Спорт
Радукану го отпушти тренерот со кој го освои првиот гренд слем
Новата британска тениска принцеза, Ема Радукану, го отпушти тренерот Ендру Ричардсон откако со него стигна до својата прва гренд слем титула, неверојатен успех за 18-годишната девојка, која до титулата стигна без загубен сет од квалификациите.
18-годишната Радукану го ангажира Ричардсон на краткорочен период додека беше во САД, но сега сака поискусен тренер како постојана членка на ВТА-турнејата. 47-годишниот Ричардсон, поранешен играч од британскиот Дејвис куп тим, работеше со Радукану две години во тенискиот центар во Бромли, но нема големо искуство на ВТА-турнејата и работи како шеф на тениски школарини во средно училиште.
„По Вимблдон, бев на 200. место на ВТА-листата и мислев дека Ендру ќе биде совршен за да тестираме и да одиме во САД. Не сонував дека ќе го освојам САД опен и дека ќе бидам 22. на ВТА-листата. Во овој дел од мојата кариера сфатив дека морам да имам човек со искуство на ВТА-турнејата на високо ниво. Потребно ми е некој да ја води мојата кариера“, вели Радукану.
Еден од фаворитите за нејзин нов тренер е Дарен Кејхил, Австралиецот кој неодамна се раздели од романската тенисерка Симона Халеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Милитао нема да игра на СП – За повредата го обвини клубот и тренерот Чаби Алонсо
Бразилскиот дефанзивец, Едер Милитао заврши уште една сезона за заборав, трета по ред. За проблемите со повредата оваа сезона, Милитао, го обвинува клубот и тренерот Чаби Алонсо. Смета дека премногу бил форсиран. Поради повредата Едер Милитао ќе го пропушти Светското првенство.
Милитао ја заврши сезоната пред еден месец, а статистиката е поразителна. Во последните три години, кои беа обележани со сериозни повреди, тој одигра само 52 од 179 натпревари на Реал Мадрид. Тоа се алармантни 29 проценти од настапите, што беше голем удар и за играчот и за тимот, кој ги почувствува долгорочните отсуства на својот дефанзивец. По две сериозни повреди на коленото што му ја уништија сезоната 2023/24 и 2024/25, оваа сезона беше уништена од два сериозни мускулни проблеми.
Во потрага по причините за неговата несреќа, дефанзивецот го впери прстот кон Чаби Алонсо. Милитао верува дека одиграл премногу натпревари и минути со оглед на тоа што се враќал по две години речиси целосно отсуство од теренот. Тој особено ги истакнува недоволните подготовки на Реал Мадрид пред сезоната, кои му беа најпотребни, а практично ги немаше, поради настапот на клубот на Светското првенство.
Тој веднаш беше турнат во натпреварувачки ритам и се појави во 16 од првите 20 натпревари на Реал, сè до неговата прва сериозна повреда на 7 декември.
Одмори само во четири натпревари, од кои два беа принудни поради мали проблеми. Милитао верува дека го платил цехот на исцрпувачкиот распоред.
Прво дојде тешка повреда на мускулот, а откако се врати на теренот пауза од 118 дена, следеше нов удар во април, со што ја заврши сезоната, но и отпадна од комбинација за настап на Мундијалот.
Foto/ EPA
Спорт
Англичаните можат да имаат шест клуба во Лигата на шампионите
Астон Вила чекаше 44 години на европски трофеј, постот го прекина синоќа во Истанбул, со победата над Фрајбург (3:0) во финалето на Лига Европа. Победата на Астон Вила значи дека Премиер лигата може да има дури шест претставници во Лигата на шампионите следната сезона.
Тимот на Унаи Емери веќе обезбеди место во елитата, со пласманот меѓу првите пет екипи од првенството, но сега Борнмут и Брајтон имаат можност со пласман на шестото, прв пат во историјата да се пласираат во Лигата на шампионите.
Како шестото место води до Лигата на шампионите?
Клучниот услов за овој исход е Астон Вила, како победник на Лига Европа, да заврши на петтото место во домашното првенство (во моментов се четврти). Во тој случај, Вила би се квалификувала за Лигата на шампионите, преку трофејот во Лига Европа.
Дополнителното место во Лигата на шампионите, кое Премиер лигата го заработи благодарение на вкупните перформанси на своите клубови во Европа, тогаш би му припаднало на шестопласираниот тим на табелата.
Сценарија за петто и шесто место
За Вила да заврши на петтото место, треба да загуби на гостински терен од Манчестер Сити во последното коло, а во исто време Ливерпул дома треба да го победи Брентфорд.
Доколку тоа сценарио се оствари, целото внимание ќе се префрли на борбата за шестото место.
Борнмут ќе го обезбедено шестото место со кој било исход освен пораз на гостински терен кај Нотингем Форест. Шестото ќе му припадне и доколку Брајтон не успее да го победи Манчестер Јунајтед на домашен терен.
Од друга страна, Брајтон може да стигне до шестото место само ако победи, но под услов Борнмут да загуби кај Нотингем Форест.

Foto/ EPA
Спорт
Компани ќе ја засили одбраната со поранешниот соиграч
Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, има голема желба да го донесе во својот тим, поранешниот соиграч, Џон Стоунс.
Англискиот репрезентативец, пред две недели објави дека нема да го продолжи договорот и дека во летниот преоден рок ќе го напушти Манлчестер Сити.
Стоунс наскоро ќе наполни 32 години, поради што Компани смета дека неговото искуство може да донесе дополнителен квалитет во неговиот тим.
Привлечно за Баерн е што Сотоунс би го добиле без обесштетување, но потенцијален проблем можат да бидат повредите.
Англичанецот пропушти голем број натпревари во последните две сезони. Поради повредите на мускулот, стапалото, препоните, Стоунс одигра само 19 натпревар.
Foto/ Depositphotos
