Спорт
Саво Милошевиќ ќе биде новиот селектор на Босна и Херцеговина

Саво Милошевиќ (50), легендарниот српски стрелец до крајот на неделата ќе биде назначен за селектор на Босна и Херцеговина, пишуваат тамошните медиуми. Додаваат дека Милошевиќ се договорил на состанокот со претседателот на Фудбалскиот сојузот Вицо Жељковиќ и директорот на репрезентацијата Звјездан Мисимовиќ.
Милошевиќ се прослави како напаѓач на Партизан и Србија, но е роден во Босна, поточно во Бјелина и таму живеел до својата 16. година и кога се преселил во Партизан.
Тој ќе биде трет селектор на БиХ од почетокот на годинава. Фарук Хаџибегиќ ја водеше репрезентацијата од јануари до јуни, а Мехо Кодро само 45 дена и на само два натпревари.
Бидејќи репрезентацијата немаше селектор, спискот за евроквалификациите, на 13 октомври во Лихтенштајн и три дена подоцна против Португалија во Зеница, го состави Фудбалскиот сојуз. .
Сепак, додаваат медиумите од БиХ, во креирањето на тој список учествувал и Милошевиќ, кој ќе ја води репрезентацијата на тие натпревари.
Ова ќе биде само трет тренерски ангажман за прославениот фудбалер, по двегодишна пауза. Од март 2019 година, 18 месеци се задржа на клупата на Партизан, а потоа, само четири месеци, до октомври 2021 година, неуспешно ја тренираше љубљанска Олимпија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Незадоволство во Наполи: Чувствуваме дека сме ограбени
„Чувствуваме дека не ограбија, тоа е единственото нешто што може да се каже по вакво судење“, изјави претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис по домашниот пораз од Интер (0:3).
Клубот од Милано со победата во Неапол се врати на првата позиција на табелата со 35 поени, Наполи се петти со 11 поени помалку од лидерот.
„Судијата Давиде Маса немаше своја вечер. Тој направи неколку клучни грешки, сите на наша штета. Тоа влијаеше на резултатот“, изјави првиот човек на Наполи и воедно ги повика челниците на италијанскиот фудбал и судискиот комитет да реагираат на случувањата на стадионот „Диего Марадона“.
Во исто време, Де Лаурентис му забрани на новиот тренер на неговиот тим Валтер Мацари воопшто да се појави пред новинарите бидејќи според него, новиот тренер на клубот од Неапол бил уште полут од него по судењето на дерби натпреварот.
Спорт
Шефилд јунајтед го отпушти тренерот

Шефилд јунајтед, најлошиот тим во Премиер лигата му врачи отказ на менаџерот Пол Хекингботом. Ова е прв отказ сезонава во Премиер лигата по 14 одиграни натпревари.
Шефилд јунајтед моментално е на последното место на табелата со само пет бода и гол-разлика 11:39.
Според информациите на британски „Телеграф“, клубот веќе донел одлука да ангажира Крис Вајлдер, кој од 2016 до 2021 година го водеше тимот.
Тој го донесе клубот од третата лига во Премиер лигата, но дојде до меѓусебен прекин на соработката во март 2021 година поради лоши резултати. Оттогаш ги водеше Мидлсброу и Вотфорд.
Спорт
Леклер го продолжи договорот, Ферари преговара и со Саинц

Шарл Леклер го продолжил договорот со Ферари, објави „Газета дело Спорт“. возачот од Монте Карло потпишал договор до 2029 година.
Истиот извор пишува дека неговата плата од сегашните 25 милиони евра годишно ќе се зголеми на максимални 50 милиони евра. Излезната клаузула во договорот ќе биде активна дури по третата година (крајот на 2027 година).
„Газета дело Спорт“, тврид дека Ферари преговара и вториот возач Карлос Саинц, неговиот договор исто така истекува на крајот на следната година.
Шпанецот сака двегодишен договор, а Ферари се уште ги разгледува опциите, вклучувајќи ја и онаа која вели дека би можеле да се обидат да го донесат Ландо Норис по 2025 година.
Од друга страна, ако не остане во Ферари, се отвораат опции за Саинц во Ред Бул, Ауди и Мекларен (ако Норис замине).
Леклерк беше петти оваа сезона, Саинц седми, а новата сезона во Формула 1 започнува на 2 март 2024 година во Бахреин.