Спорт
Реал без Ридигер против Атлетико и Манчестер сити

Реал Мадрид доживеа пораз од Еспањол и остана без Антонио Ридигер. Дефензивецот одигра само 15 минути против Еспањол, теренот го напушти поради повреда на препоните.
Утрово Карло Анчелоти дозна дека следните три недели ќе го составува тимот без Антонио Ридигер.
Германскиот репрезентативец ќе го пропушти градското дерби со Атлетико и дуелите со Манчестер сити во плјеофот за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.
Ридигер ќе ги пропушти и дуелите против Леганес во Купот на Шпанија и Осасуна во првенството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Напаѓачот на Челзи доби црвен по 4 минути игра, ќе му ја скршеше ногата на противникот

Фудбалерите на Фламенго го победија Челзи со 3:1 во натпреварот од второто коло на Светското клупско првенство. Англичаните поведоа со голот на Педро Нето во 13. минута, но Бразилците доминираа во вториот дел. Најпрво израмни Бруно Хенрике во 62. минута, додека Данило во 65. погоди за 2:1. Конечните 3:1 ги постави Валас Јан во 83.
Работата на Фламенго ја олесни Николас Џексон, кој доби директен црвен картон во 68. минута. Сенегалскиот напаѓач влезе во игра во 64. минута, а неколку моменти подоцна со високо крената нога го удри Лукас Аиртон. Судијата веднаш го исклучи и го остави Челзи со десет играчи, кои Јан ги искористи за третиот гол.
68' You can’t script this.
Nicolas Jackson subbed on… and sent off 4 minutes later 🟥😱Watch the @FIFACWC | June 14 – July 13 | Every Game | Free | https://t.co/i0K4eUtwwb | #FIFACWC #TakeItToTheWorld #FLACHE pic.twitter.com/4hvEGYxPRQ
— DAZN Football (@DAZNFootball) June 20, 2025
Џексон се извини по натпреварот во порака на Инстаграм.
„Сакам да се извинам. На клубот, моите соиграчи и сите навивачи кои гледаа. Ве изневерив. Уште еден црвен картон и искрено, многу сум лут на себе. Работам напорно секој ден за да му помогнам на тимот, а не да го ставам во оваа ситуација. Сè уште не разбирам целосно како се случи. Но, едно е сигурно, тоа не беше намерно. Тоа беше момент во играта кој тргна наопаку. Нема извинување. Ја преземам целосната одговорност. Ќе размислувам за се, ќе учам од тоа и ќе се вратам посилен за сите што веруваат во мене. Извинете.Прости ми“, напиша.
Тоа беше негов втор црвен картон сезонава, по првиот дел во Премиер лигата, додека вкупно четири пати во кариерата беше исклучен.
Тренерот на Челзи, Енцо Мареску беше прашан што мисли за исклучувањето на Џексон, а тој одговори: „Тоа беше црвен картон. Немам што да кажам“.
Спорт
Борнмут и Ливерпул го договорија трансферот на Керкез

Милош Керкез, унгарски фудбалер од српско потекло, го договори трансферот во Ливерпул.
Борнмут од трансферот ќе заработи 40 милиони фунти.
Во следните неколку дена, Керкез ќе треба да ги мине лекарските прегледи, по што ќе потпише договор со „црвените“.
Керкез ќе биде трето засилување за Ливерпул, откако клубот ги договори Џереми Фримпонг и Флоријан Вирц.
Милош Керкез одигра 38 натпревари за Борнмут минатата сезона, постигна два гола и забележа пет асистенции.
Спортскиот директор на Ливерпул, Ричард Хјуз, го донесе Керкез од АЗ Алкмар за околу 18 милиони евра во 2023 година, кога тој ја извршуваше таа позиција во Борнмут.
Спорт
29-годишник ќе ја предводи Парма

Италијанскиот фудбалски клуб Парма назначи нов тренер, откако Кристијан Киву ја напушти клупата за да го преземе Интер.
Нов тренер на познатиот клуб е шпанскиот стручњак Карлос Куеста, кој потпиша двегодишен договор.
Станува збор за 29-годишник кој стана најмладиот тренер во историјата на Серија А и моментално најмладиот главен тренер во една од петте најсилни европски лиги.
Куеста ја започна својата тренерска кариера во 2014 година како 19-годишник во Атлетико Мадрид, каде што беше асистент во тимот до 17 години.
Од 2018 до 2020 година, тој беше асистент во тимот на Јувентус до 17 години, а во последните пет години беше помошник тренер во Арсенал, а Микел Артета го научи практично сè што знае за тренерската работа.
Парма моментално има пет играчи кои се постари од тренерот, а најискусен меѓу нив е поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина Милан Ѓуриќ (35).
„Млекарите“ ја завршија претходната сезона на 16-то место.