Спорт
Само бод за Јувентус во Верона

Јувентус и во вториот натпревар оваа сезона не успа да ја победи Верона. Вечерашниот дуел на „Бентегоди“, заврши со резултат 1:1. Јувентус ова дополнително го оддалечи од борбата за титулата. „Старата дама“, има седум поени помалку од лидерот Интер.
Верона и Јувентус, на „Бентегоди“, одиграа квалитетен натпревар, а головите беа постигнати во второто полувреме. Во првиот дел Верона се закани преку Фараони, чии удар заврши во дирекот, а најдобрата шанса за Јувентус ја имаше Рамзи.
На стартот од вториот дел, во 49.минута, Киеза му асистираше на Роналдо, кој го постигна својот 19 гол оваа сезона. Израмнувањето дојде во 77.минута, кога Верона го искористи периодот во кој играше добро. На центаршутот од Лазовиќ одлично реагираше Барак кој го постави конечниот резултат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Бразил ја декласира Јужна Кореја

Бразилската фудбалска репрезентација ја победи Јужна Кореја со 5:0 во пријателски натпревар одигран во Сеул.
Екипата на Карло Анчелоти ја демонстрираше својата сила против една од најдобрите азиски селекции.
Двојни стрелци за „селесао“ беа Естевао (13, 47) и Родриго (41, 49), додека еден гол постигна Винисиус Жуниор (77).
Со играта, Бразил потсети на најдобрите денови на оваа репрезентација, Родриго, Естевао, Куња, Винисиус правеа што сакаат на теренот.
Foto/ EPA
Спорт
Галатасарај добил покана за НБА Европа

Техничкиот директор на Галатасарај, Дурсун Озбек, потврди дека овој клуб добил покана да игра во НБА Европа.
„Добивме покана за НБА Европа. Минатиот месец бевме во Женева на покана на ФИБА“, рече Озбек, објави „Јурохупс“.
„Тие сакаат Галатасарај да биде дел од оваа лига. Сè уште не е завршено, но добивме покана од организаторите. Ќе ја информираме јавноста за секој понатамошен чекор“, објасни Озбек. У
ште еден состанок меѓу ФИБА, Евролигата и НБА се одржа во Женева оваа недела. Изминатите неколку недели доаѓаат сè повеќе вести за новото натпреварување.
Во четвртокот, „Јурохупс“ дури објави и информации дека новото натпреварување би можело да започне веќе во 2027 година, дека ќе има 16 екипи, од кои 12 ќе имаат долгорочни договори, додека четири места ќе бидат отворени за квалификации.
НБА планира нови состаноци за следната недела во Лондон, кога треба да се сретнат со потенцијални инвеститори и партнери.
Спорт
(Видео) Дончиќ ја избра најдобрата атмосфера во Европа

Лука Дончиќ се подготвува за новата сезона со Лос Анџелес Лејкерс. Словенецот најде време да гостува во емисијата “First we feast”, каде што јадеше пикантни крилца.
Словенечкиот кошаркар добро се сеќава на атмосферата од Евролигата, играше во многу сали, но една му остави посебен впечаток.
Дончиќ сè уште се сеќава на лудилото што го создадоа навивачите на Панатинаикос кога го носеше дресот на Реал.
„Србија, Грција и Турција имаат најдобра атмосфера. Најжешката атмосфера во која играв беше кога му гостувавме на Панатинаикос. Не можев да ги слушнам моите соиграчи. Натпреварот започна и губевме со 20:0.“
Дончиќ ја освои Евролигата со Реал во својата последна сезона во Европа, а потоа беше прогласен за најмлад МВП во историјата на ова натпреварување. После тоа, тој отиде во Далас, а оваа година стана член на Лејкерс.
Luka says Panathinaikos has the best crowd he has ever played at
YT/firstwefeast pic.twitter.com/ys8GsJt9Ci
— Luka Updates (@LukaUpdates) October 9, 2025