Спорт
Репрезентацијата на Велс го менува името
Фудбалската репрезентација на Велс би можела да го смени името по Светското првенство, пишува британски Би-би-си. По Мундјалот Велс треба да се вика Камри, што е традиционалното име на нивната земја на велшки јазик.
Камри е името што Велс веќе го користи во официјалните комуникации и документи. Претседателот на асоцијацијата Ноел Муни рече дека сакаат да направат чекор понатаму.
„Репрезентацијата треба да се вика Камри затоа што така ја нарекуваме. Така ги нарекуваме сите наши репрезентации овде во Велс. Ако ги погледнете нашите страници на интернет, ние сме Камри на сите нив. На меѓународен план, имаме уште работа. Видовте како, на пример, Азербејџан и Турција ги користат своите јазици. Она што сакаме да го постигнеме е да го оживееме велшкиот јазик и да го зголемиме чувството за национална гордост и да ја истакнеме нашата култура и наследство.“
Репрезентацијата на Велс од 20. ноември ќе се натпреварува на Светското првенство во Катар. Ќе играат во група со Англија, САД и Иран. Тоа е втор настап на Велс во историјата на Светските првенства, првиот беше во 1958 година во Шведска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Феникс Санс го отпуштија Франк Вогел
Феникс Санс го отпуштија тренерот Френк Вогел, 11 дена откако беа поразени во првото коло од плеј-офот од Минесота.
„По внимателен преглед на сезоната, заклучивме дека ни треба поинаков тренер за нашиот тим. Ја цениме напорната работа и посветеноста на Френк“, рече генералниот директор на Санс, Џејмс Џонс.
Вогел ја плати цената за катастрофалната серија на Санс во плејофот, бидејќи тие беа поразени од Минесота со 4:0.
Феникс забележа 49 победи во регуларниот дел од сезоната, но сето тоа пропадна со раната елиминација во НБА плејофот.
Вогел на почетокот на сезоната дојде во тимот од Аризона, а претходно работеше со Лејкерс, Орландо и Индијана.
Поранешниот тренер на Милвоки Бакс, Мајк Буденхолцер, како што тврди ЕСПН е најсеризен кандидат за нов тренер на франшизата од Аризона.
Спорт
Борусија ќе заработи повеќе ако загуби од Реал во финалето
Борусија Дортмунд и Реал Мадрид ќе се сретнат на 1.јуни на „Вембли“ во финалето на Лигата на шампионите.
Реал во своето 18.финале ќе се обиде да го освои 14. трофеј, додека Борусија трет пат ќе се бори за титулата во ЛШ. „Милионерите“ имаат една титула.
Сепак, ако на дуелот во Лондон се гледа само од финансиска перспектива, на Борусија повеќе и се исплати да загуби!
УЕФА победникот ќе го награди со 20 милиони евра, додека поразениот клуб ќе заработи 15,5 милиони евра.
Доколку загуби Борусија ќе добие дополнителни 25 милиони евра, но не од УЕФА туку од Реал.
Џуд Белингем, минатото лето за сума од 103 милиони евра, од Борусија се пресели во Реал. Во неговиот договор има клаузула според која Реал мора да и исплати на Борусија дополнителни 25 милиони евра доколку Белингем со Реал ја освои Лигата на шампионите во наредните пет години.
Спорт
Баер Леверкузен ги собори сите рекорди на непобедливост
Фудбалерите на Баер Леверкузен, предводени од тренерот Чаби Алонсо, станаа рекордери во светскиот фудбал. „Фармацевтите“ 49 натпревар не знаат за пораз. Тие, синоќа, го урнаа рекордот на Бенфика стар 59 години.
Она што особено инпресионира во оваа нестварна серија се головите што ги постигнуваат играчите на Алонсо по 90.минута. Сезонава одиграле 17 такви натпревари.
Синоќа против Рома, исто како и пред десет дена против Штутгарт, Баер од пораз се спаси со гол во 97.минута.
„Фармацевтите“ ќе имаат можност да ги освојат сите можни трофеи оваа сезона. Тие одамна ја освоија титулата во Бундеслигата, што беше нивна прва во клупската историја, а до крајот на овој месец ги очекуваат финалните натпревари во Купот на Германија и Лига Европа.
Избраниците на Чаби Алонсо последен пат загубија на 27 мај минатата година во последното коло од Бундеслигата против Бохум со 3:0.
Bayer everkusen 90th minute goals this season:
90′ vs Ottensen
90′ vs Bremen
90+1′ vs Leipzig
90+1′ vs Stuttgart
90+1′ vs Hoffenheim
90+1′ vs West Ham
90+2′ vs Sandhausen
90+2′ vs Qarabag
90+3′ vs Qarabag
90+4′ vs Bayern
90+4′ vs Qarabag
90+4′ vs Augsburg
90+5′ vs Bayern
90+7’… pic.twitter.com/Oxh2BymdRI— StatMuse FC (@statmusefc) May 9, 2024