Спорт
Шмид пред еден месец беше капитен на репрезентацијата, сега стана селектор
Легендарниот Швајцарец, Енди Шмид е назначен за нов селектор на националниот тим. Шмид минатиот месец настапи Европското првенство. Последниот натпрвевар во кариерата го одигра против Македонија (27:29).
Шмид и покрај тоа што имаше договор до крајот на сезоната, реши да замине во пензија. Кариерата во репрезентацијата ја заврши по 218 натпревари и 1094 голови.
Енди доаѓа на местото на Мајкл Сутер кој осум години ја предводеше Швајцарија. Шмид ќе дебитира во својата нова улога против европскиот вицешампион Данска во квалификациите за Светското првенство во 2025 година.
Шмид ја започна кариерата во Грасхоперс, играше и за Рајн Некар Левен од 2010 до 2022 година и пет пати беше најдобар играч на Бундеслигата, а два пати шампион на Германија.
Последните две сезони беше во Крејнс-Луцерн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јовановиќ на местото на Појет – Грците добија нов селектор
Искусниот српски тренер Иван Јовановиќ ќе биде селектор на грчката фудбалска репрезентација во следните две години, јавуваат тамошните медиуми. Овој 61-годишен тренер добро ги познава работите во грчкиот фудбал.
Јовановиќ на функцијата го наследи, Уругваецот Густаво Појет. Под негово водство, Грците не успеа да се пласира на Европското првенство. Грузија во баражот ја совлада Грција по изведувањето пенали.
Тренерската кариера ја започна во Нико Волос, Ираклис го водеше во два мандати, голем успех постигна со АПОЕЛ од Никозија, со тимот играше четвртфинале во Лигата на шампионите, Панахаики од Патра, а потоа се пресели во Абу Даби. Го водеше Ал Наср, а од 2019 до 2020 година беше селектор и на Обединетите Арапски Емирати.
Во 2021 година се врати во грчкиот фудбал и до 2023 година беше тренер на Панатинаикос.
Тој го предводеше АПОЕЛ до четири шампионски титули на Кипар и го освои Купот на Грција со ПАО. Тој беше прогласен за најдобар српски тренер во 2011 година, додека магазинот „Газета“ го избра за најдобар тренер на грчката Суперлига во 2022 година.
Спорт
Нигериецот Еџуке ја засили Севилја
Севилја почна да го формира ростерот за следната сезона. Прво засилување на клубот од Андалузија е Чидера Еџуке.
Нигерискиот фудбалер минатата сезона играше како позајмен во Антверпен од ЦСКА Москва. Севилја нема да издвои ниту цент за неговиот транфср, бидејќи му истече договорот со ЦСКА.
Еџуке постигна три гола и четири асистенции на 21 натпревар во белгискиот шампионат, а неговата природна позиција е лево или десно крило.
Во својата кариера, Еџуке играше за Суприм Корт, Гомбе Јунајтед, Валеренга, Херенвен, ЦСКА Москва, Херта и Антверпен.
Спорт
Манчестер сити ја одреди цената за Кансело
Манчестер сити ја одреди цената за десниот бек Жоао Кансело. Португалецот минатата сезона ја мина на позајмица во Барселона.
Пеп Гвардиола не беше задоволен од игрите на Кансело, а Португалецот не беше задоволен од минутажата, па единствено логично решение беше разделбата. Најпрвин беше на шет месечна позајмица во Баерн. Во Минхен беше импресионирани од него, поради што и не го откулија неговиот договор.
Во Барселона, минатата сезона имаше добри периоди, медиумите шпекулираа дека клубот ќе го откупи од Манчестер сити, но прашање е дали Барселона ќе троши пари за десен бек.
Манчестер сити од клубовите кои се заинтересирани да го донесат Кансело ќе бара 30 милиони евра, што отприлика ја претставува неговата проценета вредност.
Кансело во Манчестер сити пристигна во 2019 година, а одигра 154 натпревари, постигна девет гола си забележа 21 асистенција.