Спорт
Саудиска Арабија, Египет и Грција со заедничка кандидатура за СП 2030
Саудиска Арабија, Египет и Грција сакаат заеднички да бидат домаќини на Светското првенство во 2030 година. Турнирот ќе се одржи повторно во зима доколку биде избрана нивната понуда.
Британски „Тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, тврди дека заедничката понуда на Саудиска Арабија, Египет и Грција за домаќини на мундијалот ќе биде официјално објавена во рок од неколку недели. Одлуката е донесена по преговори на владино ниво.
Доколку овие земји го добијат правото да бидат домаќини на Светското првенство во 2030 година, Саудиска Арабија ќе покрие дел од трошоците за подготовка на инфраструктурата во Египет и во Грција.
Трите земји ќе бидат сериозни конкуренти на заедничката кандидатура на Шпанија и Португалија, која е поддржана од УЕФА. Саудиска Арабија, Египет и Грција претставуваат три различни конфедерации и се очекува да бидат поддржани од Азија, Африка и некои европски земји.
Четири јужноамерикански земји, Уругвај, Аргентина, Чиле и Парагвај, исто така се пријавија за домаќини на Светското првенство во 2030 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Клоп: Само во два случаи можете да имате проблем со Салах
Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, ги изнесе своите ставови за конфликтот меѓу Мохамед Салах и Арне Слот, односно раководството на Ливерпул. Клоп, кој го донесе Салах во Ливерпул и го водеше седум години, рече:
„Сите сме многу под влијание на нашето минато, како сме воспитани и каде сме пораснале. Мо многу рано знаеше дека мора да работи понапорно од другите. Тој секогаш напредува и никогаш не запира. Тоа е неговиот начин на размислување. По секоја летна пауза, тој се враќаше со некоја нова вештина. Беше како цело време да тренирал, на пример, еден вид додавање“, изјави Клоп за Би-би-си.
„Се туркавме еден со друг за да бидеме сигурни дека никогаш нема да застанеме. И никогаш не застанавме. Подигнувањето на трофејот од Премиер лигата нè поврза за цел живот. Ќе се памети како еден од најголемите на сите времиња“, продолжи Клоп.
На прашањето дали е тешко да се води Салах, односно да се биде негов тренер, Клоп одговори: „Не би рекол дека е лесно да се води, но не е ни тешко. Проблеми со Салах имате само ако не игра или ако го извадите од игра“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Шампионот шампионски – Еурофарм Пелистер го победи Вардар 1961
Еурофарм Пелистер му го нанесе првиот пораз на Вардар 1961 во домашниот шампионат. Во 16-то коло, актуелните шампиони ги победија црвено-црните со 28:23.
Пк терпапијата и сметана на тренерот Рубен Гарабаја се покажа како успешна за Еурофарм Пелистер. Во вечното дерби славеа над Вардар 1961 и се вратија в трката за шампионската титула.
Дербито беше израменто до 23.та минута, кога домашниот тим ја презеде контролата и на полувреме замина со предност 13:10.
Во средишницата на вториот дел Еурофарм Пелистер ја достигна максималната предност од шест гол (21:15). Неколку пати Вардар потоа се доближи на минус од четири гола, но избраниците на Иван Чупиќ не успеаја да ја оспорат победата на Пелистер.
Актуелнит шампион до победата го предводеа Радивојевиќ со девет, Кузмановски и Пешевски со шест гола и голманот Хеидарирад со 12 одбрани.
Вардар го предводеа Хориха и Митровиќ со по пет голови.
Foto/ EPA GEORGI LICOVSKI
Спорт
Пењароја е наследник на Жељко Обрадовиќ
Шпанскиот стручњак, Џоан Пењароjа ќе биде новиот тренер на КК Партизан, објавија речиси сите српски медиуми. Клубот засега негира дека постигнал договор со Шпанецот. Партизан е тренер откако Жељко Обрадовиќ поднесе оставка.
По оставката на Обрадовиќ, тимот го предводеше неговиот помошник Мирко Оцокољиќ. Под негово водство, Партизан го победи Баерн во Евролигата и Клуж во АБА лигата.
Според медиумите, Пењароjа официјално ќе стане тренер на Партизан во петок, по натпреварот со Црвена звезда во Евролигата.
Шпанецот и Партизан се договориле соработката да трае до 2027 година.
Пењароjа (54) е тренер со богато искуство на елитното европско ниво, ги водеше Барселона, Басконија и Валенсија, а најголемите успеси ги забележа со Бургос, со кого освои две титули во Лигата на шампионите (2020, 2021) и Интерконтиненталниот куп на ФИБА.
Пењароjа, пред еден месец, поради лошите резултати доби отказ во Барселона.
Foto/ freerangestock

