Спорт
Ракитиќ се сели кај Меси во Интер Мајами?
Лионел Меси побарал од челниците на Интер Мајами да продолжи со засилување на тимот, а шпанските медиуми пишуваат дека тој предложил да го донесат Иван Ракитиќ во клубот.
За многумина, најдобриот фудбалер на сите времиња и поранешен хрватски репрезентативец неколку сезони ја делаа соблекувална во Барселона.
Откако Меси се пресели во Мајами пристигнаа и Серхио Бускетс и Жорди Алба, а се почесто се пишува дека наскоро ќе им се приклучи и Луис Суарез. Меси, имено, инсистира на што повеќе поранешни соиграчи од Барселона.
Неговиот следен избор е Ракитиќ и за тоа веќе го известил Дејвид Бекам, еден од косопствениците на клубот.
„Мундо Депортиво“ потсетува дека Ракитиќ е под договор со Севилја до крајот на сезоната и дека шпанскиот клуб сака да му ја намали платата.
„Ова укажува на можно заминување на Ракитиќ во блиска иднина“.
Ракитиќ играше за Севиља од 2011 до 2014 година, потоа шест сезони мина во Барселона, а на „Рамон Санчез Писхуан“ се врати во 2020 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Флик го одбил Челси, чекал понуда од Барселона
Германскиот стручњак Ханси Флик ја одбил понудата да го преземе Челзи. „Мундо Депортиво“ тврди дека Флика ќе чека понуда од барселона.
Челзи, вчера му врачи отказ на Покетино. Наводно, прв пик на клупските челници бил Флик.
Германецот е без ангажман, а своевремено ги тренираше Хофенхајм, Баерн и германската репрезентација.
„Мундо депортиво“ пренесува дека Флик ја следи ситуацијата во Барселона по несугласувањата на релација Џоан Лапорта-Чави Ернандез.
Лапорта во понеделник треба да одржи состанок со Чави на кој ќе се одлучи кој ќе ја води Барселона следната сезона.
Шпанските медиуми тврдат дека доколку Чави добие отказ, Флик најверојатно ќе биде нов тренер на каталонскиот клуб.
Спорт
Силвињо доби албанско државјанство
Бразилецот Силвињо доби албанско државјанство, во знак на благодарност што со националниот тим избори на Европското првенство.
Покрај Силвињо, албанско државјанство добија и неговите помошници Италијанците Лука Лауренти и Џанлука Стесина и Аргентинецот Пабло Забалета.
Церемонијата за добивање државјанство се одржа во Лушње, град на 80 километри од главниот град Тирана.
Албанија на Европското првенство ќе игра во групата Б заедно со Италија, Хрватска и Шпанија.
Договорот на Силвињо со Албанија истекува на крајот на Европското првенство, но челниците на националниот сојуз изразија желба да ја продолжат соработката со бразилскиот селектор.
Спорт
Новитет на Копа Америка, розов картон
Репрезентациите на Копа Америка следниот месец ќе имаат можност за дополнителни замени во случај некој играч да добие потрес на мозокот или некаква друга повреда на главата, објави во вторникот КОНМЕБОЛ.
Промената на правилата ќе важи и за другите турнири што ќе ги организира ова тело. Копа Америка ќе се одржи во САД од 20 јуни до 14 јули.
„Покрај петте измени дозволени со прописите, ќе биде додадена и потенцијална шеста поради загриженост за здравјето на играчите“, се вели во соопштението на КОНМЕБОЛ.
„Ова е дополнителна замена во случај на сомневање за повреда на главата или потрес на мозокот“.
Во случај да биде извршена таква измена судијата ќе ја одобри откако ќе покажа розов картон. Принудната измена нема да се брои во дозволените пет.