Спорт
Реал го официјализираше трансферот на Алекс Тајус

Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид го потврди трансферот на центарот Алекс Тајус. Американецот, во Мадрид, пристигна од Галатасарај, каде ја започна оваа сезона.
Алекс Тајус, во Реал, ќе му биде „бек-ап“ на првиот центар Валтер Таварез. Поради напорната сезона, фактот дека за Таврез немаат замена, а и поради повредата на Ентони Рендолф, за кого сезоната е завршена, Реал мораа да ангажираат нов играч.
За трансферот на Тајус Реал на Галатасарај им платиле 125.000 евра.
Тајус, кариерата во Европа ја започна во Макаби Ашдод, потоа играл во Канту, па во Макаби Тел Авив, Ефес, Галатасарај и Уникс.
Најголемиот успех во кариерата му е титулата во Евролигата, која ја освои со Макаби во 2014 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пирло: Полошо од ова не може

Јувентус, без вистинска борба, синоќа беа поразени во дербито од Интер (2:0). Фудбалерите на Андреа Пирло го одиграа најлошиот натпревар во сезоната и по поразот паднаа на петтата позиција на табелата.
„Не можевме да одиграме полошо од ова. Не се појавивме на теренот, бевме многу лоши. Се исплашивме од напаѓачката игра на Интер, бевме насочени кон одбраната на својот гол. Не бевме агресивни. Му дозволивме на Интер да го диктира ритамот на натпреварот. Не бевме агресивни“, изјавил тренерот Пирло по поразот на „Џузепе Меаца“.
„Нашите амбиции остануваа исти. Болно е кога ќе загубие на ваков начин од силен противник, но вакви работи се случуваат. Разочаран сум од ставот на моите фудбалери“, заклучил Пирло.
Спорт
Кукавички потег на Меси, без топка удри противнички играч

Лионел Меси синоќа го доби првиот црвен картон во дресот на Барселона. Каталонците беа поразени синоќа во Суперкупот на Шпанија од Атлетик Билбао (2:3), а Аргентинецот беше исклучен во 120. минута.
Меси, без топка, го нокаутира напаѓачот на Атлетик, Асиер Виљалибре.
Судијата Хесус Хил Манзано, по изгледаната снимка, го исклучи најдобриот фудбалер на Барселона.
За Меси, ова е трет црвен картон во кариерата, претходно двапати, во 2005 и 2019 година бил исклучен во дресот на Аргентина.
Меси се соочува со жестока казна. Ваков прекршок, според правилникот на Ла Лига, се казнува со суспензија од четири до 12 натпревари.
Messi sees red for an off-the-ball swing. pic.twitter.com/PAW8cm95OR
— ESPN FC (@ESPNFC) January 17, 2021
Спорт
Чупиќ заминува од Вардар

Иван Чупиќ по завршувањето на сезоната ќе го напушти Вардар. Специјализираниот ракометен поратал, Planet Handball, објави дека десното крило ќе се врати во Загреб.
Според овој извор, Чупиќ, со Загреб ќе потпише три годишен договор.
Иван Чупиќ, пет сезони е во Вардар, тој даде голем придонес во освојувањето на двете титули во Лигата на шампионите.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира