Спорт
Рома без Пелегрини до крајот на годината
Капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини, немада игра до крајот на оваа година. Пелегрини има повреда на бутниот мускул.
Пелегрини против Торино ја обнови повредата. Рома го доби овој натпревар со 1:0, а Пелегрини играше само 15 минути.
Италјанските медиуми објавија дека Пелгрини ќе паузира од четири до шест недели.
Рома в среда ќе гостува кај Болоња во Серија А.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Буендија во 95-та минута му пресуди на лидерот Арсенал
Лидерот во Премиер лигата падна на „Вила Парк“ во Бирмнигме. Емелијано Буендија, во 95-та минута постигна гол за триумф на Астон Вила над Арсенал 2:1. Аргентинецот им го нанесе на „топџиите“ вториот пораз оваа сезона.
Вила ја имаше првата голема шанса, но Раја имаше фантастична одбрана по ударот на Оли Воткинс во десеттата минута.
Играта беше интензивна на двете страни, потоа Арсенал малку ја презеде иницијативата – голот на Езе беше оправдано поништен поради офсајд, Сако исто така се обиде да упати удар со глава, но топката заврши веднаш до стативата.
Потоа домашните повторно наметнаа свој ритам, а во 36-та минута го видовме најважниот момент од првото полувреме – долг вовед во акцијата, аут од левата страна, Тимбер не реагираше доволно добро и топката заврши на втората статива, а таму Мети Кеш се протна зад Езе и го донесе својот тим во водство.
Арсенал започна уште поагресивно во второто полувреме, а наградата дојде брзо, во 53-та минута, резервистот Леандро Тросар постигна гол. Играчите на Вила загубија топка на средината од теренот, следуваше молскавична контра, Сака во шеснаесетникот дијагонално уфрли, а со малку среќа топката заврши пред Тросар, на кого не му беше тешко да изедначи.
Тросар го постигна 50-от гол во Премиер лигата.
Во 65-та минута, Раја одбрани удар на Воткинс, а четири минути подоцна, Емилијано Мартинез ја исфрли топката преку пречката со врвовите на прстите по феноменалниот удар на Едегор.
Се чинеше дека Арсенал е поблиску до водство, но по грешката на Калафиори, одлична шанса имаше Мален, кој го замени Воткинс. Сепак, шутираше покрај голот од добра позиција.
Тоа означи период на подобра игра на Вила, која заврши со голот на Бунедија.
Foto/ EPA
Спорт
Селекторите молчат – Дали Меси и Роналдо ќе играат на СП?
Двајца најдобри во 21 век се во доцните фудбалски години, што го поставува прашањето за нивниот настап на претстојното Светско првенство.
И Аргентинците и Португалците вешто ги кријат своите карти, без јасни навестувања дали Лионел Меси и Кристијано Роналдо ќе ги закажат своите лебедови песни за следното лето.
„Ќе почекаме додека не одлучи, засега не знаеме ништо. Во принцип, сè оди во вистинската насока. Само ќе ја прифатиме неговата конечна одлука, тоа е реалноста“, беше краток тренерот на светскиот шампион Лионел Скалони.
Неговиот колега, од португалскиот табор, не беше премногу расположен да разговара за жешката тема.
„Како и сите играчи, тој има уште шест месеци до Светското првенство. Моменталното ниво на Кристијано е високо, тој постигна 25 гола во последните 30 натпревари за Португалија и е во добра форма. Ќе почекаме до летото“, рече Роберто Мартинез.
Иако кормиларите се бранат со молчење, сосема е јасно дека двајцата великани едноставно мора да бидат меѓу патниците за Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Тоа би бил рекорден шести настап за Меси и Роналдо на најголемото фудбалско шоу во светот.
Foto/ EPA
Спорт
Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко
На Светското првенство во 2026 година, Бразил доби група по мерак. Во првата фаза петкратните светски шампиони ќе играат против Мароко, Шкотска и Хаити.
Бразил ќе го игра првиот натпревар на 13 јуни 2026 година против Мароко, по што ќе следат средби со Хаити на 19 јуни и Шкотска на 24 јуни.
„Мароко беше многу добар на последното Светско првенство во 2022 година во Катар, стигнаа до полуфиналето, додека Бразил беше елиминиран во четвртфиналето. Шкотска има многу силен тим, ќе биде многу тешко“, рече селекторот на Бразил, Карло Анчелоти.
„Мора да се обидеме да завршиме први во групата. Пред сè, мора добро да се подготвиме за првиот натпревар, кој ќе биде многу важен. Мора да размислуваме за победа на сите три натпревари. Прво против Мароко, што ќе биде најтешко, но и против другите два противници. Мора да имаме самодоверба“, додаде тој.
Бразил ќе одигра два пријателски натпревари во САД во март, против Франција и против Хрватска.
Foto/ EPA

