Спорт
Рабио започнал преговори со Евертон и Њукасл
Адриен Рабио не ја крие желбата да го напушти Јувентус. Францускиот фудбалер на почетокот на сезоната пристигна во Торино како слободен играч од ПСЖ. Тој не успеа да се наметне кај тренерот Маурицио Сари.
Рабио е незадоволен од статусот што го има во тимот, а незадоволството го искажа со тоа што не се појавил навреме во Торино, откако Јувентус ги повика сите играчи да се вратат во Италија.
Англиските медиуми тврдат дека Рабиот започнал преговори со Њукасл и Евертон. Англичаните шпекулираат дека интерес за Рабиот покажуваат и Арсенал, односно Манчестер Јунајтед.
Рабио сезонава има одиграно 24 натпревари за Јувентус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тренерката на Мадуро е идентична со опремата на клуб од Ла Лига – Експресно е распродадена
Тренерката „Најки“ што ја носеше венецуелскиот претседател Николас Мадуро во моментот кога беше уапсен од американските војници привлече огромно внимание на јавноста, откако корисниците на социјалните мрежи забележаа дека изгледа речиси идентично со спортската облека на фудбалскиот клуб Мајорка.
Мадуро се појави во јавноста во сива тренерка со црни детали, што веднаш ги потсети навивачите на дресот на Мајорка.
Разликата е во тоа што верзијата на Мајорка го има грбот на клубот извезен на градите, додека остатокот од дизајнот е практично идентичен со оној што го носеше венецуелскиот претседател.
Станува збор за тренерка „Најки“ направена од рециклирани материјали. Горниот дел се продава за 99,99 евра, додека долниот чини 55,99 евра, што значи дека комплетот чини 155,98 евра.
Поради огромното медиумско внимание и виралноста на фотографиите, тренерката се распродаде на официјалната веб-страница на „Најки“ за само неколку часа. Социјалните мрежи се преплавени со коментари за необичната врска помеѓу Мадуро и фудбалерите на Мајорка.
Foto: X
Спорт
Џеко би можел да заврши во Јувентус
Јувентус се соочува со сериозна криза во нападот, а италијанските медиуми нашироко дискутираат за можни решенија. Неиграњето на Душан Влаховиќ, кој ќе отсуствува од теренот до март, целосно ги разоткри напаѓачките ограничувања на тимот на Лучијано Спалети, бидејќи ниту Дејвд, ниту Опенда не се покажаа како соодветни замени.
Спортскиот директор Отолини затоа итно бара засилувања во јануарскиот преоден рок, а заедно со претходно споменатите имиња како Матео Пелегрино од Парма и Лоренцо Лука од Наполи, се појави и сосема неочекувана опција, Един Џеко, пишува „Тутоспорт“.
Иако наскоро ќе наполни 40 години, напаѓачот на Босна и Херцеговина, кој е на излезна врата од Фиорентина, се споменува како класично решение во последен момент за следните шест месеци.
Тоа би била поволна опција што би му донела на Јувентус потребното искуство и физичко присуство во шеснаесетникот, а која тренерот Спалети наводно најмногу би ја поддржал.
Имено, реализацијата на трансферот би била фаворизирана од длабоката врска и меѓусебното почитување помеѓу Џеко и тренерот Спалети, кој веќе успешно го водеше во минатото.
Сепак, весникот од Торино ја дефинира оваа можност како „екстремна опција“, диктирана повеќе од потребата за докажан играч отколку од долгорочно планирање. Според нив, таа би можела да стане конкретна само ако не се остварат други, примарни опции за Јувентус.
Foto/ freerangestock
Спорт
Гвардиол ќе отсуствува неколку недели
Манчестер сити, во трилер завршница, остана без триумф над Челзи, во дербито на 20-то коло. „Граѓаните“ водеа до 94-та минута, кога Енцо Фернандез, некако успеа да ја смести топката во голот на Донарума.
Сити, не успеа да победи, но она што повеќе го загрижува Пеп Гвардиола се повредите на клучните дефанзивци.
Јошко Гвардиол се повреди на почетокот од второто полувреме, мораше да го напушти теренот во 51-та минута од натпреварот, откако лежеше на теренот некое време со болна гримаса на лицето.
Сити натпреварот го завршија и без Рубен Диаш, тој исто така го напушти натпреварот поради повреда во 81-та минута.
Гвардиола коментираше за состојбата на повредениот дуо по натпреварот. Тој рече дека „Гвардиол не изгледа добро“, додавајќи дека сè уште не разговарал со медицинската служба и дека повеќе информации за состојбата на повредените ќе бидат познати во текот на денот.
Потоа ја даде својата проценка за сериозноста на нивните повреди. „Мислам дека ќе биде надвор од теренот неколку недели“, рече тој.
Foto/ depositphotos

