Спорт
Рено го покажаа болидот од кој има големи очекувања
Тимот на Рено го претстави својот нов болид за 2019 година, од кој имаат многу очекувања и кој ќе биде во способните раце на Нико Хилкенберг и новото засилување Даниел Рикардо, кој доаѓа од Ред бул, каде што помина повеќе од една деценија како јуниор.
Рено РС19 повторно е во традиционалната темножолто-црна комбинација, но овој пат со очигледно потемен дизајн, но уште поважно е тоа што внатре во болидот, а се верува дека францускиот автомобилистички гигант потроши многу пари да се доближи до водечкото трио Мерцедес/Ферари/Ред бул веќе во 2019 година кога лани заврши на четвртото место.
„Како тим се развивме толку многу од почетокот на 2017 година и тоа е само процес од нашата главна цел – освојувањето на титулата. Кога пристигнав, тимот беше млад, но сега сме многу напред“, вели Хилкенберг.
Рикардо, пак, вели дека сака да донесе нова енергија во тимот.
„Сакам да бидам катализатор за позитивни промени. Секогаш е возбудливо кога има нов Ф1-болид пред новата сезона, но оваа година е малку посебна за мене бидејќи речиси сè е ново“, вели Рикардо.
1977 to 2019. Every line. Every curve. Using the most advanced technology available, and improving year on year. Breaking new grounds. All leading to today.
Here is the 2019 Renault F1 Team challenger. Here is the R.S.19.? in partnership with @Microsoft#RSspirit pic.twitter.com/4axmZVAe0Y
— Renault F1 Team (@RenaultF1Team) February 12, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.