Спорт
Сари: Никогаш не би живеел во Англија, но ми недостасува Премиер лигата
Маурицио Сари во интервју со официјалниот Јутјуб канал на Јувентус открива дека имал „конфликтни“ односи со фудбалерите на Челси, објаснувајќи дека „никогаш“ не би живеел во Англија, но дека му недостасува Премиер лигата
Сари една сезона беше на клупата на Челси, обезбедувајќи трофеј од Лига Европа и пласман во Лигата на шампионите, но веднаш се врати во Италија како замена на Масимилијано Алегри во Јувентус.
„Колку што одиш повисоко на скалите, потешко е да имаш лични односи со фудбалерите. Во соблекувалната на Челси имав конфликтна ситуација, но кога им кажав дека ќе си одам, многумина од фудбалерите плачеа. Јас не сум личност која тапка некого по рамото и зборувам многу кога ќе направи некој грешка и малку кога ќе направи добра работа. Но, мислам дека оставив впечаток на некои од фудбалерите и тие кои размислуваат за пензија ме прашуваа совети за тоа како да станат тренери“, вели Сари.
Иако не е љубител на англискиот животен стил, 61-годишниот тренер признава дека се вљубил во фудбалот во Премиер лигата.
„Имате чувство дека младите луѓе имаат многу повеќе шанси во Англија, и тоа не само во фудбалот. Но, никогаш не би живеел таму и не сфаќам како Италијанците се селат таму. За фудбалот, тоа е поинаква приказна. Ми недостасува Премиер лигата, бидејќи таму има неверојатно техничко ниво и единствена атмосфера Никогаш не слушнав навреди од гостинските навивачи, кои од тебе бараат фотографија и стадионите секогаш се полни. Тоа е фантастично“, додава Сари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Кристал Палс го згази Манчестер јунајтед
Фудбалерите на Кристал Палас го декласираа Манчестер јунајтед со 4:0, во последниот натпревар од 36. коло на Премиер лигата. удбалерите на Кристал Палас ја забележаа четвртата победа на последните пет натпревари во Премиер лигата.
Од првата минута забележливо беше дека играчите на Манчестер јунајтед не се „во натпреварот“. Како изгледаа на теренот можат да бида задоволни со поразот од 4:0.
Дебаклот го најави Мајкл Олисе во 12.минута. .
Истиот играч десет минути подоцна имаше уште две убави шанси, а во 40. Жан Филип Матета ја удвои предноста на домашните.
На почетокот на вториот му беше поништен гол на Јунајтед, а потоа започнаа да се редат шансите пред голот на Андре Онана.
Еберечи Езе, Тајрик Мичел и Вил Хјуз, не успеаја да реализираат, но во 58. минута споменатиот Мичел зголеми на 3:0.
Точка поразот на Јунајтед стави играчот кој ја започна серијата, Мајкл Олисе во 66. минута. До крајот на мечот Одсон Едуард ја погоди стативата.
Палас е 14. на табелата со 43 бодови, додека Јунајтед е осми со 54 бодови, исто колку и седмопласираниот Челзи.
Јунајтед во следното коло ќе го пречека Арсенал, додека Палас ќе гостува кај Вулверхемптон.
Спорт
Бјелица доби отказ
Фудбалскиот клуб Унион Берлин соопшти дека му ја врачил оставката на хрватскиот тренер Ненад Бјелица по серијата лоши резултати во Бундес лигата.
Челниците на Унион решија да го заменат Бјелица по поразот од Бохум (3:4) во 32. коло од Бундес лигата.
Хрватскиот тренер го презеде тимот од Берлин во ноември минатата година, откако беше отпуштен oд Урс Фишер.
Унион Берлин моментално е на 15. место на табелата во германскиот шампионат со 30 бодови.
Во соопштението на клубот се наведува дека тимот до крајот на сезоната ќе го води Марко Гроте.
„Со нетрпение го очекувам предизвикот и убеден сум дека ќе успееме да избегнеме испаѓање од Бундеслигата. Добро го познавам нашиот тим и знам дека сме способни за опстанок“, изјави Гроте, а пренесува официјалниот сајт на клубот.
До крајот на сезоната во Бундеслигата, Унион следната сабота му гостува на Келн, а потоа на 18 мај на домашен терен го пречекува Фрајбург.
Спорт
Баркли: Јокиќ е најдобриот странец на сите времиња во НБА
Легендата на НБА, Чарлс Баркли многу го почитува центарот на Денвер, Никола Јокиќ.
И додека се очекува српскиот кошаркар по третпат наскоро да биде прогласен за МВП во НБА караванот, Баркли го пофали Јокиќ како гостин во подкастот на Шенон Шарп.
Долго време се сметаше дека Германецот Дирк Новицки е најдобар странец во НБА, но Баркли мисли поинаку.
„До доаѓањето на Јокиќ, Дирк беше најдобриот странец во историјата на НБА“, вели Баркли.
Инаку, Новицки, кој доживеа ѕвездени моменти со Далас, има по една титула и едно МВП признание.