Спорт
Роналдо: Жалам што не дојдов порано во Ал Наср

Португалецот Кристијано Роналдо изјави дека жали што не дошол порано во Саудиска Арабија.
Роналдо на крајот на минатата година се пресели од Манчестер јунајтед во Ал Наср и досега има постигнато 40 голови.
Последен пат беше прецизен на четвртфиналниот натпревар од Купот на Саудиска Арабија против Ал Шабаб.
„Многу сум среќен што играм за Ал Наср и се радувам што ќе продолжам да играм за овој голем клуб. Навистина ми е жал што не дојдов порано, но сега сум тука и ќе се обидам да му помогнам на тимот да постигне успех“, изјави Роналдо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лоши вести за Реал, Салиба го продолжи договорот со Арсенал

На големо разочарување на Реал Мадрид, Вилијам Салиба реши да остане во Лондон.
Арсенал успеа да постигне договор со стоперот од Франција и да ја продолжи соработката до 2030 година.
Реал Мадрид го таргетираше францускиот репрезентативец, со цел да го доведе следната сезона за малку пари, со оглед на тоа што неговиот договор со Арсенал истекуваше во 2027 година.
Сепак, „Топџиите“ реагираа брзо и му обезбедија на Салиба нов, петгодишен договор.
Заедно со Габриел, Французинот е единствениот стандарден играч во одбраната на Арсенал. Играчите на позициите лев и десен бек се менуваат, во зависност од тактичките барања на играта, но Микел Артета има целосна доверба во двајцата стопери.
Ова не е крајот на добрите вести за Арсенал. Конечните преговори во врска со продолжувањето на соработката со Букајо Сака се во тек. Англискиот репрезентативец исто така треба да остане на „Емирати“ во следните пет години.
Foto/ „X“
Спорт
Руни проговори за проблемите со алкохолот: Сопругата ме спаси

Легендарниот англиски фудбалер Вејн Руни призна дека имал проблем со алкохолизам.
Руни со години беше кошмар за противничките дефанзивци и голамни во дресот на Манчестер јунајтед, Во подкаст со поранешниот соиграч Рио Фердинанд, тој призна дека долго време се борел со голем проблем.
„Ставав капки за очи и џвакав мастика пред тренинг за да не се забележи. Знаев дека ќе пијам без престан два дена, а потоа ќе доаѓам на натпревар и ќе постигнувам голови. После тоа, повторно ќе продолжам да пијам“, рече Руни и додаде:
„Не сакав да ги оптоварувам другите. Мислев дека можам сам да се справам со тоа, но не можев. Бев во сериозна неволја.“
Неговата сопруга Колин, со која е во врска уште од тинејџерските денови, го извлкла од пробелемите со алкохолот.
„Колин ме познава подобро од кој било друг. Од 17-годишна возраст, таа може да види кога не сум во вистинската насока и секогаш знаеше како да ме запре. Таа ме држеше под контрола. Во некои моменти се прашував зошто постојано ми велеше „немој да го правиш ова, немој да го правиш она“, но денес знам дека таа ми го спаси животот. Искрено верувам дека без неа немаше да бидам жив“, искрено се присети Руни и подвлече:
„Моите грешки се добро познати на јавноста, но дваесет години таа е таа што ме враќа на вистинскиот пат. Без неа, одамна ќе залутав.“
Спорт
Даниела Алексовска повторно ќе ја претставува Македонија на Светското ММА Првенство во Грузија

Само две недели по спектакуларната победа со армбар во првата рунда на “ARMMADA” 14 во Скопје, Алексовска повторно влегува во кафезот – овој пат на највисокото светско ниво: Светското ММА Првенство во Тбилиси, Грузија, од 27 септември до 2 октомври.
Таа ќе се натпреварува во категоријата до 52.2 кг, каде моментално е рангирана 3-та во светот, благодарение на златниот медал кој го освои на Европското првенство годинава.
Ова ќе биде нејзино второ учество на Светско првенство – минатата година во Узбекистан, каде успеа да се избори до бронзен медал.
Во својата група, Даниела ќе се соочи со ривали од Украина, Казахстан, Мексико и Азербејџан.
Заедно со својот тим „The Strongest Скопје“, како и Ивица Алексовски, претседател на Македонската ММА Федерација, и Стефан Пецевски, главен тренер, кои ќе бидат заедно со неа во Грузија, Даниела е решена да ја донесе златната медала во Македонија!