Контакт

Спорт

Руни е заинтересиран да го преземе кормилото на Њукасл

Објавено пред

Навивачите, но и фудбалрите на клубот од „Сент Џејмс парк“ се исклучително незадоволни од работата на актуелниот менаџер на Њукасл – Стив Брус.

Медиумите на Островот пренесуваат дека дошло до судир во соблекувалната меѓу Џамал Ласелс и Ајзак Хајден и дека Управата мора итно да реагира за да ја смири наталожената тензија во клубот.

Се споменува дека е можно, додека меѓу „чавките“ не дојде некое големо тренерско име, новите сопственици би можело да посегнат по привремено решение.

Менаџерот на Дерби Каунти, легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни е заинтересиран да го напушти „бродот што тоне“ и да седне на клупата на Њукасл, пренесуваат тамошните медиуми.

Дерби е во големи финансиски проблеми, практично пред банкрот.

Нема сомнение дека легендата на англискиот фудбал е некој би привлекол внимание со самото тоа што би добил можност да води клуб во Премиерлигата, но проблемот е во неговото скромно тренерско искуство.

Оттука, се чини дека челниците на Њукасл ќе побараат постабилно решение. Се споменуваат имињата на Паоло Фонсека, Стивен Џерард и Унаи Емери.

Спорт

„Марка“: Најскапото промашување на Реал добива нереална понуда!

Објавено пред

Белгискиот репрезентативец Еден Азар во летото 2019 година стана најскапиот играч во иисторијата што потпишал за Реал Мадрид. Тој за 115 милиони евра од Челси се пресели кај „кралевите“. Толкава сума издвоија за него сметајќи дека тој е наследникот на Кристијано Роналдо.

Две и пол години подоцна неговата вредност е шестпати помала. Не игра поради многуте повреди, во лоша форма е и има вишок килограми.

По доаѓањето на „Бернабеу“, одигра само 54 натпревари

Не е тајна дека кралскиот клуб сака да се откачи Белгиецот, пред сѐ, поради големата плата, но тешко е да се најде купувач за играч со толку високи примања, а кој за еден месец полни 31 година.

Шпанска „Марка“ пишува дека за белгискиот ас доаѓа нереална понуда, и тоа од клуб од неговата татковина – Вестерло, лидер на тамошната втора лига.
Сопственикот на клубот, извесен турски бизнисмен Октај Ерчан, вложува големи средства за клубот да влезе во првата лига, а претседателот на клубот изјави:

„Можам да речам дека Еден и јас сме пријатели. Кога играше за Лил, ми вети дека еден ќе заигра за Фенербахче. Вестерло се чини дека е потешко да го привлече Еден, но зошто овде да не ја заврши кариерата“.

Сепак, најверојатно, нема да ја заврши во Реал, барем според она што го вели актуелниот кормилар на клубот – Карло Анчелоти.

„Проблемот за Азар е што има тренер кој фаворизира други играчи“, вели Италијанецот.

Прикажи повеќе...

Спорт

„Ас“: Левандовски сака да си оди од Баерн, ќе се пресели во Реал

Објавено пред

Фудбалерот на Баерн Минхен, кој според многумина неправедно беше изоставен од наградата „Златна топка“, Полјакот Роберт Левандовски (33), по 11 години поминати во Бундеслигата, е блиску до заминување.

Најдобриот стрелец во сите лиги за минатата сезона побарал од својот менаџер Пиниха Захави да го однесе во Реал Мадрид, пишува угледниот шпански „Ас“.

За Левандовски уште од порано постоеше приказна дека сака по секоја цена да ја промени средината и пред крајот на кариерата да заигра во некоја од другите лиги, освен во Бундеслигата.

Полскиот голгетер уште од 2010 година е во Германија. Од тимот на Лех премина во Борусија Дортмунд, а 4 години подоцна премина во Баерн.

За Баварците има одиграно 349 меча со учинок од 319 гола и 67 асистенции.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ериксен повторно тренира, на терените од младоста

Објавено пред

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен им се врати на тренинзите. Тој индивидуално работи на терените на неговиот тим од младоста – дански Оденсе.

Ериксен не се појавил на зелениот терен уште од мечот против Финска на ЕУРО2020 кога се струполи на теренот, по доживеаниот срцев удар.

„Не контактираше и сега тренира сам. За него е природно, затоа што овде играше кога беше млад. Среќни сме што можевме да му излеземе во пресрет“ рече портпаролот на Оденсе.

Ериксен за тој клуб настапуваше до 2008 година, кога се пресели во Ајакс. Потоа следуваа епизоди во Тотенхем и во Интер.

Нему му е забранет настап во Италија поради дефибрилаторот кој му е вгрдаден, а од Интер велат дека му се отворени вратите да побара друг клуб.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет39 минути

Maж облечен како нинџа со меч нападна две полицајки во Франција

Маж облечен како нинџа нападнал со меч и повредил две полицајки во францускиот град Шербур, а досегашните податоци не укажуваат...

Македонија4 часа

333 нови случаи на Ковид-19 и 16 починати за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на...

Македонија4 часа

Граѓаните утре ќе можат да им оддадат последна почит на загинатите во автобуската несреќа

Министерството за надворешни работи информира дека утре (3 декември), во 9 часот, на скопскиот аеродром се очекува да пристигнат посмртните...

Европа6 часа

Курц се повлекува од политиката: Не сум ниту светец, ниту злосторник

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се повлекува од политичкиот живот, објавија австриските медиуми. Курц денеска излезе пред новинарите и најави...

Економија7 часа

Цената на кесите да се зголемува постепено, примената на законот да се одложи, бараат стопанските комори

Заштитата на животната средина и одржливо располагање со ресурсите е важен општествен приоритет, но за оваа цел да биде реализирана...

Македонија9 часа

Јовески: Oбвинителите и судиите да работат непристрасно и професионално

Предизвикот на обвинителите и судиите во битката за обезбедување на владеењето на правото и еднаков пристап до правдата е секојдневен....

Европа9 часа

Зголемени тензиите на Западен Балкан, предупредува Столтенберг

Тензиите на Западен Балкан се зголемени , вклучително и во БиХ и Косово, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг....

Македонија10 часа

Сарафов: Идентификувани се сите 45 жртви од автобуската несреќа на автопатот Струма

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви...

Свет11 час

Гутереш: Затворањето на африканските граници поради омикрон е неправедно

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, рече дека затворањето на границите поради новиот сој на коронавирус омикрон е многу неправедно,...

Македонија1 ден

(Видео) Во СДСМ и во Алтернативата неделава партиски консултации за преговорите помеѓу Заев и Гаши

Се очекува до крајот на оваа недела да се обезбеди усогласување за влез на Алтернативата во Владата. Партиските тела на...

Македонија1 ден

(Видео) Имаме напредок, рече Гаши по средбата со Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Алтернативата, Африм Гаши, по четири часа средба, заедно го напуштија Клубот на...

Македонија1 ден

Нови 410 заразени со Ковид-19, починале 11 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.674 тестирања,...

Свет1 ден

СЗО со прва проценка за омикрон – заразените се со благи симптоми

Раните индикации сугерираат дека повеќето случаи на омикрон имаат благи симптоми, изјави претставник на Светската здравствена организација. Зборувајќи во име...

Македонија1 ден

Владата предлага да се продолжи кризната состојба за уште 6 месеци

Владата го утврди текстот на предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со...

Македонија1 ден

Ковачевски ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ – побара поддршка од членството и граѓаните

Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Тој кажа дека поднел и програма која се базира...

Македонија1 ден

Филипче: Не се исклучува задолжителна вакцинација доколку не помогнат апелите на матичните лекари

Само со апели од матичните доктори, без дополнителни мерки ќе се стимулира вакцинацијата и спречувањето на ширење на коронавирусот. Ова...

Македонија1 ден

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ. Таа кажа дека Димитар Ковачевски има поддршка во кандидатурата од...

Свет1 ден

Eксперти: Новиот сој на коронавирус омикрон може да биде најава за крај на пандемијата

Новиот сој на коронавирус омикрон е откриен во Јужна Африка, а потоа следат повеќе информации од оваа земја во кои...

Македонија1 ден

Утрово два земјотреса во Кичево

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Македонија1 ден

Стартува забраната за бесплатни пластични кеси

Од денеска стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки. Пластичните кеси ќе чинат 15 денари за...

Досие