Спорт
Хонда ќе му дава мотори на Ред бул до 2025!

Советникот на Ред бул рејсинг, Хелмут Марко, открива дека постои договор јапонската Хонда да продолжи да ги снабдува со мотори до крајот на турбохибридната ера во 2025 година.
Хонда почна со партнерството со Ред бул преку јуниорскиот Торо росо (сега Алфа Таури) во 2018 година пред главниот тим да добие мотори во 2019, но по крајот на сезоанта 2021, Хонда се повлече од спортот, а Ред бул си постави сопствена фабрика „Ред бул пауертрејнс“, која ќе ја преземе интелектуалната сопственост на Хонда и ќе го развива моторот, но сега е договорено јапонската компанија да праќа мотори од Јапонија до крајот на 2025 пред во 2026 Ред бул сами да ја преземе работата.
„Имаме целосно поинакво решение од тоа што беше предвидено. Моторите ќе бидат произведувани во Јапонија до 2025, ние воопшто нема да ги допираме. Тие права ќе останат со Јапонците бидејќи од 2026 ќе бидеме новаци. Првично беше предвидено да изградиме наши мотори за 2022, но вака имаме голема предност бидејќи ќе работиме само на дотерувања и на калибрацијата на моторите“, вели Марко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.