Спорт
ПСЖ без Нејмар на „Камп ноу“, Лајпциг во Будимпешта го чека Ливерпул
Со натпреварите помеѓу Барселона и ПСЖ, односно Лајпциг и Ливерпул, вечерва почнува нокаут-фазата во Лигата на шампионите.
Барселона во првиот меч ќе го пречека ПСЖ на „Камп ноу“. Ова ќе биде прв дуел на овие два тима по пауза од четири години кога Барселона направи спектакуларен пресврт, победи со 6:1 и го елиминира ПСЖ.
Дуелот доаѓа во момент кога се зголемени тензиите на релација Барселона – Париз. Од редовите на францускиот шампион отворено го канат Лионел Меси да им се приклучи од наредната сезона.
Бидејќи договорот на Аргентинецот истекува на крајот од сезоната, тој може да ги слуша понудите на другите тимови, но начинот на кој тоа го прават во Париз не им се допаѓа на луѓето од Барселона.
Натпреварот ќе го пропушти Нејмар, поранешниот фудбалер на Барселона, а ПСЖ ќе биде и без Анхел ди Марија.
На спротивната страна се најавува дека во стартната постава ќе биде Џерар Пике, кој последен пат настапил на 21 ноември минатата година.
Лајпциг, поради ситуацијата со коронавирусот, Ливерпул ќе го пречека во Будимпешта. Лајпциг во пресметката со „црвените“ влегува со серија од четири победи. Ливерпул, соочен со кадровските проблеми, не игра добро оваа сеозна. Тимот на Јирген Клоп има серија од три порази во Премиер лигата, а на табелата се наоѓа на шесттото место.
Дуелите во Барселона и Будимпешта ќе почнат во 21 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

