Спорт
Реал го продава Еден Азар

Еден Азар ги брои последните денови на „Сантијаго Бернабеу“. Шпанските медиуми пишуваа дека Флорентино Перез ќе направи сѐ да за до продаде Белгиецот да крајот на актуелниот преоден рок.
Две и пол години мачење. Така најдобро може да се опише престојот на Азар во шпанската престолнина. Донесен како големо засилување во 2019 година, Азар не покажа ништо во дресот на Реал.
Флорентино Перез вложи 100.000.000 евра за фудбалер шот во тој момент влезе во последната година од договорот со Челси.
Реал очекуваа дека тој ќе биде новиот лидер по заминувањето на Роналдо во Јувентус, но Белгиецот повеќе време мина во клупската амбуланта отколку на теренот. За Реал има одиграно само 43 натпревари, на кои постигнал четири гола.
Перез го загубил трпението откако лекарскиот тим на Реал предложил Азар да замине на нова операција.
Проблем е само што во овој момент никој не е заинтересиран за фудбалерот, кој блескаше во дресот на Челси во Премиер лигата.
Еден Азар има договор со Реал до јуни 2024 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Венцислав и Дејан Недев викендов ќе одржат ИТКФ-карате семинар и полагање за тренери и судии во Лондон

На покана од Федерацијата за традиционално карате на Англија, др. Венцислав и др. Дејан Недев на 21 и 22 јуни ќе одржат карате семинар и полагање за мајсторски појаси во Лондон, Англија.
Се очекува учество на околу 200 каратисти од повеќе карате клубови низ цела Англија. На крајот од семинарот ќе се одржи полагање за мајсторски појаси, тренери и судии.
Минатиот месец, Недеви учествуваа и на голем меѓународен карате семинар со врвни јапонски инструктори — Оиши, Кавазое и Наито — од Јапонската Карате Асоцијација.
Спорт
Милинковиќ-Савиќ го договорил трансферот во Наполи

Вања Милинковиќ-Савиќ, голманот на Торино, се согласи да се пресели во Наполи.
Договорот помеѓу српскиот голман и актуелниот шампион на Италија треба да биде потпишан до 2029 година.
Според медиумите во Италија, преговорите меѓу клубовите исто така одат во добра насока, па се чини дека нема пречки голманот да се пресели во Неапол. Наполи за трансферот ќе издвои 18 милиони евра.
Во својата кариера, повремениот репрезентативец на Србија ги носеше дресовите на Војводина, Манчестер Јунајтед, Лехија Гдањск, Асколи, Спала и Торино.
Спорт
(Видео) Индијана ја декласира Оклахома, изедначи на 3:3 во финалето

Индијана Пејсерс изборија мајсторка за титулата во НБА лигата. Пејсерс го изедначија резултатот во финалната серија на 3:3, откако ги победија Оклахома табдер со 108:91.
И двата тима се борат за првата титула шампион на НБА, а за прв пат од 2016 година ќе се игра мајсторка во финалето.
Решавачкиот меч е закажан за понеделник во 2 часот наутро по средно европско време во Оклахома.
Индијана до победата ја предводеше Оби Топин со 20 поени, Ендру Нембхарт уфрли 17, додека Паскал Сиакам додаде 16 со 13 скока.
Повредениот Тајрис Халибартон забележа 14 поени и пет асистенции.
Во тимот на Тандер, Гилџес-Александар имаше 21 поен, Џејлен Вилијамс додаде 16, додека Ајзеа Џо со 11 и Изеа Хартенштајн со 10 поени исто така беа двоцифрени.