Спорт
Ројс ќе го пропушти СП
Германскиот репрезентативец Марко Ројс нема да учествува на претстојното Светско првенство поради повреда со која се здоби пред неколку дена.
Капитенот на Борусија Дортмунд навистина нема среќа… Откако го пропушти СП 2014, кога Германија ја освои титулата, тој нема да игра и во Катар.
Ројс е една од многуте ѕвезди кои се здобија со повреда пред почетокот на Светското првенство, што е показател за лошата одлука на ФИФА да го игра Мундијалот во текот на зимата.
Поради повреди, Ројс не играше и на Еп во 2016 и 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тони Крос објави крај на кариерата
Тони Крос еден од симболите на Реал Мадрид по завршувањето на Европското првенство ќе стави крај на кариерата.
Договорот на Крос со Реал истекува на крајот од сезона, доби понуда да остане уште една година во Мадрид, но решил да замине во пензија.
Крос крајот на кариерата го објави на социјалните мрежи.
„Беше 17 јули 2014 година – денот на мојата промоција во Реал Мадрид, денот кој ми го промени животот. Мојот живот како фудбалер, но и како личност. Тоа беше почеток на едно поглавје во најголемиот клуб во светот. По десет години, на крајот на оваа сезона, ова поглавје ќе заврши. Никогаш нема да го заборавам овој успешен период. Исто така, оваа одлука значи дека мојата кариера е при крај бидејќи ќе заврши по завршувањето на Европското првенство. Како што кажав и претходно, Реал Мадрид е мојот последен клуб во кариерата“, напиша Крос.
Тони Крос професионалната кароера ја започна во 2007 година во Баерн. Со исклучок на сеозната 2009/201 кога беше на позајмица во Баер Левекузен, во Минхен остана до летото 2014 година кога се пресели во Реал. Со „кралскиот клуб“ ги освои сите трофеи во клупскиот фудбал.
За Реал досега одигра 463 натпревари, постигна 28 голови и забележа 98 асистенции.
Крос со Германија стана светски првак во 2014 година, а четири години претходно го освои третото место.
Спорт
Ракометарот кој му ја донесе првата ЛШ на Вардар заминува во пензија
Иван Чупиќ, со чии гол Вардар ја осови првата титула во Лигата на шампиони, на денешната прес-конференција соопшти дека заминува во пензија.
Легендарниот 39-годишен поранешен хрватски репрезентативец во четврток со Загреб ќе го одигра првиот натпревар од финалето на плејофот на хрватското првенство. Загреб воси со 2:0 во серијата до три победи, бидејќи во предвид се земаат и средбите од регуларниот дел од сезоната и Чупиќ верува дека Загреб ќе победи и дека тоа ќе биде крај на неговата кариера.
Чупиќ најави дека ќе остане во стручниот штаб на тренерот на Загреб, Андрија Николиќ и дека има намера во иднина да стане тренер. Чупиќ
Чупиќ дресот на Вардар го носеше од 2016 до 2021 година, период во кои освои 15 трофеи со црвено-црните, меѓу кои два во Лигата на шампионите.
Во сезоната 2016/2017 со неговиот гол во последната секунда, Вардар на завршниот турни го победи ПСЖ со 24:23 и ја освои првата од двете титули во Лигата на шампионите.
Кариерата ја започна во Метковиќ, а потоа играше во Медвешчак, Виго, Горње, Р.Н. Ловен, Киелце, и Загреб. Дресот на Хрвтаска го носел на 164 натпревари, со која има сребро и бронза од Светското првенство, две сребра и бронза од ЕП и олимписка бронза од ОИ игри во Лондон во 2012 година.
Спорт
Шаховскиот клуб Мулти есенс се квалификува во Втората лига: младинците ја оправдаа довербата
Под закрила и спонзорство на компанијата АЛКАЛОИД АД, оваа година е формиран уште еден шаховски клуб, ШК Мулти Есенс, првенствено за да им се даде шанса на младите шахисти да продолжат да играат шах и да се усовршуваат низ натпревари во екипна сениорска конкуренција. Многу добро е познато дека Шаховскиот клуб Алкалоид е меѓу најуспешните спортски колективи во Македонија, силно етаблиран и добро познат не само во европски рамки (како европски шампион и како вицешампион), но, генерално, и во светски рамки. Во клубот членуваат и најдобрите македонски шахисти (велемајстори и интернационални мајстори), кои се и лиценцирани тренери од ФИДЕ (Светската шаховска федерација) и кои континуирано работат со младите категории шахисти.
На квалификациитe за Втората лига екипата на ШК Мулти Есенс, под водство на велемајсторот Трајко Недев, како капитен, успешно настапи и во конуренција на 18 екипи успеа да се пласира во Втората лига. Во вкупно шест кола одиграни според швајцарскиот систем, ШК Мулти Есенс оствари три победи и две ремија и со само еден пораз, со освоени 8 бода, се пласираше на делба на третото место (според дополнителниот критериум заврши на четвртото место). Покрај првите три тима (екипите на победникот ШК Нов Напредок од Штип, второпласираната ШК Кочани и третопласираната екипа на ЖШК Прилеп), ШК Мулти Есенс ќе настапи во Втората лига, која, во согласност со календарот на натпревари, треба да се игра на почетокот на јули.
Екипата на ШК Мулти Есенс ја сочинуваат:
1. Теодор Јовановски (во 2023 го подели првото место на Државното јуниорско првенство до 18 години)
2. Матео Ефтовски (двократен јуниорски првак до 18 години во 2020 и во 2021 година)
3. Стојан Велкоски (четвртопласиран на Европското аматерско првенство 2022 за ело < 2000)
4. Христијан Цакончев
5. Кирил Николовски (државен шампион во 2023 г. за јуниори до 14 години)
6. Андреј Иванов (државен шампион во 2022 г. за јуниори до 12 години)
7. Дино Табаковски (второпласиран на Европското аматерско првенство 2022 г. за ело < 1800)
8. Стефан Мелник (многу талентиран и посветен шеснаесетгодишен јуниор, кој се натпреварува и во конкуренција на шахисти со оштетен вид, а во јуни ќе учествува на Европското првенство на ИБЦА – International Braille Chess Association – за возрасни).
Новата надградена развојна стратегија ќе овозможи ШК Мулти Есенс да биде одличен полигон на кој младите талентирани шахисти ќе можат да настапат против многу поискусните шахисти и на спортски начин да се докажуваат и да напредуваат, за во иднина да станат дел од сениорскиот тим на ШК Алкалоид!
ПР текст