Спорт
Ретклиф подготвува голема чистка во Манчестер Јунајтед
Манчестер јунајтед ќе доживее огромни промени во ростерот во претстојниот летен преоден рок. Сер Џим Ретклиф, кој неодамна купи 27 отсто од акциите и стана косопственик, ќе раководи со спортскиот сектор.
„Дејли Мејл“, пишува дека милијардерот сака да го искористи својот финансиски капитал за да му овозможи на Јунајтед целосно да го смени играчкиот кадар во еден преоден рок. Според овој извор, 11 фудбалери да го напуштат клубот.
Хари Мегваер, Рафаел Варан, Касемиро, Арон Ван-Бисака, Скот Мектоминај, Виктор Линделоф и Кристијан Ериксен се играчи од кои Ретклиф верува дека Јунајтед може да заработи пари, а тој исто така сака да се ослободи четворица играчи кои се позаијемни во други клубови: Брендон Вилијамс, Дони Ван де Бик, Факундо Пелистри и Џејдон Санчо.
Ретклиф истакнува дека навивачите мора да бидат свесни дека резултатите нема да дојдат во првата сезона.
„Навивачите не смеат да го изгубат трпението, имаме десетгодишен план. Ќе ни требаат најмалку три години да го достигнеме нивото што го посакуваме. Не е реално да се мисли дека веднаш ќе можеме да играме фудбал каков што Сити играше против Реал Мадрид минатата сезона“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Нијанг во 93.минута избори опстанок за Емполи, Фросиноне испадна од Серија А
Нестварен расплет во борбата за опстанок донесоа последните натпревар сезонава во Серија А. Фросиноне во последното коло влезе од најдобра позиција, на крајот им се придружи на Сасуоло и Салернитана кои претходно испаднаа во Серија Б. Емполи од испаѓање се спаси со гол во 93.минута.
Емполи на домашен терен ја совлада Рома со 2:1. Емполи поведе во 13. минута со голот на напаѓачот Матео Канчелери, но Хусем Ауар им ја расипа вечерта на домашните навивачи со гол во судиското надополнување на првото полувреме. Сепак, во 93. минута се експлодираше на стадионот „Карло Кастелани“. Стрелецот на првиот гол Канчелери го пронајде Ембаје Нијанг во шеснаесетникот на гостите, кој ја испрати топката во голот и му обезбеди опстанок на Емполи.
NIANG SCORES!!!! EMPOLI ARE SAVED!!! pic.twitter.com/vRspn6ruy1
— Follow @footitalia1 (@footitalia2) May 26, 2024
Од друга страна, се слави и во Удине. Удинезе го совлада Фросиноне со 1:0 како гостин и со тоа избори опстанок. Голот за победа го постигна Кеинан Дејвис на 14 минути до крајот на натпреварот.
Спорт
Панатинаикос ја освои Евролигата, во финалето го декласира Реал
Панатинаикос ја освои титулата на завршниот турни во Евролигата. Во Берлин Панатинаикос го победи бранителот на титулата Реал Мадрид со 95:80. Ова е седма титула за Панатинаикос, прва од 2011 година. Тренерот на зелените, Ергин Атаман трет пат во кариерата стана европски првак, првите две титули ги освои со Анадолу Ефес.
Панатинаикос во финалето го предводеа Костас Слукас со 24 поени, Кендрик Нан со 21 поен, односно Матијас Лесор со 17 пени и шест скока. Кај Реал Џана Муса уфрли 15 поени, Факундо Кампацо 12 со четири асистенции, Чачо Родригез 11. Потфрли Марио Хезоња со само осум поени (шут за три 1/8) и осум скока.
Панатинаикос во големото финале одигра брилијантен натпревар. Во првиот дел имаа негатива од 14 поени, но во вториот дел одиграа нестварно во одбраната и на крајот заслужено дојдоа до трофејот.
МВП на завршниот турнир е Костас Слукас. Плејмејкерот ја освои третата титула во Евролигата, претходно по една освои со Олимпијакос и со Фенербахче.
Спорт
Барселона го сака Луис Дијаз
Барселона е серизоно заинтересирана за крилниот напаѓач на Ливерпул и колумбиски репрезентативец Луис Диас, пренесуваат шпанските медиуми.
„АС“, наведува дека каталонскиот клуб планира засилување во нападот во текот на летниот преоден рок, а изборот паднал на Дијас, кој наводно сака да го напушти Ливерпул.
Во 2022 година, колумбискиот фудбалер пристигна во Ливерпул од Порто за 45 милиони евра.
Тој има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.
Шпанските медиуми пренесуваат дека спортскиот директор на Барселона Деко веќе разговарал со менаџерот на Дијас, а преговорите би можеле да продолжат во следните неколку недели.
Дијас (27) сезонава за Ливерпул одигра 51 натпревар и постигна 13 голови.