Спорт
Ридигер се „правеше“ Болт, ама Асано му покажа како треба…
Дефанзивецот на Германија, Антонио Ридигер, сакаше да се „направи“ Јусеин Болт во 64.минута, откако го затвори јапонскиот напаѓач Такума Асано при еден спринт крај десната аут линија. Но, во финишот на мечот, токму Асано беше стрелец на победничкиот гол за Јапонците на дуелот со големиот фаворит Германија.
На крајот излезе дека Асано знае како треба…
Look at Rudiger😭😭😭 pic.twitter.com/zmIoLdRf2N
— NK1 (World Cup SZN🇫🇷) (@RoyalKimmich) November 23, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Поради лошата форма, Рашфорд нема да оди во Германија
Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, поради лошата форма би можел да го пропушто Европско првенство во Германија. „Мирор“, пишува дека Рашфорд добил предупредување од селекторот Герет Саутгејт. Англија, во овој момент има врвен талент во нападот, поради што евентуалното отсуство на рашфорд нема да влијае врз нивните амбиции.
„На Маркус Рашфорд му беше кажано дека неговото место во репрезентацијата за Европското првенство е сериозно загрозено. Причината се бројните опции со кои во моментов располага Герет Саутгејт“, пишува „Мирор“.
Рашфорд, од почетокот на сезоната се вклопи во сивилото во кое се наоѓа Манчестер јунајтед. .
26-годишниот напаѓач, на 39 натпревари има скромен учинок од осум гола и пет асистенции. на Јунајтед игра навистина слабо.
Се чени дека од играчите кои играат во нападот сигурни патници на ЕУРо 2024 се: Хари Кејн, Фил Фоден, Кол Палмер, Оли Воткинс, Букајо Сака, Џуд Белингем…
Подобра сезона од Рашфорд имаат и Џерод Бовен (Вест Хем), Еберечи Езе (Кристал Палас), а на повикот од селекторот се надеваат тука се и Ајван Тони (Брентфорд) и Ентони Гордон (Њукасл).
Маркус Рашфорд го имаше своето деби за Англија во 2016 година. Тој одигра вкупно 60 натпревари и постигна 17 голови.
Спорт
Фергусон ќе го пропушти Европското првенство
Шкотскиот репрезентативец Луис Фергусон поради повреда ќе го пропушти Европското првенство во Германија.
Играчот од средниот ред на Болоња ги повреди вкрстените лигаменти во коленот на натпреварот против Монца во Серија А и наскоро ќе биде опериран.
Првите прогнози велат дека тој ќе мора да отсуствува од терените најмалку шест месеци.
Неговата повреда доаѓа во незгодно време кога Болоња се бори за историски пласман во Лигата на шампионите. Болоња моментално се наоѓа на четвртото место во Серија А.
Фергусон пристигна во Болоња во 2022 година од Абердин. Досега има одиграно 12 натпревари за Шкотска.
Спорт
(Фото) Запален олимпискиот пламен во античка Олимпија
Олимпискиот пламен беше запален во античка Олимпија и денеска е на пат за Париз, каде за 99 дена ќе започне најголемата смотра на светскиот спорт.
Свечената церемонија се одржа на античкиот стадион пред неколку илјади луѓе. Таму беа и Томас Бах, претседател на Интернационалниот олимписки комитет, како и Тони Естанж, првиот човек на Игрите во француската престолнина.
Пламенот го запали грчката актерка Мари Мина, а честа прв да го понесе факелот ја имаше олимпискиот шампион во веслање од Токио, Стефанос Дускос.
Факелот и го предаде на поранешната француска пливачка Лори Манаду, олимписка шампионка од Атина во 2004 година.
Факелот ќе патува низ Грција 11 дена, а потоа со брод ќе пристигне во Марсеј.
Олимписките игри годинава ќе се одржат од 26 јули до 11 август во Париз.