Спорт
Роџерс: Можеме да го победиме Ливерпул

Вечерва во Премиер лигата ќе се одигра дуелот помеѓу Лестер и Ливерпул. Менаџерот на „лисиците“ Брендан Роџерс смета дека неговиот тим е способен да го порази лидерот на табелата.
Ливерпул немаат пораз во Премиер лигата, имаат неверојатен скор од 16 победи и еден нерешен резултат во 17 одиграни натпревари. Лестер со натпревар повеќе од „црвените“ се втори со десет поени помалку.
„Сите знаеме дека таа низа еднаш ќе мора да се прекине. Зошто ние да не бидеме тимот што ќе ги запре Ливерпул. Такви се нашите планови. Ливерпул се одлични, имаат победнички менталитет но еднаш ќе мора да изгубат. Ќе се бориме до крај, за нас ова е фантастичен меч, ќе играме пртив светскиот и европскиот шампион“, рекол Роџерс.
Натпреварот на „Кинг Пауер“ стадионот ќе започне во 21 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ливерпул најде замена за Нуњез

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот е решен да направи одредени промени во нападот на својот тим, се очекува да си замине Дарвин Нуњез, а како негова замена се споменува Брајан Мбуемо од Брентфорд.
Ливерпул ќе освои титулата во Премиер лигата, веројатно во наредното коло таа и матаметички ќе биде обезбедена.
Најавено е заминувањето на Нуњез, а како негова замена се споменува 25-годишниот Мбуемо, пишува „Дејли мирор“.
Камерунецот е голема желба на Арсенал и за тоа многу се пишуваше во зимскиот преоден рок, но сега тимот од Лондон доби голема конкуренција во Ливерпул.
Во Ливерпул веруваат дека Мбуемо би се вклопил со Мохамед Салах, Луис Дијаз и Диого Жота.
Репрезентативецот на Камерун оваа сезона постигна 18 гола во Премиер лигата.
Тој е „врзан“ со договор со Брентфорд до средината на 2027 година, а според информациите на бројни англиски медиуми е „слободен“ за 60 милиони евра.
Таа бројка не би требало да биде проблем за Ливерпул и Арсенал.
Мбуемо е во Брентфорд од 2019 година, тој пристигна од Троа, Франција. Досега има забележано 237 настапи за премиерлигашот.
Спорт
Сити и Јунајтед заинтересирани за Аклиуш, ситуацијата ја следи и Њукасл

Градските ривали од Манчестер, Сити и Јунајтед, во летниот преоден рок ќе водат голема борба за потписот на десното крило на Монако, Магнус Аклиуш, пишува „Лекип“.
Пеп Гвардиола минатата недела зборуваше во суперлативи за суперталентираниот Французин со алжирско потекло.
Покрај Манчестер јунајтед и Манчестер сити, се претпоставува дека и Њукасл се сериозно заинтересирани за Аклиуш уште следниот ден. Интересот на богатите клубови веднаш влијаеше и висината на обештетувањето.
Раководството на Монако првично проектира откупна цена од 50 милиони евра, но може да добие уште 20 до 30 милиони кога ќе започне лицитацијата.
Спорт
Наполи и Шахтјор почнале преговори за Судаков

Сергеј Палкин, генералниот директор на Шахтјор Доњецк, ја најави продажбата на младиот фудбалер Георгиј Судаков.
Овој млад фудбалер би можел да се пресели во Наполи, а Палкин истакна дека двете страни ги започнале преговорите.
„Да, во преговори сме. Не можам да зборувам за бројки, но верувам дека ќе ја завршиме работата. Ако не ја завршиме работата со клубот со кој преговараме, можеме да го направиме тоа со некој друг клуб. Не сум загрижен за Судаков, тој е еден од најдобрите во светот на својата позиција”, изјави Палкин.
Судаков е играч од средниот ред, за украинската репрезентација веќе одигра 28 натпревари и дефинитивно летово го очекува голем трансфер.
Цената, според информациите со кои располагаат италијанските медиуми, е околу 60 милиони евра.
Доколку Наполи не е подготвен да ја плати споменатата цифра, челниците на Шахтјор ќе преминат на преговори со Јувентус или Брентфорд.