Спорт
Саудијци понудиле 3,2 милијарди за Ливерпул
Конзорциум од Саудиска Арабија наводно е серизоно заинтересиран за купување на фудбалскиот клуб Ливерпул, пренесуваат британските медиуми.
Пред Светското првенство во Катар, сопствениците на Ливерпул, „Фенвеј Спортс Груп(ФСГ)“, објавија соопштение во кое објавија дека се отворени за нови инвеститори во клубот. Ова не значи строга продажба на целиот пакет акции, но во меѓувреме стана јасно дека, доколку добијат задоволителна понуда, ќе бидат подготвени целосно да го напуштат Ливерпул.
Наддавањето сега започна и вредноста на клубот се проценува на над 3.000.000.000 долари, што е 10 пати повеќе од цифрата што ФСГ ја издвои во октомври 2010 година за купување на Ливерпул.
Пред неколку години беше незамисливо инвеститорите од Саудиска Арабија да прават бизнис на британска територија поради, сомнежите дека Саудиска Арабија финансира одредени терористички групи, но оттогаш ситуацијата е подобрена и односите меѓу двете земји се солидни. Со одобрение од Фудбалската асоцијација на Англија саудиски конзорциум да го преземе Њукасл.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Во сообраќајна несреќа тешко повреден Бабнгида, брат му загина, сопругата и детето се во критична состојба
Поранешниот нигериски фудбалер Тијани Бабангида (50) имал тешка сообраќајна несреќа на автопатот во Нигерија, а во несреќата загинал неговиот три години помлад брат Ибрахим.
Тијани, неговата сопруга, син и куќна помошничка, кои исто така биле во автомобилот, со тешки повреди биле примени во болница.
Некои медиуми тврдат дека Тијани е свесен, а остатокот од семејството сѐ уште е во критична состојба, но закрепнува.
Тијани Бабангида беше репрезентативец на Нигерија од 1994 до 2004 година и играше на Светското првенство во 1998 година, а најголема трага во клупскиот фудбал остави во Ајакс во периодот од 1996 до 2003 година.
Тијани моментно е претседател на Здружението на професионалните фудбалери на Нигерија. Фудбал играше и трагично загинатиот Ибрахим. Најмногу играше за африкански клубови, но стигна и до холандски Волендам.
Спорт
Евролига: Прочида најдобар млад играч
Кошаркарот на Алба од Берлин, Габриеле Процида е прогласен за најдобар млад играч на Евролигата, објавено е на веб-страницата на елитното натпреварување.
Прочида е третиот Италијанец кој ја освоил престижната награда, по Андреа Барњани (2005/06) и Данило Галинари (2007/08).
Талентираниот кошаркар имаше голема конкуренција за наградата, особено од неговиот соиграч од Алба и сонародник Матео Спањоло.
Сепак, тој имаше поголема улога во тимот, поради што и го доби признанието кое го изгласаа тренерите на екипи во Евролигата.
Оваа сезона имаше просек од 8,3 поени, 1,6 скока и 1,4 украдени топки.
Сезонава 10 пати имаше двоцифрен учинок, а најдобра партија ја имаше против Макаби, кога мечот го заврши со 22 поени и три украдени топки.
Спорт
Дест се враќа во Барселона – ПСВ нема да го откупи неговиот договор
Сержињо Десет како позајмен од Барселона во ПСВ ја освои титулата во Холандија со клубот од Ајндховен. Сепак ПСВ нема да го откупи неговиот договор и покрај тоа што во клубот биле задоволни од неговите изданија. Причината е повредата на коленото од која репрезентативецот на САД се уште не се рехабилитирал.
Дест во јуни ќе се врати во Барселона каде ќе ја продолжи со рехабилитацијата по операцијата на коленото во Холандија.
Дест се пресели од Ајакс во Барселона во 2020 година, вкупно за Барселона одигра 72 натпревари и постигна три гола.
Тој минатата сезона замина на позајмица во Милан, незадоволен од својата минутажа во Барселона, а оваа сезона ја мина на позајмица во ПСВ.
Се очекува тој да се врати на терените на почетокот на 2025 година.