Спорт
Раде Круниќ е пред трансфер во Фенербахче
Раде Круниќ, еден од омилените играчи на Стефано Пиоли, во јануарскиот преоден рок ќе го напушти Милан. Италијанските медиуми тврдат дека тој постигнал договор со Фенербахче, останува уште клубовите да се договороат околу обесштетувањето.
Круниќ пред три и пол години за 8,6 милиони евра од Емполи дојде во Милан. Одигра 139 натпревари и постигна три гола.
Минатото лето Фенербахче понуди 5.000.000 евра за репрезентативецот на БиХ, но Милан одби да го продаде. Тогаш клубот од Милано бараше 10.000.000 евра. Според медиумите во јануари Милан ќе профати 7.000.000 евра за Круниќ.
Инаку, Круниќ има договор со Милан до јуни 2025 година. Клупските челници му понудиле нов договор и зголемување на платата од 1.700.000 на 2.200.000.
Менаџерот на фудбалерот ја одбил понудата, со образложение дека неговиот клиент бара годишна плата од 3.500.000 евра. Милан не може да си дозволи да издвои толкава сума, но Фенербахче може. Поради тоа трансферот на Круниќ е пред реализиција.
Милан нема да бара замена на трансфер пазарот бидејќи Исамел Бенасер целосно закрепна од повредата и веќе му се стави на располагање на тренерот Пиоли.
Раде Круниќ во Фенербахче ќе ја зголеми балканската колонија. Дресот на турскиот великан го носат Душан тадиќ, Един Џеко, Доминик Ливаковиќ и Миха Зајц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Болоња на чекор до пласман во ЛШ
Фудбалерите на Болоња забележаа многу важна победа на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол.
Болоња го победи Наполи со 2:0.
Избраниците на Тиаго Мота, победникот го решија во раната фаза од натпреварот. Најпрво Ендој погоди во деветтата минута, а три минути подцна предноста ја зголеми Пош.
Наполи можеше да ја намали предноста на гостите во 21. минута, но Матео Политано промаши пенал.
Болоња со 18. победа во сезоната дојде на чекор до пласман во Лигата на шампионите, прв во клупската историја.
Во следното коло Болоња ќе го пречека Јувентус.
Спорт
Буденхолцер e новиот тренер на Феникс Санс
Американскиот кошаркарски стручњак Мајк Буденхолцер е новиот тренер на Феникс Санс, објави НБА.
Тој го замени Френк Вогел на клупата на Феникс, кој во четвртокот доби отказ по една сезона во клубот.
Од Феникс не ги соопштија деталите од договорот, а американските медиуми објавија дека договорот е на пет години и е вреден околу 50 милиони долари.
Во 2021 година, Буденхолцер ја освои титулата со Милвоки. Тогаш Буденхолцер со Милвоки го победи токму Феникс.
Феникс никогаш не ја освоил титулата, а во својата 56-годишна историја три пати играл во големото финале.
По пет години во Милвоки, двократниот добитник на наградата за најдобар тренер на НБА, Буденхолцер доби отказ во 2023 година, по што замина на едногодишен одмор.
Спорт
Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо
Динамо Загреб, вечерва ја обезбеди 25.шампионска титула во првенството на Хрватска. „Модрите“ го победија Осиек со 1:0, а титулата ја обезбедија багодарение на поразот на Риека во Вараждин (3:1).
Риека, во минатото коло загуби од Динамо на домашен терен и очигледно по тој пораз остнаа без амбиции. Нивниот пораз од Вараждин го искористи Динамо, победи со голот на Аријан Адеми во 73.минута и ја обезбеди титулата.
Динамо по 25. стана шампион, Хајдук има шест титули, Риека и Загреб освоија по една шампионска титула. Овие четири тима се единствените хрватски шампиони од 1991 година.