Спорт
Русинките имаа +5, на крајот спасуваа реми со Франција
Русинките не успеаја целосно да се одмаздат на Французинките за поразот во финалето на Евро 2018, откако пропуштија водство од пет гола во првото полувреме за да одиграат тешко 28:28 реми, со кое двете репрезентации се поблиску до пласман во полуфиналето на ЕП во Данска и Норвешка.
Русинките имаа многу подобро прво полувреме и водеа со 12:7 во првото полувреме, пред Французинките да го намалат ова водство на три гола (19:16). Во второто полувреме, Александра Лакрабер и Естел Нзе го најавија камбекот и помогнаа Франција да поведе со 24:23, за на крајот Русинките со гол во последните секунди на Олга Фомина да извлечат реми.
Нзе и Осеан Серсиен Уголин беа најефикасни кај Франција со пет гола, додека Владлена Бобровникова, Јулија Манагарова и Антонина Скоробогатченко имаа по пет гола за Русија. Вечерва се игра нордиското дерби меѓу Данска и Шведска, за кои ова е прв меч во втората рунда, додека Французинките и Русинките играа и вчера.
ЕП РАКОМЕТ 2020, 2. ФАЗА
ГРУПА 1
Франција – Русија 28:28 (16:19)
Данска – Шведска 20.30 ч.
Табела: 1.Русија 7, 2.Франција 7, 3.Данска 2, 4.Шведска 1, 5.Шпанија 1, 6.Црна Гора 0.
WATCH: @rushandball ?? in control: watch this assist by Vladlena Bobrovnikova closely! ?#ehfeuro2020 #handballispassion pic.twitter.com/G6Kf1IXVlH
— EHF EURO (@EHFEURO) December 11, 2020
WATCH: SAVE by Amandine Leynaud! ?♀️@FRAHandball ??#ehfeuro2020 #handballispassion pic.twitter.com/73NDnhhce7
— EHF EURO (@EHFEURO) December 11, 2020
WATCH: Great goal from @lacrabere64 at a time when @FRAHandball ?? need it#ehfeuro2020 #handballispassion pic.twitter.com/IroCi5U9Pb
— EHF EURO (@EHFEURO) December 11, 2020
WATCH: Brilliance from Kseniia Makeeva ? @rushandball ??#ehfeuro2020 #handballispassion pic.twitter.com/3ylYXImjhD
— EHF EURO (@EHFEURO) December 11, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

