Спорт
Санчо веќе кажал дека оди во Јунајтед, Реал ја одбиле понудата за Варан
Манчестер јунајтед се блиску до комплетирање на една од најголемите трансфер-саги во поблиската историја, откако повеќе англиски медиуми тврдат дека се договориле со Борусија Дортмунд за Џејдон Санчо за фантастична сума од 90 милиони евра и дополнителни 10 милиони евра во бонуси.
Личните услови Санчо веќе ги договори со „ѓаволите“, како и договорот на пет години со заработувачка од 350.000 фунти неделно, а „Сан“ објавува дека тој веќе им кажал на соиграчите од англиската репрезентација дека трансферот е готова работа.
Сепак,сите планови на Оле Гунар Солскјер не одат толку „лесно“, откако се верува дека Реал Мадрид ја одбиле понудата од 50 милиони фунти за францускиот дефанзивец Рафаел Варан, кој самиот сака да примора трансфер. Реал бараат 80 милиони фунти за Варан, што е малку нереално бидејќи Французинот има уште една година од договорот и се верува дека Јунајтед гледаат алтернатива во Пау Торес од Вилјареал, кој би ги чинел околу 60-тина милиони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Кејн спречи сензација во Минхен
Три минути го дела Мајнц од најголемата сензација сезонава во Бундес лигата, но Баерн сепак успеа да се спаси од пораз. Хари Кејн со гол од пенал во 88-та минута не дозволи последно пласираниот тим на табелата да победи во Минхен.
Баерн поведе во 29-та минута со голот на суперталентираниот Ленарт Карл, но во судиското продолжение во првото полувреме, Потулски израмни.
Во 67-та минута, Ли Џе Сунг ја шокираше „Алијанц Арена“ со гол за водство на гостите, но во 88-мата минута, Хари Кејн постигна гол од пенал и ги постави конечните 2:2.
Мајнц, убедливо најслабиот тим во Бундеслигата оваа сезона, остана со само една победа, и со седум освоени бода.
Ова беше втор нерешен резултат за Баерн во 14 кола, но имаат убедлива предност на врвот, девет поени повеќе од Лајпциг и Борусија Дортмунд.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Лаутаро со гол и асистенција го врати Интер на првото место
Интер е лидер на табелата во Серија А по 15 одиграни натпревари. Интер го искористи киксот на градскиот ривал Милан, 2:2 против Сасуоло и со победата на „Мараси“ во Џенова (1:2) се искачи на челната позиција на табелата. Џенова, по две победи и нерешени, го зашиша првиот пораз под водство на Даниеле Де Роси.
Интер поведе во шестата минута. Јан Бисек шутираше од работ на шеснаесетникот по додавањето на Лаутаро Мартинез.
Аргентинец постигна гол во 38-та минута. Мартинез е незапирлив оваа сезона, досега постигна 16 гола и има пет асистенции.
Џенова успеа да возврати во 68-та минута и да внесе малку неизвесност во овој дуел. Одличен соло пробив направи Витиња, се најде еден на еден со голманот и излезе како победник.
До крајот на мечот Интер без поголеми проблеми успеа да се одбрани.
Foto/ depositphotos
Спорт
Катрин Лунде во голем стил замина во пензија – Норвежанките ги обединија светската, европската и олимписката круна
Женската ракометна репрезентација на Норвешка петти пат во историјата стана светски првак. Норвешка, во финалето на 27-то Светско првенство, ја победи Германија со 23:20 (11:11). Со победата во Ротердам, Норвежанките ги обединија трите круни, сега се актуелни европски, светски и олимписки шампионки. Германките можат да бидат горди на она што го постигнаа бидејќи стигнаа до светскиот медал, прв од 2007 година.
Катрин Лунде имаше 15 одбрани, Хени Рајстад постигна шест, Тејл Дејл пет, Нора Мерк и Ингивлд Бакеруд по три гола. 45-годишната голманка Лунде, на јадобар начин ја заврши кариерата во националниот тим, совкупно 21 медал од големите натпреварувања, а од светските првенства има седум медали, три од нив се златни.
За Германија, Катарина Филтер имаше девет одбрани, Емили Фогел, Виола Летер и Алина Гриселс постигнаа по четири гола.
Норвешка стигна до финалето во стилот на казнена експедиција. Имено, само Црна Гора успеа да избегне пораз во четвртфиналето со разлика помала од десет гола.
Во финалето влегоа како големи фаворити, но Германките скапо ја продадоа кожата. Пред се одиграа фантастично одиграа во , особено во беа добри во првиот дел, кога Норвешка никако не можеше да најде ритам во нападот.
Стартот на вториот дел, првите седум минути беа клучни за конечниот исход, во тој период Норвашка направи серија 4:1.
Германија стигна до 17:17, но тогаш на сцена стапи Рајстад, голманката Лунде и десното крило Ауне. Таа ги постигна последните два гола на мечот за Норвашка.
Во борбата за бронзениот медал, Франција ја победи Холандија во Ротердам со 33:31, по продолженија.

