Спорт
ПСЖ го известил Реал колку бара за Мбапе
Шпанската серија која трае неколку години ќе заврши ова лето. ПСЖ ја одреди цената за Килијан Мбапе да може да се пресели во Реал Мадрид. Одлуката на клубот на Реал му ја соопштила мајката на играчот Фаиза Ламари. Станува збор за 250 милиони евра
Оперативците на Реал веднаш почнале преговори со ПСЖ за намалување на цената затоа што го сакаат Мбапе, но не по толку висока цена.
За тоа има две причини: договорот со ПСЖ му завршува за само 11 месеци, а освен тоа со сите сили сака да премине во Реал.
„Овие причини би морале значително да го намалат обештетувањето на Мбапе“, пишува Марка и повторува: „Крајот на сагата, односно трансферот на Мбапе во Реал е навистина блиску“.
Марка додава дека Реал има уште една огромна предност во преговорите со ПСЖ.
„Мбапе им кажа на раководството на двата клуба дека доколку не постигнат договор до 31 август, тој ќе остане во ПСЖ до следното лето, а потоа ќе се пресели во Реал без обештетување. ПСЖ одговори со тоа што не го однесе на турнеја низ Јапонија“,
Шпанците тој потег го толкуваат вака:
„Со продажбата на Мбапе за споменатата цифра, ПСЖ сака неговото заминување да го прикаже како сопствена победа, бидејќи тие 250 милиони евра би претставувале најголем трансфер во историјата. ПСЖ на тој начин би го принудил Реал да го собори рекордот на парижаните, кои го донесоа Нејмар. во 2017 година со обештетување од 222 милиони евра“.
Килијан Мбапе инсистира да добие значителен дел од оштетата бидејќи со заминување од ПСЖ пред крајот на договорот би останал без дури 192 милиони евра бруто. Толку му гарантираат плата и бонус за лојалност во ПСЖ до следното лето.
Марка открива: „Поделбата на обештетувањето на Реал помеѓу ПСЖ и Мбапе е веќе договорена од мајката на играчот и нејзиниот адвокат Делфин Ферхејден од една страна и Киа Јорабчианс од друга. ПСЖ го ангажираше познатиот ирански менаџер да ја реши оваа комплицирана ситуација“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ројс со пиво почести 80.000 навивачи
Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс го одигра последниот натпревар на „Вестфален“, пред домашните навивачи.
Во последното коло од Бундес лигата Дортмунд, вчера победи против Дармштад со 4:0, а меѓу стрелците се запиша и Ројс. Од слободен удар го постигна вториот гол на натпреварот.
Ројс ги почести сите 80.000 фанови со пиво со порака на прошталниот натпревар.
„Во благодарам за се! Последната тура пиво е на мене”.
Германецот по 12 години ја напушта Борусија, а колку се емотивни неговите соиграчи и навивачи покажува кореографијата што му ја подготвија.
На Ројс му останува уште еден натпревар, а тоа е финалето од Лигата на шампионите на 1 јуни против Реал Мадрид на „Вембли“.
Dortmund reverencia Marco Reus. Hoje a festa é sua, craque! 👏🟡⚫️#BundesligaNoSportv pic.twitter.com/DyEIvSxW0s
— sportv (@sportv) May 18, 2024
Спорт
(Видео) Дончиќ и Далас во финалето на Западот
Кошаркарите на Далас ја победија Оклахома со 117:116 и се пласираа во финалето на Западната конференција.
Маверикс со вкупен резултат 4:2 го победија Тандер, тимот кој регуларниот дел од сезоната го заврши на првото место на Западот.
Победничките поени за Далас ги постигна Пи Џеј Вашингтон од линијата за слободни фрлања на 2,5 секунди до крајот, поточно го погоди првото, а намерно го промаши второто, а во преостанатото време играчите на Тандер имаа само време да шутираат од својата половина и не успеаја да реализираат.
Оклахома пропушти голема шанса да избори мајсторка бидејќи во третата четвртина имаше предност од 17 поени.
Херој на Маверикс, како и обично, беше фантастичниот Словенец Лука Дончиќ, кој блескаше и оствари трипл-дабл со 29 поени и по 10 скока и асистенции.
Трагичар на Оклахома беше нејзиниот најдобар играч, Шај Гилџис-Александер, кој го фаулираше Вашингтон. Најефикасниот кошаркар на натпреварот постигна дури 36 поени.
Спорт
(Видео) Усик го победи Фјури – Светот доби апсолутен шампион во тешка категорија
По 24 години светот на боксот има апсолутен шампион во тешка категорија. Тоа е Украинецот Александар Усик, кој по 12 извонредни рунди го совлада Британецот Тајсон Фјури во долгоочекуваниот меч.
Двајца судии гласаа за Усик (114-113 и 115-112), а еден за Фјури (114-113).
Усик тргна подобро, беше поагресивен во почетната фаза од мечот, но во шестата рунда се чинеше дека Украинецот е многу далеку од победа бидејќи беше разнишан од одличните комбинации на „кралот на циганите“.
Сепак, во деветтата рунда, Усик покажа зошто е еден од најголемите борци на својата генерација и со фантастичен бокс и различни притисоци, го нокаутира својот ривал.
Можеби судијата тука требаше да го прекина мечот, затоа што Фјури доби голем број на удари без активно да се брани и возврати. Гонгот на крајот од рундата го спаси видно дезориентираниот Фјури, а се чинеше дека Украинецот ќе успее да дојде до престана победа во следната рунда.
Сепак, Фјури „преживува“ до крајот на 12. рунда, но Украинецот победи на поени.
Борбата се одржа пред преполната „Кингдом арена“ во Ријад, а Усик сега е сопственик на сите главни титули на денешницата, во верзиите на ВБА, ВБЦ, ИБФ, ВБО (како и помалку значајната ИБО), титулата на списанието „Ринг“, како и титулата линеален шампион на светот.
Усик има совршени 22-0 како професионалец.
HOW did Tyson Fury survive this from Oleksandr Usyk 🤯 pic.twitter.com/49IbID0yNl
— Happy Punch (@HappyPunch) May 18, 2024