Спорт
Ред Бул го претстави „RB20“
Актуелниот шампион во Формула 1, Ред Бул е последниот тим кој го претстави својот болид за новата сезона. И овој автомобил го носи името „RB20“, што е еволуција на минатогодишниот болид, кој беше најдобар во сезоната.
Не само што другите тимови го копираа Ред Бул, туку и австрискиот тим „украде“ идеи од другите тимови за новиот болид.
На прв поглед, овогодинешниот болид има поголем преден дел, сите други тимови поврзале три елементи од предното крило со носот на болидот, додека четвртиот е одделен и го насочува воздухот под болидот и кон подот. Ред Бул ги поврза сите четири елементи и со тоа се издвои од конкуренцијата.
Што се однесува до страничните доводи, Ред Булl направи лизгалка што го насочува воздухот кон подот, додека капакот на моторот овојпат е широк и обликуван да формира канали кон задното крило. Во овој дел шампионскиот тим го ископира тимот на Мерцедес.
Задната суспензија не претрпе никакви промени, така што конфигурацијата на „пуш-роуд“ е задржана, а задното крило е засилено со еден столб каде што се наоѓа механизмот за активирање „ДРС“.
И оваа сезона за тимот на Ред Бул ќе вози истото дуо како и минатата година. Зад воланот на новиот болид на актуелниот шампион во Формула 1 ќе бидат Серхио Перез и трикратниот светски шампион Макс Ферстапен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Европа е воодушевена од голот на Луис Дијаз
Фудбалерот на Баерн, Луис Дијаз, постигна еден од најубавите и најтешките голови од почетокот на сезоната.
Поранешниот играч на Ливерпул е одличен во дресот на германскиот гигант, ја потврди својата добра форма со веројатно најефектниот гол оваа сезона, од вкупно шест што ги постигна во Бундеслигата.
Сè што направи во 38-та минута против Унион Берлин беше чисто совршенство на движење, вештина и талент.
Инаку мечот во Берлин заврши 2:2, со што Баерн ја прекина серијата од 16 победи во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.
𝗦𝗧𝗢𝗣 𝗪𝗛𝗔𝗧 𝗬𝗢𝗨'𝗥𝗘 𝗗𝗢𝗜𝗡𝗚 𝗥𝗜𝗚𝗛𝗧 𝗡𝗢𝗪 𝗔𝗡𝗗 𝗪𝗔𝗧𝗖𝗛 𝗧𝗛𝗜𝗦. 👀
Luis Diaz's goal today was simply incredible. 🇨🇴 🤩 ❤️🤍 pic.twitter.com/m0e7GrxER1
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) November 8, 2025
Спорт
(Видео) Ништо ново во Денвер, трипл-дабл на Јокиќ и победа на Нагетс
Денвер Нагетс убедливо ги победија Индијана Пејсерс со 117:100 во ноќта помеѓу саботата и неделата.
Трократниот најкорисен играч Никола Јокиќ, одигра уште еден „брутален“ натпревар и оствари трипл-дабл со 32 поени, 14 скока и 14 асистенции.
Јокиќ имаше дури 8 изгубени топки, но шутираше неверојатни 10/14 од поле и реализираше 11 од 12-те слободни фрлања.
Во деветтиот меч од почетокот на сезоната, Јокиќ го забележа шестиот трипл-дабл. Денвер играа без Џамал Мареј и Ерон Гордон.
Резултати:
Вашингтон Визардс – Далас Маверикс 105:111
Филаделфија – Торонто Репторс 130:120
Атланта Хокс – Лос Анџелес Лејкерс 122:102
Кливленд Кавалирс – Чикаго Булс 128:122
Мајами Хит – Портланд Блејзерс 136:131
Сан Антонио Спарс – Њу Орлеанс Пеликанс 126:119
Денвер Нагетс – Индијана Пејсерс 117:100
Лос Анџелес Клиперс – Феникс Санс 103:114
Спорт
Тренерот на Лејкерси збесна по поразот од Атланта
Џеј Џеј Редик, тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, беше многу лут на својот тим по поразот 122:102 од Атланта Хокс во Џорџија.
Лејкерс го одиграа својот најлош натпревар во сезоната во саботата навечер, а тренерот Џеј Џеј Редик беше исклучително бесен на својата прес-конференција по натпреварот.
„Ништо не беше добро. Хокс играа добро, ние сме разочарани, ќе ги анализираме причините“, рече Редик.
Кога новинар го праша кога сфатил дека играчите „нема да се вклучат“, тој рече:
„Го сфатив тоа во првите две минути. Не видов ништо“, рече Редик додека ја напушташе прес-конференцијата.
Лука Дончиќ беше најефикасен со 22 поени, 5 скока и 11 асистенции, а имаше и 5 изгубени топки и само 7/17 од поле…
Долтон Кнехт му беше друштво со 14 поени, Џејк Ларавија имаше 13, а Џаред Вандербилт одигра фантастично, со 12 поени и 18 скока.
JJ Redick is PISSED 😳
(via @ohnohedidnt24) pic.twitter.com/TgRzErbkyZ
— Lakers Lead (@LakersLead) November 9, 2025

