Спорт
Роналдо ја запали „Бурџ Халифа“ за роденденот на Георгина

Георгина Родригез, девојката на Кристијано Роналдо, доби неверојатен подарок за 28. роденден откога ѕвездата на Манчестер јунајтед потроши илјадници евра во четвртокот за да го постави нејзиниот лик на славната кула во Дубаи, „Бурџ Халифа“.
Тие беа набљудувачи заедно со нивните деца кога името на Георгина се појави на кулата со порака „Среќен роденден, Гео“. „Вака завршува возбудливиот ден. Без зборови сум. Благодарам, благодарам, благодарам, Кристијано. Не можеш да ме направиш посреќна секој ден“, напиша Георгина на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Наполи одбил 90 милиони евра од Арсенал за Осимен

Наполи одбил да го продаде напаѓачот Виктор Осимен на Арсенал, откриваат италијанските медиуми. Раководството на „наполитанците“ ја одбило понудата на англискиот клуб во висина од 90 милиони евра.
Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис процени дека 23-годишниот Нигериец вреди 110 милиони евра.
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, сака да привлече двајца напаѓачи во својот тим откако Пјер-Емерик Обамејанг си замина во јануари, а најверојатно по завршувањето на сезоната клубот ќе го напушти и Александре Лаказет. Иднината на Еди Нкетија е исто така неизвесна.
Спорт
Наполи со триумф против Специја го заврши шампионатот во Серија А

Наполи беше убедлив на гостувањето кај Специја, победи со 0:3 и на убав начин ја заокружи сезоната во Серија А. Тимот на Елиф Елмас не успеа во трката за титулата, но, сепак, успеа да оствари пласман во Лигата на шампионите.
Матео Политано во четвртата минута донесе предност, а Пјотр Зиелински во 25.минута зголеми на 0:2. Диего Деме беше стрелец на третиот гол за „наполитанците“ во 36.минута од мечот.
Спорт
Барса понуди 32 милиони евра за Левандовски, а Баерн бара три милиони повеќе

Полскиот интернационалец Роберт Левандовски е многу блиску до трансфер во Барселона. Како што откриваат германските медиуми, двата клуба не се многу далеку во преговорите околу отштетата.
Барселона е подготвена да плати 32 милиони евра и да го откупи Левандовски кој влегува ви последната година од актелниот договор со Баерн Минхен, а баварскиот клуб бара 35 милиони евра.
Раководството на Баерн Минхен најавуваше дека Левандовски ќе остане и следната сезона на „Алијанц арена“, но сега тоа е малку веројатно.