Спорт
Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата
Foto/ EPA
Тотенхем имаше одличен старт на сезоната во Премиер лигата. Тимот на Ангелос Постекоглу беше лидер на табелата, но повредите на неколку клучни играчи, го внесе тимот во серија на лоши резултати.
Тотенхем, 15 одиграни натпревари стана сопственик на еден негативен рекорд.
Во првите седум кола Тотенхем забележа шест победи и ремизираше со Арсенал, а потоа повредите целосно го истворија тимот од посакувната насока.
Пет натпревари во низа Тотенхем имаше предност и ниту еднаш не успеа да победи.
Тотенхем стана првиот тим клуб во историјата на Премиер лигата, кој по водството од 1:0 забележа пет меча без победа (четири порази и едно реми).
Се започна со мечот против Челзи во кој Тотенхем водеше и на крајот загуби со 4:1, по што следуваше дуелот со Вулверхемптон (2:1 за Волвс), потоа мечот со Астон Вила (2:1 за Вила), па нерешено со Сити (3:3) и синоќа пораз од Вест Хем (2:1 за Чеканите).
Тотенхем е и првиот тим во Премиер лигата кој на домашен терен водел со 1:0 во три последователни натпревари и на крајот сите ги загубил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јавно се извини поради поразот од Новак Ѓоковиќ – Французионот го анализираше мечот
Французинот Корентин Муте јавно им се извини на сите за поразот од Новак Ѓоковиќ во второто коло на Мастерсот во Рим со 2:0 (6:3, 6:1).
„Се извинувам за мојот настап вечерва. Посакувам да можев себеси и нему да му дадам подобра битка, но не го направив тоа. Ништо освен почит кон Новак, се разбира, за сето она што го постигна и она што го прави за играчите и тенисот. Ќе се обидам повторно да добијам шанса да играм против него“, напиша Муте.
Ѓоковиќ по дуелот се најде среде инцидент, кога шише го погоди во глава.
Новак потоа објави дека се работело за несреќен случај и дека се чувствува добро.
Спорт
Јунајтед сака трејд со Барселона – Бруно за Де Јонг
Бруно Фернандеш е еден од ретките фудбалери на Манчестер јунајтед кој го оправдува своето реноме на теренот. Капитенот не е сигурен дека ќе остане во клубот и наредната сезона.
„Очигледно некои работи не зависат само од мене, нели?“, изјави Бруно Фернандеш и со тоа јасно кажа дека има шанси да го напушти клубот на крајот од сезоната.
Англиските медиуми тврдат дека Бруно и е понуден на Барселона.
Имено, од Манчестер јунајтед се подготвени да го понудат Бруно Фернандеш како дел од трансферот во кој сакаат да го доведат Френки де Јонг од Барселона.
Во текот на целото лето 2022 година, раководството на Манчестер јунајтед се обидуваше да го доведе Холанѓанецот, но на крајот не успеа и на крајот го доведоа Касемиро за 70 милиони фунти.
Де Јонг потоа остана во Барселона, но наводно е на врвот на листата на желби на Сер Џим Ретклиф. Раководството на Манчестер јунајтед не сака да плати 77,5 милиони фунти за него, а тие се подготвени да го понудат Бруно Фернандеш.
Наводната понуда на Манчестер јунајтед до Барселона е 17 милиони фунти и Бруно Фернандеш за Де Јонг, а сега на потег е и раководството на клубот од Шпанија.
Спорт
(Видео) Денвер победи кај Минесота, Индијана славаше над Њујорк
Кошаркарите на Денвер Нагетс ја совладаа Минесота Тимбервулвс со 117:90 и намалија на 2-1 во полуфиналето на Западната конференција.
Нагетс одговорија шампионски по шлаканиците што го добија во првите два натпревари пред своите навивачи во Минеаполис максимално се вратија во серијата.
Јокиќ го заврши натпреварот со 24 поени, 14 скока, девет асистенции, три украдени топки и три блокади.
Џамал Мареј беше одличен со 24 поени и пет асистенции, Мајкл Портер постигна 21, Арон Гордон 13, од кои три тројки на стартот на третиот период, а Кентавијус Колдвел-Поуп 12 поени.
Во поразениот тим Едвардс постигна 19 поени, Таунс 14, а Конли и МекДаниелс по 10 поени.
Следниот натпревар се игра ноќта меѓу недела и понеделник од 02.00 часот.
Кошаркарите на Индијана Пејсерс ги совладаа Њујорк Никс со 111:106, во третиот натпревар од четвртфиналето на НБА плеј-офот.
Пејсерси го намалија резултатот во серијата на 2:1 на домашен терен, Њујорк претходно победи во двата меча на домашен терен.
Тајрис Халибартон го предводеше домашниот тим до победата со 35 поени со четири скока и седум асистенции, а го следеше Паскал Сијакам со 26 поени и седум скока.
Двоцифрен беше и Мајлс Тарнер кој успеа да оствари дабл-дабл учинок, односно 21 поен со 10 скока.
Кај Никс се истакна Донте Дивиченцо со 35 поени со три скока и две асистенции, а го следеше Џејлен Бренсон со 26 поени и шест асистенции.
Следниот дуел е закажан за в недела од 21 часот и 30 минути.