Спорт
Сари ќе биде новиот тренер на Јувентус

Англиските и италијанските медиуми тврдат дека во текот на денот Маурицио Сари ќе биде промовиран во нов тренер на Јувентус, откако челниците на Челси решиле да го ослободат од обврските менаџерот кој во финишот на сезоната ја освои Лига Европа.
Сари во Јувентус ќе го наследи Масимилијано Алегри и ќе потпише до говор до јуни 2022 година со „страта дама“. Челси како обесштетување ќе добијат четири милиони евра.
60 годишниот Сари само една сезона се задржа во Челси. Сезоната проткаена со многу проблеми тој ја заврши со трофеј во Лига Европа, што е прв за него во кариерата, а успеа и да им обезбеди на „сините“ место во Лигата на шампионите. Челси во Премиер лигата сезоната ја завршија зад Манчестер сити и Ливерпул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Флуминензе и Борусија одиграа без голови на клупскиот Мундијал

Фудбалерите на Борусија Дортмунд и Флуминензе одираа натпревар без голови на Светското клупско првенство во САД.
Дерби натпреварот од првото коло од Групата Ф на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси заврши со најнепопуларниот резултат, 0:0. Секогаш е интересно и неизвесно кога се натпреваруваат Германците и Бразилците, но овој пат играчите на им двата тима останаа должни на фудбалските фанови.
И за овој натпревар немаше голем интерес кај навивачите, на стадионот со капацитет од малку повеќе од 80.000 седишта, имаше точно 29.755 гледачи.
Фудбалерите на Флуминензе, шампионот на Јужна Америка од 2023 година, беа нешто поопасни, особено во второто полувреме кога голманот на Борусија, Грегор Кобел, се истакна во неколку ситуации. Особено во 70-та минута кога Евералдо имаше добра шанса.
Капитен на тимот од Рио де Жанеиро беше легендарниот бразилски репрезентативец и поранешен дефанзивец на Милан, Пари Сен Жермен и Челзи, 40-годишниот Тијаго Силва.
19-годишниот Џоуб, помладиот брат на англискиот репрезентативец и фудбалер на Реал Мадрид, Џуд Белингам, дебитираше за тимот на Нике Ковач. Тој пристигна од Сандерленд за околу 30 милиони евра. Влезе во игра во 59-та минута наместо Паскал Грос.
Јужнокорејскиот Улсан ХД и Мамелоди Сандаунс од Јужна Африка играат во истата група вечерва на полноќ.
Во второто коло на 21 јуни ќе играат Мамелоди Сандаунс – Борусија Дортмунд (18.00) и Флуминенсе – Улсан ХД (24.00).
Спорт
Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа противниците во Конференциската лига

Фото/ ффм.мк
Македонските тимови Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се соочат во првото квалификациско коло во Конференциската лига.
Вардар од можните четири притивници го доби најпосакуваниот, фудбалскиот клуб ла Фиорита од Сан Марино.
Силекс во првата квалификациска рунда ќе се соочи со црногорскиот претставник Дечиќ, додека Работнички доби противник од Белорусија, фудбалскиот клуб Торпедо.
Бидејќи не беа носители, македонските тимови, првите натпревари ќе ги играат на домашен терен.
Првите натпревари ќе се одиграат на 10, а реваншите на 17 јули.
Спорт
Велшки предизвик за Шкендија во првото квалификациско коло

Шампионот на Македонија, Шкендија, во првото квалификациско коло, во Лигата на шампионите ќе се соочи со првакот на Велс, ТНС:
Првиот натпревар ќе се одигра на 8 или 9 јули во Македонија, а реваншот е на програмата една недела подоцна во Велс.
Шкендија и ТНС играа во 2018 година, исто така во првото квалификациско коло. Шкендија победи дома со 5:0 (четири гола постигна Ибраими), а ТНС во реваншот беше на чекор до сензација, победи со 4:0