Контакт

Спорт

„Разговарав со Конте, сакам да играм во Интер“

Објавено пред

Во јануари на Оливие Жиру му пропадна трансферот во Интер, напаѓачот се надева дека ќе се пресели на „Џузепе Меаца“ во летниот преоден рок. Пред неколку месеци трансферот на Жиру пропадна бидејќи Челси не успеаја да донесат замена за Жиру.

„Надежта не ме напушташе до полноќ на 31 јануари требаше да одам во Интер или Лацио. Нивните претставници беа во Лондон разговараа со мојот менаџер. Сепак на крајот морав да останам во Челси. Клубот ми дозволи да заминам но само доколку најде адекватна замена“, рекол Жиру.

Францускиот репрезентативец се надева дека во летниот преоден рок ќе замине од Челси и дека ќе се пресели во Интер.

„Мене најинтересен ми е проектот на Интер, би сакал да играм таму. Разговарав со тренерот Антонио Конте кој ме тренираше во Челси“, заклучил поранешниот играч на Монпелје и Арсенал.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Мејвејдер е најдобариот боксер во историјата

Објавено пред

Специјализираниот портал за бокс „BoxRec“ го прогласи Флојд Мејведер за најдобар боксер во историјата. Мејвејдер во кариерата не загубил ниту еден меч. во пензија замина со 50 победи.

Совршената статистика, 50 борби и ниту еден пораз биле доволни за уредниците на порталот да му ја доделат круната на Мејвејдер. Сепак нивниот избор на десетмината најдобри во историјата ќе предизвика многу коментари бидејќи во Топ 10 на сите времиња нема место за боксерските икони Роки Марчано, Мајк Тајсон, Ивандер Холифилд, Џо Фрејзер, Џорџ Форман…

Зад Мејвејдер на второто место се наоѓа легендарниот Филипинец Мани Пакјао кој во кариерата има 62 победи и седум порази. На третото место е Карлос Монзон, а дури на четвртото место доаѓа боксер од тешката категорија. Четврти е Мохамед Али (56 победи, пет порази), а петти Шугар Реј Робинсон кој во кариерата имал неверојатни 174 борби.

Во Топ 10 уште се Бернард Хопкинс (55-8-2), Џо Луис (66-3-0), Арчи Мур (186-23-10), Оскар де ла Хоја (39-6-0) и Хулио Цезар Чавез (107-6-2).

Прикажи повеќе...

Спорт

Јувентус е заинтересиран за Турам

Објавено пред

Јувентус е заинтересиран за Маркус Турам од Борусија Менхенгладбах. Маркус е син на поранешниот фудбалер на „старата дама“, Лилијам Турам.

Младиот Турам оваа сезона игра одлично, како и целиот тим кој се бори за пласман во Лигата на шампионите. Тој го привлече вниманието на неколку врвни европски клубови, а според шпекулациите, најзаинтересирани се од Јувентус.

Младиот Турам минатото лето од Генган се пресели во Борусија за девет милиони евра. Се претпоставува дека минималната цена на 23-годипшниот напаѓач сега изнесува 25 милиони евра.

Таткото на Турам го носеше дресот на Јувентус од 2001 до 2006 година.

Покрај Јувентус, од Серија А за Турам биле заинтересирани Интер, Рома и Фиорентина.

Прикажи повеќе...

Спорт

Дилејни две години во Милано

Објавено пред

Американецот Малком Дилејни потпиша двегодишен договор со кошаркарскиот клуб Армани Милано. 31-годишниот кошаркар минатата сезона го носеше дресот на Барселона.

Искусниот плејмејкер во Европа пристигна во 2011 година во Шалон, потоа играше за Будивељник, Баерн, Локомотив Кубан и Барселона. Две сезони, од 2016 до 2018 година, беше во САД и Кина, во Атланта хокс, односно Гундонг.

Минатата сезона во Евролигата Дилејни во просек бележел по 10 поени и 4,3 асистенции по натпревар.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот...

Европа12 минути

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало...

Свет32 минути

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот...

Свет2 часа

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Европа2 часа

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за...

Регион14 часа

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Свет14 часа

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Свет15 часа

Путин: На напад со конвенционално оружје Русија ќе возврати со нуклеарно

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор...

Македонија15 часа

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија17 часа

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија19 часа

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија19 часа

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Македонија20 часа

Бухова: Завршени се 100 од 485 тестови на вработени во конфекциските фабрики во Штип

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од...

Регион22 часа

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија23 часа

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион23 часа

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет1 ден

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет1 ден

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт1 ден

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа1 ден

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Досие