Спорт
Ракометарките ќе поделат 10.000 евра за пласман во баражот

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) донесе одлука парично да ги награди репрезентативките кои изборија место во баражот за пласман на Светското првенство.
Македонските ракометарки успешно ја минаа групата во која беа со Исланд, Литванија и Косово и се пласираа во баражот. Пласман на мундијалот ќе се обидат да изборат во двата дуела со Романија.
„УО на РФМ ја усвои одлуката за доделување парична награда во вредност од 10.000 EUR нето на женска сениорска ракометна репрезентација за остварен максималенефект (3 победи) на квалификацискиот турнир за обезбедување бараж-натпревар за пласман на СП Шпанија 2021“, соопшти РФМ.
Федерацијата со 40.000 евра, нето-износ, ќе ги награди ракометарките доколку се пласираат на Светското првенство во Шпанија.
Исто така УО на РФМ одреди колкави награди ќе добијат ракометарите кои се на добар пат да обезбедат пласман на ЕП во 2022 година.
„За освоено прво место во квалификациска група во рамки на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2022 година парична награда во висина од 40.000 евра нето-износ, аа освоено второ место во квалификациска група во рамки на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2022 година со освоени 10 бода парична награда во висина од 30.000 евра нето-износ, аа освоено второ место во квалификациска група во рамки на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2022 година со освоени помалку од 10 бода парична награда во висина од 20.000 евра нето-износ“, објави РФМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.