Спорт
Рашфорд стана почесен доктор исто како менторот Фергусон
Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, доби почесен докторат од Универзитетот на Манчестер на посебна церемонија на „Олд Трафорд“, на која присуствуваше и неговиот ментор, сер Алекс Фергусон.
Со своите 23 години Рашфорд е најмладиот носител на оваа награда, која требаше да му биде доделена уште во јули 2020, но беше одоложена поради пандемијата на коронавирусот. Тој ја добива наградата за својата јавна работа со кампањата против детска сиромаштија, но и поради остварувањата на теренот.
Тој им се приклучува на легендите на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон и сер Боби Чарлтон, со оваа награда, а токму Фергусон заедно со пријателите и семејството на Рашфорд беше на церемонијата.
„Да се биде тука во присуство на такви големи имиња како сер Алекс и тие што одиграа голема улога во мојот пат е навистина посебно. Денеска ја добивам наградата за борба против детската сиромаштија, а вчера милиони британски семејства загубија приход од владата, кој ќе се одрази драстично на нивниот живот. Затоа, ова ми носи и горчлив вкус во устата. Време е политичарите да се погрижат и за заедниците како мојата. Ковид-19 не смее да биде изговор“, изјави Рашфорд.
Family ♥️ https://t.co/dDGpn1G8GO pic.twitter.com/j88z04dCYO
— Marcus Rashford MBE (@MarcusRashford) October 8, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Црвена звезда и Динамо Загреб изборија место во нокаут фазата во Лига Европа
Заврши првата фаза во Лига Европа. Регионалните великани Црвена звезда и Динамо Загреб изборија место во плеј-офот. Црвено-белите го освоија 15-то место, а модрите завршија на 23-та позиција.
Црвена звезда, во последното коло, осигра нерешено во Белград со Селта 1:1, додека Динамо забележа пораз во Данска од Митјиланд 2:0.
Комплетни резултати:
Астон Вила – РБ Салцбург 3:2, Базел – Викторија Плзен 0:1, Бетис – Феенорд 2:1, Селтик – Утрехт 4:2, Црвена звезда – Селта Виго 1:1, ФЦСБ – Фенербахче 1:1, Го Ахед Иглс – Брага 0:0, Генк-Малме 2:1, Олимпик Лион – ПАОК 3:2, Макаби Тел Авив – Болоња 0:3, Митјиланд – Динамо Загреб 2:0, Нотингем Форест – Ференцварош 4:0, Панатинаикос – Рома 1:1, Порто – Ренџерс 3:1, Штурм=Бран 1:0, Штутгарт-Јанг Бојс 4:2.
Директен пласман во осминафиналето изборија: Лион, Астон Вила, Митјиланд, Бетис, Порто, Брага, Фрајбург, Рома.
Двојки за плејоф, ждрепката е утре во 13 часот:
Селтик/Лудогорец – Штутгарт/Ференцварош
Фенербахче/Панатинаикос – Нотингем Форест/Викторија Пилсен
Динамо Загреб/Бран – Болоња/Генк
Црвена звезда/Селта – ПАОК/Лил
Спорт
Роберто Де Зерби ќе добие отказ поради чудо во Лисабон?
Тренерот на Олимпик Марсеј, Роберто Де Зерби, е во сериозна опасност да биде отпуштен, објави Радио Монте Карло Спорт (RMC).
Истиот извор наведува дека се во тек разговори меѓу сите страни за да се донесе одлука за иднината на Де Зерби на клупата на клубот од „Велодром“.
Статусот на италијанскиот стручњак беше доведен во прашање по елиминацијата на Марсеј од Лигата на шампионите.
И покрај поразот од 3:0 од Ливерпул во претходното коло, пред последниот натпревар, францускиот клуб имаше одлична шанса да се пласира меѓу 24-те екипи и да игра плејоф, но тоа не се случи поради неверојатниот крај на натпреварот во Лисабон.
Пред гостувањето во Клуб Бриж, Марсеј имаше дури 94 проценти шанси за пласман, меѓутоа, поразот од 3:0 во Белгија, заедно со победата од 4:2 на Бенфика над Реал Мадрид и други неповолни резултати доведоа до тоа францускиот клуб да заврши на 25-то место на табелата и да не продолжи со натпреварувањето.
Марсеј моментално е трет на табелата во Лига 1, седум бода зад лидерот Пари Сен Жермен.
Foto/ depositphotos
Спорт
Кристал Палас напаѓач најде во Вулверхемптон
Јорген Странд Ларсен е нов член на Кристал Палас.
Норвежанецот му се приклучи на клубот од јужен Лондон од Вулверхемптон, кој е на дното на табелата во елитниот ранг на англискиот фудбал.
Според медиумите на Островот, вредноста на трансферот е 52 милиони евра плус шест милиони што може да ги заработи преку бонуси. Ова е втор најголем трансфер во овој преоден рок, по оној на Антоан Семењо. Репрезентативецот на Гана за 72 милиони евра од Борнмут замина во Манчестер Сити.
Ларсен одигра 63 натпревари за Вулверхемптон и постигна 20 гола. Оваа сезона, тој ја погоди противничката мрежа шест пати во 25 натпревари.
Foto/ depositphotos

