Спорт
Саудиските долари не се закана за европските клубови, вели шефот на УЕФА
Европските клубови не треба да стравуват од егзодус на ѕвездите во Саудиска Арабија, смета претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, оценувајќи дека арапската земја прави голема грешка со скапи инвестиции во ѕвезди кои се пред крајот на кариерата.
Кристијано Роналдо и Карим Бензема добиваат плати од стотини милиони долари, а слични понуди одбија Лионел Меси и Лука Модриќ, четири фудбалери кои имаат најмалку 35 години. Јавниот инвестициски фонд (ПИФ), компанија во сопственост на кралското семејство, овој месец ја презеде контролат на четирите најдобри саудиски клубови и се очекува да се трошат уште многу пари. Чеферин не е загрижен.
„Мислам дека тоа е грешка од саудискиот фудбал. Зошто? Бидејќи е потребно да инвестираат во фудбалски академии, во кои ќе донесат тренери за да ги развиваат своите фудбалери. Системот на купување на играчи кои се на крајот на својата кариера не е систем кој го развива фудбалот. Слична грешка направија во Кина пред неколку години“, вели Чеферин.
Дидие Дрогба беше првата ѕвезда која замина во Кина во 2012, по што следеа ѕвезди како Никола Анелка и Фредрик Кануте. Но, во последните години, инвестициите во кинеските клубови драстично се намалија.
„Кажете ми е еден фудбалер кој е на врвот, со вистинска кариера кој сака да игра во Саудиска Арабија? Не се работи за парите, фудбалерите сакаат да победат во врвните натпреварувања, а тие се во Европа“, додава Словенецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вардар преку баражот избори опстанок во Првата лига
Фото/ facebook.com/FKVardarSkopje
Фудбалерите на Вардар и наредната сезона ќе се натпреваруваат во Првата македонска фудбаска лига. Попладнево на стадионот „Младост“ во Струмица, славеа во баражот за опстанок против Детониот со 2:0 (2:0).
Вардар на теренот во Струмица, пред голем број свои навивачи покажа дека е поквалитетен тим од Детонит.
Во првото полувреме ги реши сите дилеми околу победникот.
Еден блиц криг во периодот од 42. до 45.минута им беше доволен на црвено-црните да ја обезбедат победата кога мрежата на Детонит ја погодија Ѓуриќ и Шушњара.
Спорт
(Видео) Саутемптон се врати во Премиер лигата
Саутемптон експресно се врати во Премиер лигата. Во финалето на плеј-офот на „Вембли“, пред повеќе од 85.000 гледачи, Саутемптон го победи Лидс јунајтед со 1:0 (1:0).
Натпреварот „вреден“ 178.000.000 фунти, беше извореден и на трибините и на теренот.
Саутемптон натпревар го доби со голот на Адам Амстронг во 24.минута. За напаѓачот на „светците“ ова беша 24. гол оваа сезона.
Тимот предводен од клупата на Шкотланѓанецот Расел Мартин реши иницијативата и поседот да му ги препушти на Лидс и шансите да ги бара преку контранападите. А „Светците“ се бранеа доста добро и организирано.
Предноста можеа да ја зголемат во 68. минута, но Ендози од 15 метри шутираше над голот на Лидс.
Лидс имаше фантастична можност за израмнување во 84. минута, кога Даниел Џејмс шутираше силно од повеќе од 20 метри, Саутемптон тогаш имаше голема среќа, топката од гредата се одби во поле.
Да потсетиме, минатата сезона од Премиер лигата испаднаа Лидс и Саутемптон, заедно со Лестер. „Лисиците“ се вратија во елитата како првопласирана екипа на Чемпионшип, покрај нив директен пласман избори Ипсвич, а Саутемптон преку плеј-офот. Од Премиер лигата испаднаа Лутон, Барнли и Шефилд јунајтед.
Спорт
Леклер прв пат во кариерата победи во Монако
Возачот на Ферари, Шарл Леклер е победник на трката во неговиот роден град, Големата награда на Монако. Второто место го освои возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, а најниското скалило на подиумот му припадна на уште еден член на Ферари, Карлос Саинц.
Леклерк до ова неделно поладне никогаш не победил во својот град. Денес ја забележа петтата победа во кариерата, прва по пауза од речиси две години.
Трката беше многу специфична, бидејќи на почетокот имаше страшен инцидент (сосема невообичаен за Монте Карло), во кој Серхио Перез остана неповреден. Покрај него трката ја завршија возачите на Хас, Кевин Магнусен и Нико Хулкенберг, а поради дург инцидент на стартот од трката се повлече и Естебан Окон од Алпин.
Веднаш беше истакнато црвено знаме, трката беше прекината. Од оваа одлука најмногу профитираше Карлос Саинц, кој на стартот погреши, излета од патеката, ја дупна гумата, но некако успеа како 16. да дојде до боксот.
Дирекцијата на трката реши на рестарот сите да бидат на пизициите од квалифкациите.
На крајот како што стартуваа така и завршија, бидејќи црвеното знаме сите го искористија за да ја извршат задолжителната промана на пневматиците.
Бодови во Монако освоија Ландо Норис (Мекларен), Џорџ Расел (Мерцедес), Макс Ферстапен (Ред Бул), Луис Хамилтон (Мерцедес), Јуки Цнода (РБ). Алекс Албон (Вилијамс) и Пјер Гасли (Алпин).