Спорт
Бурно пред шампионскиот меч: Волкановски го обвини Ортега дека е допингувач
УФЦ-шампионот во перо-категорија, Австралиецот со македонско потекло, Александер Волкановски, го нарече предизвикувачот Брајан Ортега „е.ан допингувач“ во бурно соочување пред утрешниот меч на УФЦ 266 во Лас Вегас.
Ова е втора одбрана на Волкановски на титулата и тој призна дека дознал за допинг-престапот на својот американски ривал неодамна. Ортега имаше позитивен тест на стероидот дростанолон по победата над Мајк дела Торе во 2014 година по што доби деветмесечна суспензија и глоба од 2.500 долари.
Иако оттогаш тој има осум меча без да падне на допинг-тест, Волкановски не му прости.
„Не знаев дека уфрлаш. Тоа ср.ње не е добро за мене. Не заслужуваш да бидеш тука. Ти си е.ан допинугвач“, провоцира 32-годишниот Волкановски.
Австралиецот има 22-1 скор и ја освои титулата во перо-категорија со победа над долгогодишниот шампион Макс Холовеј во декември 2019 пред да ја одбрани и во реваншот минатиот јули.
No love lost between these two. ?@AlexVolkanovski takes on @BrianTCity Saturday.
[ #UFC266 | Sep 25 | Live on ESPN+ PPV: https://t.co/2qE0lEWxD2 ] pic.twitter.com/P93YQNwLO7
— UFC (@ufc) September 23, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Педри и Де Јонг ќе бидат подготвени за ПСЖ
Фудбалерите на Барселона, Педри и Френки де Јонг, најверојатно ќе се вратат во тимот за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
„Педри и Де Јонг се повредија на почетокот на месецот на мечот против Атлетик Билбао (0:0) во шпанското првенство, но се опоравија и би можеле да бидат во тимот за дуелот во Париз“, пишува „Мундо депортиво“.
Според оовј извор, Педри веќе почнал сам да тренира, а Де Јонг се уште е на рехабилитација, но наскоро ќе почне да тренира. Лекарскиот тим на Барселона е уверен дека тој ќе биде подготвен за натпреварот против ПСЖ на 10 април.
Андреас Кристенсен и Роналд Араухо имаат проблем со ситни повреди и најверојатно поради претпазливост ќе го пропуштат претстојниот првенствен натпревар во Барселона против Лас Палмас.
Спорт
Тренер на Лестер доби отказ – бил во врска со фудбалерка од тимот
Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внатрешна истрага било откриено дека го прекршил кодексот на однесување.
Британските медиуми објавија дека Кирк е под истрага за наводна врска со фудбалерка од тимот.
Кирк првично беше суспендиран, а сега е отпуштен, со што заврши неговиот двегодишен престој во клубот.
„По опсежни внатрешни дисциплински постапки и почитување на индивидуалната приватност, Вили го прекрши кодексот на однесување до степен што ја прави неговата позиција неодржлива“, велат од клубот.
Тој му се приклучи на Лестер во јули 2022 година како спортски директор и ја замени Лидија Бедфорд на клупата четири месеци подоцна. Лестер моментално е деветти на табелата во англиската лига.
Спорт
И Манчестер јунајтед го сака Дани Олмо
Манчестер jунајтед влезе во трката за потписот на шпанскиот репрезентативец Дани Олмо.
Неодамна на пријателскиот натпревар со Брзил во Мадрид постигна гол во меч кој заврши без победник (3:3).
Олмо, во јуни минатата година го продолжи договорот со Лајпциг до летото 2027 година, но тоа не значи дека ќе остане таму до крајот на договорот.
Во јуни ќе може да се активира откупната клаузула во висина од 60 милиони евра.
За него претходно беа заинтересирани Манчестер сити, Челзи, Тотенхем и Реал Мадрид, а од неодамна во трката влезе и Манчестер Јунајтед.
На „Олд Трафорд“ парите за трансферот ќе соберат од продажба на играчи кои веќе немаат место во тимот. Прашање е дали Олмо ќе ги избере „црвените ѓаволи“, бидејќи се уште не се сигурни дали ќе играат во Лигата на шампионите наредната сезона.