Спорт
Ретклиф пред преземање на Манчестер јунајтед за 6 милијарди фунти
Најбогатиот Британец, Сер Џим Ретклиф е пред комплетирање на преземањето на Манчестер јунајтед од американското семејство Глејзер, кои сепак, ќе останат како малцински сопственици со 20 отсто од клубот, тврдат британските медиуми. Договорот ќе биде „тежок“ 6 милијарди фунти, рекорд за еден спортски клуб.
Главни ривали на Ретклиф, газдата на хемискиот гигант „ИНЕОС“, беа катарските инвеститори предводени од шеикот Џасим Бин Хамад Ал-Тани, претседателот на Катарската исламска банка (QIB), но поради желбата на Глејзери да задржат дел од клубот, Ретклиф е избран како најдобар понудувач, јавува „Тајмс“.
Се верува дека Ретклиф ќе даде 6 милијарди за клубот, а 20-те отсто акции, кои ќе останат кај претседателите на клубот Џоел и Аврам Глејзер ќе бидат откупени во следните четири-пет години.
Според „Тајмс“, Катарците не се подготвени да се откажат и можно е дадат и дополнителна понуда за да го спречат преземањето на клубот.
🔺 NEW: Sir Jim Ratcliffe has moved a significant step closer to securing Manchester United with the Glazers and their New York bankers ready to discuss details of a sale with the British petrochemicals billionaire https://t.co/tEyEScwVVU
— Times Sport (@TimesSport) May 12, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Челси победи во Лестер
Фудбалерите на Челси забележаа победа на „Кинг Пауер“ против Лестер (2:1) во 12.коло во Премиер лигата.
Со оваа победа Челзи ја продолжи трката за титулата во англискиот шампионат. На третото место е со 22 бода, еден помалку од Манчестер сити и шест помалку од Ливерпул, но и со натпревар повеќе од овие ривали.
Од друга страна, Лестер е на 16. позиција во Премиер лигата со 10 бодови. Ова за „лисиците“ беше шести пораз оваа сезона.
Челзи многу подобро влезе во натпреварот и успеа да поведе во 15. минута, откако Николас Џексон успеа да го матира Мадс Хермансен по асистенција на Енцо Фернандез.
Челзи имаше иницијатива, напаѓаше постојано. Нони Мадуеке во 32. минута успеа да постигне уште еден гол, но неговиот гол беше поништен поради офсајд, па немаше промена на семафорот.
Гостите од Лондон ја продолжија офанзивата и во вториот дел. Во 54. минута ја имаа најдобрата шанса да го удвојат водството, но ударот на Кол Палмер, кој имаше зицер, го блокираше неговиот соиграч Нони Мадуеке на гол-линијата.
The touch and the finish what a player Jackson is pic.twitter.com/jdfhj5ztM4
— KAS (@CFCKAS) November 23, 2024
Сепак, „сините“ успеаја да го удвојат водството во 75. минута по ударот на Николас Џексон, кој голманот го одбрани и потоа со глава Енцо Фернандез ја упати топката во мрежата за 2:0.
Лестер нападна во завршницата, а по невнимателен старт од страна на еден од дефанзивците на Челзи, судијата по реакцијата од ВАР собата покажа на белата точка.
Ају ја презеде одговорноста и погоди за 2:1. Сепак, остана малку време за Лестер да дојде до бод.
Спорт
Барса бара замена за Левандовски – ќе пристигне бесплатно и ќе ја чини 80 милиони евра
Роберт Левандовски продолжува да игра во одлична форма и со 14 гола е убедливо водечки стрелец во Ла Лига (второпласиран Винисиус со осум) и еден од најдобрите играчи.
Сепак, полскиот напаѓач има 36 години и Барселона е во потрага по негов наследник.
Според шпанските медиуми, таа го пронашла во Џонатан Дејвид, 24-годишниот канадски репрезентативец кој погодува за Лил. Самиот Дејвид пред неколку дена изјави дека „доаѓањето во Барселона, клубот за кој навива уште од детството, би било исполнување на сонот“, а тој сон би можел да се оствари следната година на лето.
Дејвид е договорно поврзан со францускиот клуб само до крајот на сезоната и Барселона ќе може да го доведе, доколку така одлучи. Таа не треба да потроши ниту цент за тој трансфер, но шпанските медиуми наведуваат дека целата зделка ќе ја чини околу 80 милиони евра, колку што би барал во плата и бонуси во четиригодишен договор.
Давид оваа сезона за Лил постигна 13 гола на 19 натпревари. Неговите голови во Лигата на шампионите сезонава ги уништија Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, а заслужен е и за бодот против Јувентус.
Спорт
Флик: Имам и внуци, не можам да бидам во ист клуб 10 години
Барселона и нејзиниот тренер Ханси Флик се вистински европски хит оваа есен. Германскиот тренер „кликна“ со тимот од првиот момент кога пристигна во Барселона. Сепак, Флик не сака да крева еуфорија, сака да остане со двете нозе на земја.
На прашањето дали може да се замисли во Барселона во следните 10 години, Флик даде интересен одговор.
„Да останам во еден клуб 10 години? Мислам дека не можам да останам на едно место толку долго. Имам четири внуци и тие го заслужуваат моето време пред да наполнам 70 години. Ќе видиме“, изјави Флик.
Во моментов Барселона е лидер во Шпанија и се наоѓа во добра позиција во Лигата на шампионите.