Спорт
РК Вардар потврди: Жилберто Дуарте ќе биде првиот Португалец во „Јане Сандански“

Нов играч на РК Вардар за следната сезона ќе биде и португалскиот интернационалец Жилберто Дуарте кој потпиша договор со актуелниот македонски првак, потврди клубот. Тој игра на позицијата лев бек, а доаѓа од екипата на Монпелје од Франција.
Дуарте (197 см. 31 год.) е првиот Португалец што ќе настапува за Вардар. Со Монпелје играше сезонава во Лигата на шампионите и постигна 24 гола. Претходно има настапувано и за екипите на Порто (Португалија), Висла Плоцк (Полска) и Барселона (Шпанија).
Заедно со шпанскиот тим играше и на Ф4 турнирот во Келн во 2019 година кога Вардар ја освои втората и во финалето ја победи токму Барселона.
Покрај во напад Дуарте игра и во одбрана, со што ќе се засили и одбраната на „црвено-црните”. Дуарте има 91 настап за репрезентацијата на Португалија и постигнато 283 гола. Сезонава во францускиот шампионат постигна 34 погодоци, а лани постигна 50 гола. .
Дуарте играше и на ЕП 2022 година за Португалија и постигна осум гола. Португалците не ја минаа првата фаза откако од нив подобри беа Холандија и Исланд.
За новата сезона Вардар веќе ги потпиша средниот бек Божо Анѓелиќ од Црна Гора и десниот бек Нејц Цехте од Словенија.
Вардар веќе го освои Купот на Македонија, а има уште две кола до заверка и на 15. титула во домашното првенство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баерн се распрашува за Осимен

Виктор Осимхен е мета на Баерн, објави „Кориере дело Спорт“. Според овој извор Баерн би платиле за Нигериецот 100 милиони евра.
23-годишниот напаѓач пред две години од Лил се пресели во Наполи за 75 милиони евра.
Минатата сезона постигна 24 гола на 51 натпревар.
Спорт
Погба во сабота ќе потпише за Јувентус

Јувентус и Пол Погба постигнаа договор, тврди „Скај спорт Италија“. Францускиот играч за врска, кому му истече договорот со Манчестер јунајтед и ќе се врати во италијанскиот клуб. Според овој извор, во сабота би требало да се појави на лекарските прегледи, а потоа ќе потпише четиригодишен договор.
Јувентус втор пат ќе го донесе бесплатно Погба од Манчестер јунајтед. Францускиот репрезентативец во 2012 од Манчестер се пресели во Торино, а во 2016 година за 105 милиони евра се врати на „Олд Трафорд“.
Пол Погба во Јувентус ќе ја носи „десетката“.
Спорт
187 гола постигнати на два натпревари

Фудбалската асоцијација на Сиера Леоне (СЛФА) најави покренување истрага за резултатите од два натпревари на кои беа постигнати вкупно 187 голови.
Екипата на Кахунла Ренџерс ја победи Лумбеба јунајтед со 95:0 во втората лига, додека Галф победи против Коким Либан со резултат 91:1. Неверојатните резултати предизвикаа реакција кај тамошните фудбалски власти, особено ако се има предвид дека по 45 минути игра на двата натпревари резултати беа пристојни – 2:0 и 7:1.
Во официјалното соопштение на СФЛА се истакнува дека организацијата почнува истрага за „изведување на сторителите пред лицето на правдата и дека случајот ќе биде темелно истражен“.
Истовремено, интересно е што постигнатите резултати, најверојатно, немаат врска со спортско обложување. Натпреварите почнаа во исто време, а Кахунла Ренџерс и Галф имаа ист број поени во борбата за пласман во елитната дивизија.
Патникот во повисок ранг го требаше да го реши гол-разликата.
Интерсен е и фактот што судијата на мечот Галф – Кокима Ливан одбил да се врати на теренот на полувремето и морал да биде заменет.
#ERFA first division match in Kenema on Sunday 3rd July 2022 saw Kahunla Rangers FC brush Lumbebu United 91 goals to 1.@SLFA_sl has instituted investigations pic.twitter.com/TSMw68Ecdq
— Ransford Maclean (@RansfordMaclea3) July 5, 2022