Спорт
Пумас го тужи Дани Алвеш
Бразилскиот фудбалер Даниел Алвеш (39) минува низ најтешката фаза во животот. Тој обвинет за силување и е во затвор, а нова неволја го стигна денеска, откако УНАМ Пумас го тужи за четири и пол милиони евра.
Челниците на овој фудбалски клуб сметаат дека Алвеш ги прекршил правилата на договорот.
Мексиканците тврдат дека Алвеш ги прекршил правилата од договорот во кои јасно било наведено дека ќе биде казнет во случај на проблеми со законот.
Раководството на овој клуб експресно му врачија отказ на Алвеш, кога тој беше обвинет за силување.
„Поради грубо прекршување на договорот, клубот експресно бара исплата на обесштетување од пет милиони долари без никаков данок или плаќање на рати. УНАМ Пумас ги задржува сите права да и се обрати на ФИФА и преку неа да бара исплата поради прекршување на клаузулата во договорот“, пишува во мејлот што мексиканскиот клуб му го испратил на Дани Алвеш.
Дани Алвеш минатата година стана член на Пумас. Во Мексико замина откако Барселона не му понуди продолжување на соработката, а во овој тим одигра само 13 натпревари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

