Спорт
Сари: На моменти сум збунет од овој Јувентус
Јувентус нема победа на последните три натпревари во Серија А, но и покрај тоа има комотна предност на челната позиција. „Старат дама“ има седум бода повеќе од Аталната, осум од Лацо и девет од Интер кој вечерва гостува кај СПАЛ и може да ја намали разликата.
Јувентус во Реџо Емилија против Сасуоло по само 12 минути имаше предност од два гола, но на крајот Алекс Сандро спаси бод за својот тим. Бразилецот во 64 минта израмни на 3:3, а 20 минути подоцна од гол-линијата ја исфрли топката во поле по ударот на Бога.
„Тренерот од својот тим очекува конзистентност, а ние физички и ментално тоа го немаме. Имавме одлични моменти, но и моменти што не можам да ги разберам. На моменти имам впечаток дека овој тим има огромен потенцијал, а на моменти сум целосно збунет бидејќи играчите му дозволуваат на противникот премногу лесно да влегува во нашиот шеснаесетник. Мораме да најдеме баланс, тоа не е лесно“, рекол тренерот на Јувентус Маурицо Сари по натпреварот.
Јувентус на последните три натпревари освои само два бода (пораз од Милан 4.2, реми со Аталанта 2:2 и реми со Сасуоло 3:3).
„Игравме против тимови кои се во одлична форма. Сасуоло победи на последните четири натпревари, доколку се консолидираат во иднина можат да бидат како Аталанта“, заклучил Сари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Лазаров го објави списокот за ЕП
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави списокот на ракометари за престојното Европско првенство во Данска.
Лазаров, првиот собир го закажа за 22.декември (понеделник) со почеток во 13:30 часот во хотел Александар Палас.
На спиското нема изненадувања, на континеталниот шампионат Македонија ќе настапи со најдобрите.
Македонија на ЕП, во првата фаза ќе игра против Данска, Португалија и Романија.
Список на повикани ракометари:

Foto/ EPA
Спорт
ПСЖ победи во сите пенал серии од доаѓањето на Луис Енрике
Откако Луис Енрике дојде на клупата на Пари Сен Жермен, „Светците“, четири пати беа на пенал рулетот и сите четири пати излегоа како победници.
Тие го одржаа својот 100% учинок во пенал-серијата во среда, со победата во финалето на Интерконтиненталниот куп против Фламенго, благодарение на Матвеј Сафонов.
Рускиот голман го воодушеви светот – одбрани четири од пет обиди на играчите на Фламенго.
Така се здоби со етикетата херој на натпреварот, се потруди да го одржи ПСЖ недопирлив кога станува збор за оваа фаза од играта. Претходно, под водство на Енрике, ПСЖ излезе како победник уште три пати по серија пенали.
Првиот пат беше во раната фаза од Купот на Франција против Ленс (1:1, 4:3), вториот пат беше против Ливерпул во Лигата на шампионите кога Џанлуиџи Донарума блескаше (не толку колку Сафонов) за победа на ПСЖ (4:1 на пенали, по нерешено 1:1 во два натпревари).
Третото изведување пенали на Парижаните во оваа серија го одбележа актуелниот прв чувар на мрежата, Лукас Шевалие, во натпреварот за трофејот од Европскиот Суперкуп против Тотенхем на почетокот. Актуелниот европски првак пенал рулетот го доби со 4:3, откако претходно натпреварот заврши 2:2.
Тешко е да се каже дали Енрике е одговорен за оваа серија, бидејќи голманите и фудбалерите се тие кои директно го создаваат резултатот, но неоспорен факт е дека до доаѓањето на шпанскиот тренер, ПСЖ во седум пенал серии доживеа пет пораази.
Foto/ depositphotos
Спорт
Левандовски го одјави Интер Мајами
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски не сака да ја продолжи кариерата во Интер Мајами, објави италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо. Левандовски е договорно обврзан со Барселона до крајот на оваа сезона и ќе одлучи за својата иднина откако ќе истече договорот. Романо додава дека, исто како и Левандовски, германскиот напаѓач Тимо Вернер нема да се приклучи на Интер Мајами.
Полјакот има 37 години, а оваа сезона постигна осум гола во 17 настапи и асистираше двапати.
Ова му е четврта сезона во Барселона, за која досега играше многу добро. Има 164 настапи и постигна 109 гола. Пред да пристигне во Барселона, Левандовски играше за Баерн, за кој постигна 344 гола, и за Борусија Дортмунд, за која постигна 103 гола.
Интер Мајами е клубот на Лионел Меси (38). Сопственикот Дејвид Бекам успеа да го убеди Меси да дојде во Флорида пред две години, и оттогаш полека се гради тим од пријателите на Меси. Следната сезона таму ќе бидат Родриго де Пол и Луис Суарез, додека Серхио Бускетс и Џорди Алба ги завршија кариерите.
Интер Мајами ги освои своите единствени трофеи во оваа ера на Меси. Тоа се МЛС Купот и Купот на Американската лига. Меси беше прогласен за МВП на МЛС две сезони по ред.
Foto/ depositphotos

