Спорт
Роналдо е негативен на КОВИД-19, се враќа во недела
Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо доби зелено светло да се врати во својот тим откако имаше негативен тест на КОВИД-19, потврди италијанскиот клуб на нивниот веб-сајт.
„Кристијано Роналдо беше на проверка за КОВИД-19 и резултатот беше негативен. По 19 дена, тој се опорави и веќе не е ограничен за домашна изолација“, се вели во соопштението на Јуве, што значи дека тој во недела може да игра против Специја откако пропушти четири меча.
Заразата на Роналдо помина со многу контроверзи, откако тој беше позитивен за време на настапите за португалската репрезентација и се врати во Торино со посебен „амбулантен авион“, влегувајќи во конфликт со министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора. Покрај тоа, против Роналдо има посебна истрага на локалните власти за прекршување на карантинот.
Тој беше во изолација од 13 октомври, враќајќи позитивни тестови на 22 и 27 октомври, а откако не му беше дозволено да настапи при 0:2 поразот од Барселона во ЛШ, тој на Инстаграм напиша „ПЦР е срање“, по што го избриша коментарот.
Дел од фановите беа загрижени од изгледот на Роналдо при неговите појавувања на социјалните мрежи, посочувајќи дека е ослабен.
COVID19 – Guarito @cristiano ➡️https://t.co/JOgE7nPpz4 pic.twitter.com/ITQW5cVAwB
— JuventusFC (@juventusfc) October 30, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Братот на Никола Јокиќ удрил навивач
Братот на Никола Јокиќ, Страхиња влегол во конфликт со навивач по мечот меѓу Денвер и ЛА Лејкерс.
Нагетс поведоа со 2-0 во серијата, благодарение на кошот, кој со звукот насирената го постигна Џамал Мареј (101:99), но едено видео кое се појави по натпреварот ја шокираше јавноста.
На снимката се гледа како братот на Никола, Страхиња слегува и удира навивач.
На трибините беа и вториот брат на кошаркарот на Денвер, Немања и неговата сопругата Наталија и ќерката Огњена.
Следниот натпревар помеѓу Лејкерс и Нагетс е закажан во Лос Анџелес во петок од 4 часот.
The Jokic bros fighting fans last night 😳
(Via cgallegos67 / h/t @ClutchPoints )
— NBACentral (@TheDunkCentral) April 23, 2024
Спорт
Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните
Дисциплинскиот судија во Серија А експресно ги одреди казните за играчите кои синоќа беа исклучени на натпреварот помеѓу Милан и Интер во 33. коло од Серија А. Интер славеше со 2.1 и ја обезбеди титулата на пет кола до крајот на сезоната.
Капитенот на Милан, Давиде Калабрија, доби црвен картон во 97.минута, откако го удри без топка Давиде Фратези. Тој е суспендиран на два натпревари.
Во петтата минута од судиското надополнување дојде до тепачка помеѓу играчот на Милан, Тео Ернандез и играчот на Интер, Дензел Дамфрис, по што и двајцата добија црвени картони. Тие ќе пропуштат еден натпревар.
Дисциплинскиот судија им изрече и парични казни од по 10.000 евра.
Спорт
Покетино: Лукаку е играч на Челси
Ромелу Лукаку, во целост ја оживеа кариерата во Рома. Клубот има можност да го откупи неговиот договор, но прашање е дали има пари да вложи во трансферот на Белгиецот.
Лукаку не успеа да се наметне во Челси, самиот побара да замине, а неколку пати изјави дека нема намера да се враќа во Лондон. Минатата сезона ја мина во Интер, а оваа е во Рома.
За статусот на курпулентниот Белгиец проговори и тренерот на сините, Маурисио Покетино.
„Тој е играч на Челзи, па ќе обрнеме внимание на него. Ваков став во овој момент има клубот, но се уште немаме донесено никаква одлука“, изјави Покетино.
Лукаку оваа сезона постигна 18 гола на 41 натпревар за Рома во сите натпреварувања.