензема бил „посредник“ меѓу Валбуена и уценувачите, од кои еден е наводно пријател од детството на Бензема. Легалниот тим на Бензема тврдеше дека полицијата направила „местенка“ откако во телефонските повици еден полицаец се претставувал како пријател на Валбуена. Сега, судот во Версај ќе треба да утврди дали случајот ќе оди на суд.
Поради овој скандал, Бензема е „исклучен“ од француската репрезентација, откако селекторот Дидие Дешам повеќе пати ја отфрлаше можноста тој да се врати кај „триколорите“, а неодамна Бензема најави дека би можел да игра за земјата на неговите родители, Алжир, по што следуваше демант од алжирскиот селектор.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци