Спорт
Рибакина на прашање дали ја осудува војната во Украина: Извинете, не разбирам најдобро англиски!
Елена Рибакина заслужено ја крена својата прва гренд слем титула, враќајќи од сет негатива во финалето на Вимблдон за победа над Онс Жабер, носејќи ја првата гренд слем титула во историјата на Казахстан.
Иако 23-годишната тенисерка од 2018 настапува за Казахстан, таа сепак е родена во Москва, каде што уште живеат нејзините родители, а на Вимблдон оваа сезона официјално им беше забранет настап на тенисерите од Русија и Белорусија поради војната во Украина. Таа по победата во полуфиналето повика за мир во Украина, но откако ја освои титулата имаше интересен одговор дали ја осудува Русија и претседателот Владимир Путин.
„Извинете, мојот англиски не е најдобар и него разбрав вториот дел од прашањето. Од моја страна, можам да кажам дека го претставувам Казахстан и не бирав каде ќе се родам. Казахстан веруваше во мене и ме поддржа и не знам како да ви одговорам на тоа прашање“, вели Рибакина.
Elena Rybakina wins the biggest tournament and is having the best day of her life
Reporter: Do you condemn the war and Putin's actions? pic.twitter.com/ja7R3UdFsl
— Ryan (@Some1NamedRyan) July 9, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Кристал Палас напаѓач најде во Вулверхемптон
Јорген Странд Ларсен е нов член на Кристал Палас.
Норвежанецот му се приклучи на клубот од јужен Лондон од Вулверхемптон, кој е на дното на табелата во елитниот ранг на англискиот фудбал.
Според медиумите на Островот, вредноста на трансферот е 52 милиони евра плус шест милиони што може да ги заработи преку бонуси. Ова е втор најголем трансфер во овој преоден рок, по оној на Антоан Семењо. Репрезентативецот на Гана за 72 милиони евра од Борнмут замина во Манчестер Сити.
Ларсен одигра 63 натпревари за Вулверхемптон и постигна 20 гола. Оваа сезона, тој ја погоди противничката мрежа шест пати во 25 натпревари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Реал добил понуди од 100 милиони евра за Белингем
Реал Мадрид се соочува со неочекуван сценарио околу една од своите најголеми ѕвезди. Џуд Белингем, доведен како стратешко засилување и клучен играч на проектот, оваа сезона не игра добро, едноставно не може да се вклопи во тимот.
Клубот е свесен дека англискиот играч за врска не поминува низ најдобриот период и, иако официјално не е на продажба, сериозна понуда би можела да го натера Флорентино Перез да се премисли, пишуваат шпанските медиуми.
Во последните недели, клубот добил понуди од Премиер лигата кои надминуваат 100 милиони евра.
Водечките англиски клубови веруваат дека британскиот репрезентативец е сè уште пазарна можност и се подготвени да инвестираат многу пари во летниот преоден рок.
Таа сума би му овозможила на Реал Мадрид да ја врати инвестицијата и да ослободи простор за реконструкција на средниот ред. Во моментов, ставот на раководството е цврст: Белингем не е на продажба, но целокупната ситуација во клубот внимателно ја следат.
Во клубот постои загриженост бидејќи фудбалерот не се чувствува целосно удобно во својата моментална улога. Неговите напаѓачки перформанси се намалени, барањата во одбраната се поголеми, а статусот во тимот се промени со доаѓањето на нови ѕвезди. Сето ова предизвикува одредена фрустрација кај него.
Реал Мадрид го поддржува, но ако не се подобри до крајот на сезоната, ниту една опција нема да биде исклучена. Клубот го цени неговиот талент, возраст и комерцијално влијание, но дава приоритет на рамнотежата во соблекувалната и спортската конзистентност на проектот.
Прифаќањето на продажба за повеќе од 100 милиони евра би му овозможило на Мадрид да зајакне неколку клучни позиции или да бара профил на играч кој подобро се вклопува во моменталниот систем.
Белигем постигна шест гола и забележа четири асистенции во 27 натпревари оваа сезона.
Foto/ depositphotos
Спорт
Рибакина преку Пегула до финалето на АО
Елена Рибакина ќе и се спротивстави на Арина Сабаленка во финалето на Австралија Опен.
Казахстанката, родена во Русија, ја победи Американката Џесика Пегула во два сета 6:3 и 7:5 за еден час и 42 минути во второто полуфинале.
Сабаленка претходно, да потсетиме, убедливо ја победи Украинката Елина Свитолина.
На патот до финалето, Рибакина и Сабаленка, не загубија ниту еден сет.
Финалето во сабота ќе биде реприза од финалниот меч во 2023 година, кога Сабаленка победи во три сета.
Последниот пат Рибакина и Сабаленка играа во финалето на завршниот турнир во Ријад минатата година, кога победи Казахстанката.
Во мечот против Пегула, Рибакина, добинираше се до финишот на вториот сет, а потоа влезе во серија грешки, па го доби во драматична завршница.
Рибакина на 5:3, во вториот сет имаше три брејк, односно меч топки. Пегула се извлече, а потоа Казахстанката не успеа, во два наврати на свој сервис да го заврши мечот.
Во тај-брејкот, Пегула пропушти две сет топки, а потоа Рибакина со три брилијантни поени го заврши мечот.
Foto/ depositphotos

